АД ВЕРБУМ
Злосторство – Шест месеци од убиството на Александар Протогеров
Злосторство – Шест месеци од убиството на Александар Протогеров450 денSelect options
Злосторство – Шест месеци од убиството на Александар Протогеров
Злосторство – Шест месеци од убиството на Александар Протогеров(76) Книгата е напишана во 1929 година, шест месеци по убиството на членот на ЦК на ВМРО, генералот Александар Протогеров, на 7 јули 1928 година по наредба Иван Михајлов, исто така член на ЦК на ВМРО. Авторот книгата ја напишал како реакција на објавената книга од страна на приврзаниците на Иван Михајлов „Зошто беше убиен Александар Протогеров“, во 1928 година во Софија. Убиството на Александар Протогеров се случило во крајно заострени односи меѓу него и Иван Михајлов, како членови на ЦК на ВМРО…
450 денSelect options
Зошто беше убиен Александар Протогеров
Зошто беше убиен Александар Протогеров800 денSelect options
Зошто беше убиен Александар Протогеров
Зошто беше убиен Александар Протогеров(78) Во воведот на книгата, анонимниот автор, односно автори, заземајќи страна на Иван Михајлов, ја истакнува и целта што сака да се постигне со објавувањето на книгата: да се распространат заблудите што кружат во јавноста за убиството на А. Протогеров; и да и се даде можност на „вистинските пријатели на македонската ослободителна борба“, да ги проценат објективно настаните околу убиството на А. Протогеров. Преку расветлувањето и изнесувањето на фактите и документите и нивно анализирање, се дава можност „секој чесен човек“ да донесе правилно мислење за причините за убиството на А. Протогеров, кој, според мислењето на авторот на книгата, А. Протогеров бил „егзекутиран“, во името на „високите интереси на Внатрешната македонска револуционерна организација, верен заштитник на интересите на поробена Македонија“. Притоа, во книгата, преку фактите и документите, авторот настојува да „се стави крај на легендата за ‘величината’ и значењето на Протогеров за Македонското ослободително движење“.
800 денSelect options
Зошто дојдовме?
Зошто дојдовме?(38) Војводата Панчо Михајлов – Чавдар одржал величествен говор пред ќустендилските граѓани, обраќајќи им се со зборовите:
„Ние доаѓаме од земјата на вечните солзи – Македонија, балканската голгота… Таму во Македонија ние со успех водиме борба на живот и смрт со онаа бесна власт што го носи валканото име ‘српска’, со онаа византиска управа што се нарекува ‘грчка’ и со многу други непријатели на македонската слобода. Нашите позиции таму се непробојни, затоа што целото население застана под знамето на ВМРО, кое единствено војува за слободата на Македонија, зашто маките и солзите ни се заеднички. Борбата за слободата на Македонија ќе ја водиме додека зората на слободата не огрее и над таа, колку измачена, толку убава земја“.
150 денSelect options
Избрани раскази
Избрани расказиПо избор и редакција на Халил Зендели, во оваа збирка раскази, претставени се осум автори на раскази: Шкелзен Халими, Халил Зендели, Шазим Мехмети, Авни Халими, Хајрула Мисини, Хајри Шаќири, Бурханедин Џемаили и Бејтуш Мехмети.
350 денSelect options
Избрани раскази
Избрани расказиИзбор на раскази од авторите: Шукру Рамо, Мустафа Карахасан, Суреја Јусуф, Махмут Киратли, Фахри Каја, Реџеп Бугарич, Ѓулер Селим, Авни Енѓулу, Авни Абдулах, Мустафа Јашар, Алаетин Тахир, Суат Енѓулу и Енвер Илјас.
450 денSelect options
Изведба на објекти од високоградба
Изведба на објекти од високоградба3,000 денSelect options
Изведба на објекти од високоградба
Изведба на објекти од високоградбаНапишана од тим автори со децении искуство во архитектурата, градежништво, инженерство, и предавање, „Изведба на објекти од висока градба: начела, материјали и системи“ претставува опсежен, целосно илустриран вовед во градежните методи и материјали. Оваа пионерска книга беше развиена и дизајнирана за употреба како учебник и незаменлива професионална референција. Уникатната организација на книгата дозволува несекојдневно истражување на изведбата на висока градба. Начелата во градежништвото се опфатени во првиот дел, додека пак материјалите и системите се опфатени во вториот дел.
3,000 денSelect options
Илинденското востание
Илинденското востание(07) Авторот ги анализира причините поради кои, според него, бил попречуван успехот на Илинденското востание. Хаџи Димов ги пишувал овие страници од македонската историја, од македонската судбина во тоа време, со надеж и со сопствена визија како треба да се оди напред во разрешувањето на македонското прашање со сите негови аспекти. Илинденското востание е еден голем историски факт од историјата на македонските револуционерни борби. Или како што ќе забележи авторот: За секој Македонец Илинденското востание претставува дел од неговиот живот – до таа мера тоа е поврзано со неговото сеќавање и со неговата душа. Едноставно, Илинденското востание е дефинирано како востание со чисто народен карактер, како величествен израз на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода.
150 денSelect options
Индиго
ИндигоСликовити, полни животни искуства куси раскази, да речеме Чеховски економични, оти со малку раскажуваат многу, цел еден тридецениски транзициски период кој како индиго ја отсликува душата на младоста. Секоја приказна е роман на единката, негова хронологија од раното детство до зрелоста, четврт век неизвесност.
Имињата на ликовите се многу повеќе од симболични, тие се исцртани карактери на типични ликови од транзицијата, како и насловите на приказните од чиј микрокосмос се чита макрокосмосот на планетарните милениумски промени, кои го голтаат човештвото како Бермудски триаголник. Во збирката раскази собран е шмекот на скопските кафулиња, збиралишта на добронамерни и злонамерни, пркосни и пакосни скопски и белосветски фаци, низ чии судбини се преплетува нишката на љубовта, единственото нешто кое светот го прави убаво место за живеење.
Татјана Алексиќ
300 денSelect options
Искуство со транспортот
Искуство со транспортот„Два од најоригиналните мислители во транспортот – Гарисон и Левинсон – ги здружиле силите за да создадат една навистина единствена книга. Додека повеќето научници ги истражуваат проблемите со транспортот од различни дисциплинарна перспектива, овие двајца самопрогласени ’транспортери‘ низ дваесет и осум широкоопсежни поглавја раскажуваат за едно ново дисциплинарно гледиште кое во центарот го има транспортот и преку кое економските, политичките и технолошките прашања може да бидат разгледани
со едно сосема поинакво светло.“ – Брајан Д. Тејлор
1,000 денSelect options
Историја на Александар Велики Македонски
Историја на Александар Велики Македонски350 денSelect options
Историја на Александар Велики Македонски
Историја на Александар Велики Македонски(13) Напишана од непознат автор, преведена од Христо П. Василев Протопопович и публикувана во Букурешт во 1867 година. Во оваа нова публикација за прв пат објавена на македонски јазик се следи херојскиот освојувачки живопис на еден од најголемите освојувачи во светската историја македонскиот крал – Александар III Македонски. Во публикацијата за прв пат пред македонската читателска публика и на македонски јазик се нуди оваа интересно дело.
350 денSelect options
Историја на грчко-турскиот сојуз против ВМРО
Историја на грчко-турскиот сојуз против ВМРО150 денSelect options
Историја на грчко-турскиот сојуз против ВМРО
Историја на грчко-турскиот сојуз против ВМРО(05) Рефератот на Динев всушност е една историја на сојузување на две институционализирани сили кои со меѓусебна поддршка воделе борба против Внатрешната македонска организација и историја на нивните интереси, едната (турската) да си ја зачува власта на територијата на Македонија, а другата (грчката) да си ги реализира своите пропагандни цели на истата оваа територија и да се наметне со своето влијание.
Авторот го започнува рефератот со констатацијата дека народот којшто води борба за слобода е должен да ја познава сопствената историја, да ги знае фактите од кои е составена. Македонскиот народ има своја историја и таа му вдахнува вера за утрешниот ден.
150 денSelect options
Историја на македонско-одринските доброволци – Том 1
Историја на македонско-одринските доброволци – Том 12,500 денSelect options
Историја на македонско-одринските доброволци – Том 1
Историја на македонско-одринските доброволци – Том 1(43) Првиот том е поврзан со основањето на Македонско-одринското ополчение – Доброволство во 1912 и 1913 година и нивната дејност во текот на Првата балканска војна.
Македонската читателска публика ќе се здобие со извонредна монографија целосно посветена на Првата балканска војна, пишувана врз основа на автентични изворни материјали од прва рака. Во студијата Дарвингов поместил бројни документи, одделни во вид на факсимили, писма, фотографии, заповеди, скици и слична фактографија. Со тоа, несомнено дека публикувањето на македонски јазик на првата студија на Петар Дарвингов „Историја на Македонско-одринските доброволства“, ќе претставува прекрасен прилог кон бугарската, а уште повеќе за македонската историски наука, особено корисна за воените историографи.
2,500 денSelect options
Историја на македонско-одринските доброволци Том II
Историја на македонско-одринските доброволци Том II2,500 денSelect options
Историја на македонско-одринските доброволци Том II
Историја на македонско-одринските доброволци Том II(67) Дел I + Дел II
Полковникот Петар Дарвингов во својство на началник на Штабот на Македонско-одринските доброволци или ополченски дружини 15 на број, во публикацијата во вториот том од „Историјата на Македонско-одринските доброволци“ изворно ни ги прикажува настаните поврзани со Втората балканска војна. Таа војна е позната и како Меѓусојузничка војна, затоа што довчерашните балкански сојузници се испокарале меѓу себе за нова прераспределба на македонски територии. Така довчерашните сојузници се прегрупирале, меѓу себе се испокарале, што овозможило да се создаде нова антибугарска коалиција. По Лондонскиот мировен договор, бугарската армија, меѓу нив и македонските над 15.000 доброволци, организирани во 15 ополченски-доброволни дружини, односно три бригади откако го напуштиле Одринско забрзано пристигнуваат во источниот дел на Македонија.
2,500 денSelect options
Историја на револуционерно дело во Македонија – Прилепско
Историја на револуционерно дело во Македонија – Прилепско450 денSelect options
Историја на револуционерно дело во Македонија – Прилепско
Историја на револуционерно дело во Македонија – Прилепско(60) Георги Трајчев преставува значаен извор за историјата на одделни македонски региони, за манастирите и старините во Македонија, а сепак најповеќе за неговиот роден град Прилеп со околината, односно во Прилепско.
Публикацијата започнува со прикажување на ослободителните напори и движење во Прилеп, особено во Прилепско од средината на втората половина на XIX век. Сето тоа поврзано со желбата и идејата за послободен политичко-демократски живот Георги Трајчев ги регистрирал и првите револуционерни елементи во Прилеп и Прилепско, како што биле прилепските доброволци (ополченци) во Руско-турската војна.
450 денSelect options
Историски пакет – 1+2
Историски пакет – 1+2Историски пакет – 1+2
И по толку години од нивното издавање, овие две дела на Џидров сè уште се актуелни и ден денес со тематиките кои ги обработуваат.
- Единството во македонското движење – Петар Џидров
- Проблемот за Македонија – Петар Џидров
150 денSelect options



