Димо Хаџи Димов
Илинденското востание
Илинденското востание(07) Авторот ги анализира причините поради кои, според него, бил попречуван успехот на Илинденското востание. Хаџи Димов ги пишувал овие страници од македонската историја, од македонската судбина во тоа време, со надеж и со сопствена визија како треба да се оди напред во разрешувањето на македонското прашање со сите негови аспекти. Илинденското востание е еден голем историски факт од историјата на македонските револуционерни борби. Или како што ќе забележи авторот: За секој Македонец Илинденското востание претставува дел од неговиот живот – до таа мера тоа е поврзано со неговото сеќавање и со неговата душа. Едноставно, Илинденското востание е дефинирано како востание со чисто народен карактер, како величествен израз на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода.
150 денВо кошничка
Македонското ослободително дело
Македонското ослободително дело(15) Димо Хаџи Димов дава анализа на политичката положба во која се наоѓа Македонија, низ која се гледа неговата извонредна информираност за проблематиката што ја третира. Покрај тоа, тој ги разгледува проблемите на македонското ослободително движење и ги посочува патиштата за ослободување на Македонија, подвлекувајќи дека единствениот пат за постигање слободата на Македонија е востание и револуција.
150 денВо кошничка
Македонското прашање и учителот
Македонското прашање и учителот(19) Во брошурата Хаџи Димов, меѓу првите македонски дејци, јавно проговорува за политичката историја на македонското прашање во Бугарија, сметајќи ги учителите за најпрогресивни фактори и сојузници на македонската ослободителна борба, а со цел изворно да ја сфатат суштината на проблемот за ослободување на Македонија, како и за нивното учество во македонското движење.
Уште на самиот почеток на брошурата Хаџи Димов го соопштува својот став дека „македонското прашање“ е најпопуларно во Бугарија, за кое се „зборува и филозофира“ речиси катадневно од „севозможни претставници на македонската револуционерна мисла“. За значењето на македонското прашање, тој се задржува на две точки: 1. Какво влијание има сегашната положба на Македонија врз Бугарија, и 2. Какви биле односите меѓу македонските организации во Бугарија и во Македонија.
200 денВо кошничка
Поглед на нашиот општествен живот
Поглед на нашиот општествен живот(17) Со темата, Димо Хаџи Димов, како добар познавач на актуелните состојби во Бугарија и на македонското револуционерно движење, педагог и извонреден оратор, силно ги заинтересирал присутните граѓани во преполнетата сала на Дупница. Во брошурата тој дава преглед на актуелната состојба во Бугарија во сите сфери на општествено-политичкиот и економски живот, на секојдневните случувања на обичниот народ од сите фели.
150 денВо кошничка