АД ВЕРБУМ
Сексуална азбука
Сексуална азбукаСтанува збор за четиво од А до Ш за читатели од приодот на адолесенцијата, па сè дури трае виталниот, сексуален живот. И сè тече, сè се менува само сексуалноста останува вечна енигма, никогаш доволно истражувана, разбрана и научно докажана. Сексуалното здравје е исклучително важно за севкупниот психофизички развој на човекот, но стереотипите, стравот и срамот, се пречка за решавање на сексуалните проблеми, на кои не ретко се надоврзуваат и други психофизички непријатности.
400 денВо кошничка
Слободата и тиранијата во Македонија
Слободата и тиранијата во Македонија150 денВо кошничка
Слободата и тиранијата во Македонија
Слободата и тиранијата во Македонија(51) Авторот ги истакнува славните подвизи на македонските комити и нивната одлучност никогаш да не потклекнат пред помоќниот непријател. Прави паралели со состојбите во Османлиската Империја и е убеден дека одлучноста за пркос кон новите владетели е присутна и тлее кај секој Македонец. Истиот тој пркос е присутен во секоја битка, во секој облик на отпор кон актуелната распределба на македонската земја, кон секој оној кој се обидува да ги направи Македонците тоа што не се.
150 денВо кошничка
Смртта во Рим
Смртта во РимДелото на извонреден начин успева да ги прикаже историските случки поврзани со Холокаустот, конфликтите меѓу различните генерации, но и чувството на вина, тага и жал, претворени во тишина кога треба да се зборува за минатото.
Главните ликови на некој начин го прикажуваат лицето на Германија, уморно, повредено, тажно, виновно после огромното крвопролевање и тешката војна од која никој не излегува како победник.
250 денВо кошничка
Сомничавиот кадија
Сомничавиот кадијаВремето на раскажуваната приказна во романот е лоцирано на втората половина од седумнаесеттиот век. Ова временска рамка, авторот, ја кажува индиректно (по смртта на Паскал, периодот на Луј Четиринаесетти, и др.). Точките врз кои се преплетува настанот, кодовите над кои се раслојува семантичкото значење, над кои се преклопуваат и се откриваат приложените рефлекси се: грабежот на Анамата на Субашата од гратчето (претставник на отоманската власт во имагинарниот албански град), пештерите и легендите за пештерата, ѕидовите на една градба која оди кон завршетокот и останува на половина пат…
350 денВо кошничка
Спомени
Спомени(70) Секој човек е приказна за себе, но приказна и за другите. Приказната продолжува да живее кога ќе биде раскажана, кога ќе биде запишана, а особено откако таа ќе биде објавена. Андон Лазов Јанев – Ќосето, покрај тоа што е приказна за себе, во исто време е дел од големата приказна за македонската револуционерна борба од крајот на XIX и почетокот на XX век.
Спомените, поради своите недостатоци, често се неотпорни на критиката, меѓутоа, од друга страна, тие имаат и свои предности бидејќи содржат информации кои не може да ги замени ниту еден друг извор.
450 денВо кошничка
Српскиот режим и револуционерната борба во Македонија
Српскиот режим и револуционерната борба во Македонија650 денВо кошничка
Српскиот режим и револуционерната борба во Македонија
Српскиот режим и револуционерната борба во Македонија(49) Книгата на К. Прличев е една од најдокументарните изворни сведоштва за српските злосторства во Македонија за време на Балканските војни и првите години од Првата светска војна. Изнесените податоци, списоци и потресните фотографии говорат за геноцидот и невидените злосторства на кој бил подложен македонскиот народ од страна на новите ослободители поробувачи. Македонскиот народ во овој период доживеал огромни погроми, масовни егзодуси, со напуштање на родните огништа, опожарување на огромен број села, невиден терор, колежи, срамни обесчестувања и најразлични опустошувања и злосторства.
650 денВо кошничка
Српскиот шовинизам
Српскиот шовинизам(34) Публикацијата на Бојан Пенев „Српскиот шовинизам…“ целосно е посветена против српската пропаганда во Македонија и прикажувањето на огромната омраза што ја имале Србите кон Бугарите и воопшто сè што било бугарско, но и обратно омраза на Бугарите кон сè што било српско. Уште во предговорот од книгата, кој воопшто не е одбележан, впрочем како и заклучокот (а тие како и главите се регистрирани со римски броеви од I до VIII), Бојан Пенев жестоко се нафрла најпрво на бројните српски фалби присутни само кај Србите, дека кај нив сè е големо „велико“ и дека се тие најзначајните народи во Европа и во светот.
150 денВо кошничка
Стабат матер
Стабат матерСесилија, виолинистка, одвај јаде и не може да спие од немирот кој секоја ноќ се спушта над нејзиниот кревет. Токму затоа таа ги поминува ноќите во еден таен дел од сиропиталиштето, до кој знае да дојде дури и со затворени очи, пишувајќи ѝ писма на својата мајка, која никогаш не ја запознала. Музиката е единственото нешто кое може да и ја понуди толку потребната утеха. За неа музиката е насекаде, во крикот на птиците, во дувањето на ветрот, во звукот на гондолите кои пловат низ безбројните канали на Венеција… но најмногу внатре во неа, во нејзината душа. Доаѓањето на новиот учител по виолина и композитор, Антонио Вивалди, ќе ја натера да размислува за нешта кои никогаш претходно не ги ни помислила. Таа ќе биде неговата а тој нејзина инспирација. Негова за да го создаде делото по кое ќе остане запомнет засекогаш, а нејзина за да го направи најхрабриот избор во нејзиниот живот и да тргне во авантура кон непознатото.
200 денВо кошничка
Страдањата на 323 македонски заточеници во Дијар Бекир: 1903-1904
Страдањата на 323 македонски заточеници во Дијар Бекир: 1903-1904150 денВо кошничка
Страдањата на 323 македонски заточеници во Дијар Бекир: 1903-1904
Страдањата на 323 македонски заточеници во Дијар Бекир: 1903-1904(24) Книгата зборува за страдањата на македонските заточеници и за маченичкото чекорење по ирационалните далечини. Таа е пишувана со едноставен јазик Се спомнуваат многу индивидуи – обични, имени и безимени, нивните постапки, мотиви, болки и страдања.
150 денВо кошничка
Татковци и деца
Татковци и децаАвторот, со леснотија и мајсторство, ја слика феудална Русија, со поетски реализам и имагинација, ја регистрира и ја овековечува руската периферија, отфрлените и не многу среќните луѓе.
Во своите новели ги опишува необичните и интересни типови на руските селани, кои се природно способни и надарени, а во романите, кои се означени и дефинирани како романи на карактерите, го сецира и го анализира општествениот развој на Русија. Притоа, прикажани се најкарактеристичните претставници на руските интелектуалци, нивниот развиток, судбината и односот кон општествената проблематика.
300 денВо кошничка
Телекомуникации и бизнис стратегија
Телекомуникации и бизнис стратегија1,000 денВо кошничка
Телекомуникации и бизнис стратегија
Телекомуникации и бизнис стратегијаТелекомуникации и бизнис стратегија е книга којашто мора да ја прочита секој што цели кон тоа накратко да се запознае со индустријата на телекомуникациите од бизнис и економска перспектива. Гершон црпи од своето 30-годишно академско искуство во областа на индустријата, со цел да му овозможи на читателот многубројни ажурирани информации, увиди и студии на случај. Јас топло ја препорачувам оваа книга на секој којшто држи курсеви по телекомуникациски менаџмент.
1,000 денВо кошничка
Трагедии
ТрагедииТрагедијата што ја исполнува целта (состав на собитија кои ја донесуваат вистината за падот од среќа во несреќа, поради грешка) се обидува, што е можно посовршено, да ја поддражува стварноста разбрана како природа и материјалност. Низ процесот на поддражување се пресоздаваат законите на устројството на природното и се насетува обликот и идеалот зад него.
И покрај релативно малиот број првонаградени дела за време на неговиот живот (4 од 92 дела), Еврипид бил најпрочуениот и најомилен трагичен поет на своето време и на вековите од Антиката, што следат по неговата смрт.
520 денВо кошничка
Трите судски процеси: Прага-Табор-Виена-Милано
Трите судски процеси: Прага-Табор-Виена-Милано900 денВо кошничка
Трите судски процеси: Прага-Табор-Виена-Милано
Трите судски процеси: Прага-Табор-Виена-Милано(42) Трите судски процеси претставуваат „три болни моменти од македонската борба“ по Првата светска војна, кога ВМРО „во своето дејствување против денешното ропство беше принудена да одделува време и да прави дополнителни напори за да го ограничи дејствувањето било на предавници во своите редови, било на други одговорни лица, кои водени од лични побуди, се поставиле во служба на поробувачите на Македонија“.
900 денВо кошничка
Туѓи писма
Туѓи писмаНапишан во 1968 година, а за првпат издаден во 1997 година, скоро триесет години подоцна.
Доколку романот излегол во печат во периодот кога е создаден, секако ќе завршел неславно. Во тоа време ќе го осуделе како „идеолошки пресврт“ и „клеветничка невистина“.
Денес, повеќето гледаат на приказната како носталгија за она доброто што некогаш живеело во душата на луѓето и покрај сите парализирачки надворешни околности.
Со читање на романот се навраќаме на шеесеттите и седумдесеттите години. По неколку прочитани страници, се добива впечаток дека приказната содржи премногу детали.
Но, тоа е само стилската алатка на Александар Морозов.
200 денВо кошничка
Улогата на менаџментот врз зголемувањето на мотивацијата на вработените
Улогата на менаџментот врз зголемувањето на мотивацијата на вработените150 денВо кошничка
Улогата на менаџментот врз зголемувањето на мотивацијата на вработените
Улогата на менаџментот врз зголемувањето на мотивацијата на вработенитеМотивацијата на вработените како клучен сегмент во развојот на работните процеси во една компанија, има за цел да им помогне на менаџерите во нивната организација преку поттикнување на потребите и мотивите на вработените за постигнување на подобри резултати, со што вработените би придонеле за раст и развој на претпријатието во повеќе насоки како што се: зголемување на профитот, подобрување на квалитетот на работа, што резултира со поголема конкуретност а со тоа и успех на претпријатието во бизнисот или „Нема добра организација без добар кадар.“
150 денВо кошничка