Домашни автори
50 здравствени совети за првите 100 години од животот
50 здравствени совети за првите 100 години од животот350 денВо кошничка
50 здравствени совети за првите 100 години од животот
50 здравствени совети за првите 100 години од живототДобро едуцираниот пациент постојано работи на подигнување на своето здравје и разбира дека најголем дел од болестите се одраз на несоодветна исхрана, хигиена, животен стил и пад на имунитетот и знае кога треба да го суплементира организмот со додатоци во исхраната.
Добро едуцираниот пациент е бенефит за сите: го штеди своето време, своето здравје и целиот здравствен систем бидејќи не оди на лекар за секоја настинка, течење нос, дијареја, запек или покачена температура и на тој начин се остава повеќе простор за дијагноза и третман на оние пациенти со посериозни здравствени проблеми.
350 денВо кошничка
Ѕид пред бескрајот
Ѕид пред бескрајот„Од првиот прочит ракописот на Стефановски се изделуваше со зрелоста на поетскиот пристап, со суптилноста на исказот и необичната сугестивност на опсесивните артикулации во неговите стихови. Тоа набргу по излегувањето на книгата, за мнозина неочекувано, му ја донесе престижната награда ’Браќа Миладиновци‘, по што авторот се вброи меѓу нејзините угледни избраници“.
400 денВо кошничка
Академик Властимир Николовски и неговиот „Концерт за пијано и оркестар“
Академик Властимир Николовски и неговиот „Концерт за пијано и оркестар“1,000 денВо кошничка
Академик Властимир Николовски и неговиот „Концерт за пијано и оркестар“
Академик Властимир Николовски и неговиот „Концерт за пијано и оркестар“Композиторот Властимир Николовски е еден од најзначајните, најпознатите и најголемите македонски музички автори од втората половина на XX век, творечки дух кој во своите дела создава оригинална синтеза на интелектот, како стремеж кон заокруженоста и прегледноста на формата со бујниот темперамент и интуицијата, кои во неговите дела се покажуваат преку извонредното чувство за ритам и ритмичка пулсација.
„Концертот за пијано и оркестар“ од академик и композитор Властимир Николовски претставува антологиско дело за македонското музичко творештво, заради што, со професорот д-р Томе Манчев, одлучивме детално да го проучиме и да дојдеме до одредени констатации и заклучоци за естетските вредности содржани во делото, како врвен приоритет на секој автор. Но, за да се дојде до финална констатација, потребно е, пред сè, да се проучат: формата, драматургијата, тематизмот од аспект на мелодијата и сите други сегменти произлезени од неа.
1,000 денВо кошничка
Алга надвор од морето
Алга надвор од моретоКнигата претставува избрана поезија на Нехас Сопај, издадена во текот на минатите триесет години која, главно, ја преставува неговата најартикулирана поезија. Во творечкиот опус – поет, прозаист и научен творец – делото го отвора профилот и природата на творечкиот лик на Н. Сопај кое претставува едно од највредните современи албански поетски дела.
Збирката песни се доживува како еден животопис на поетот од неговите почетни стапки кон отворањето и освојувањето на светот околу себе. Внатре во овој временски круг јасно се чита егзалтацијата на првите години од поетските вдахновенија и ескалацијата на разочарувањето од книга до книга за на моменти да звучи како драматично самосожалување.
350 денВо кошничка
Алпинистот
Алпинистот„Алпинистот“ е вториот роман на поетот и раскажувач Еќрем Баша. Во првиот, „Вратите на молкот“ фабулната оска, иако мазна и доста редуцирана, во поновиот роман е позбирна, поконцентрирана во една точка: единствениот лик, Алпинистот. Читателот во улога на некој лик можеби ќе стапне на дотогаш неосвоениот врв на планината а што тој цели да го совлада – со име Момина Карпа, а можеби и гратчето од каде тргнува Алпинистот, чие присуство во сижето на романот е само како еден шепот и озборување исфрлени во воздух, но кои како сенка ќе го следат чекор по чекор. Алпинистот сонува да го совлада врвот. За него ова е главна, единствена, посакувана животна цел. Врвот, меѓутоа, праќа сигнали за несовладливост: тој го има одбиено, подбиено и казнето во минатото секој таков претендент…
300 денВо кошничка
Бројачи
Бројачи„БРОЈАЧИ“ е неверојатен трилер за луѓето со неверојатни моќи- да ја пресметаат патеката на куршумот, движењето на објектите, точките на среќавање.И кога авантурата ќе почне од Њујорк, преку Македонија, Јапонија, за да заврши во Либија во кампот на Пустинските убијци, возбудата е тука.Одличен роман на Оливер Ромевски, нормално во филмски стил.
200 денВо кошничка
Бугарин – националност или професија
Бугарин – националност или професија300 денВо кошничка
Бугарин – националност или професија
Бугарин – националност или професијаВо 2014-та година се појави првиот и единствен научен труд кој го разоткрива феноменот на бугарските пасоши за македонски државјани!
Книга која буквално научно ги обелодени сите потези на бугарската држава од пред сто години до сега, но и сите блокади и барања кои ќе ги постави Република Бугарија на Република Македонија.
Одговор на триесет и шест клучни прашања за Република Македонија! Која е бугарската, а која македонската државна стратегија?
Оваа книга стана одлично четиво на студентите по политички науки. Во самата книга има и специјализирана анонимна анкета направена со Македонци-носители на бугарски државјанства. Во книгата е направено потполно разоткривање на целата структура и корумпирана процедура, која беше голем скандал во 2018 година, а авторот ја истражил и предвидел уште во 2014-та!?
300 денВо кошничка
Букет песни
Букет песниВо книжевноста на турските творци во Македонија најмногу може да се сретнат песните. Ова не е случајно. Од целата турска книжевност, уште на почетокот најголемо место и внимание им се посветило на песните. Исто така, најголем дел од усните книжевни дела ги сочинуваат песните. Во сите книжевни епохи значајно место заземаат песните. Ако појдеме од овој факт можеме да воочиме дека турските творци во Македонија почнуваат со песни во нивното творештво. Преку ова се гледа традицијата која се пренесува илјадници години. После песните, многу значајни биле и кратките раскази. Првите обиди за пишување романи започнуваат во подоцнежни години.
400 денВо кошничка
Букет песни за деца
Букет песни за децаГлавни теми се општествените настани. Големо влијание за ваквата определба е доминацијата на овие теми во текот на првите години по завршување на Втората светска војна. Станува збор за теми од окупацијата, а потоа од изградбата на разурнатата земја. Во оваа книга се поместени творби од млади турски писатели.
Поместените творби во споменатиот избор сведочат за почетокот на една нова малцинска книжевност. Првите турски писатели во Македонија ги користат плодовите на слободниот живот и преродба.
350 денВо кошничка
Буниште од емоции
Буниште од емоцииСè во животот е сместено меѓу две крајности, две дуалности, меѓу две „лепчиња“ кои ја спојуваат душата, емоцијата, чувството, но и опипливото, дофатливото. Главните ликови во книгата „Буниште од емоции“, Том и Венис, во своето двомесечно интензивно човеково доживување, ги минуваат сите Сцили и Харибди на љубовта, но не доволно вешто за да минат на повисокото ниво на восхитување. Љубовта е таа која ги раздвојува нивните Души, кои како Сонце и Месечина постојано го креираат нивното животно патешествие. Но, тоа не е крај. Тие си ветуваат дека постојано ќе останат во комуникација на енергетско ниво. Дали физички ќе бидат (за)едно, ќе покаже времето изразено во човекова димензија.
350 денВо кошничка
Вонземјанинот од наше маало
Вонземјанинот од наше маалоВо една неверојатна авантура, бегајќи од машините пратени да ја заробат, ќе го открие своето супериорно потекло. Одличен научно-фантастичен роман за деца што ќе им ја разгори фантазијата кај вашите најмили, притоа поттикнувајќи ја и креативноста.
150 денВо кошничка
Години на кртот
Години на кртотРоманот претставува потрага, вознемирувачка внатрешна самопотрага, по неговото село, по луѓето од тоа село, по неговиот креативен свет. Во оваа потрага и во хаотичната внатрешна самопотрага претставена е празнотијата на светот, празнина која го исфрла од рамнотежа постоењето на селото кое ги покажува неартикулираните однесувања, дејствата, желбите, соништата, радостите, тагите и болките на селаните. Таа е агресивна, регулаторна празнина чијшто извор не го знае никој, ниту, пак, ја знае нејзината цел; таа е поттикнувач кој се исфрла себеси некогаш како див бран, а некогаш како неочекуван одлив кој се оддалечува во една внатрешна изолација само за уште еднаш повторно да се распрсне, како и секогаш.
400 денВо кошничка
Грст приказни за деца
Грст приказни за децаДецата не сакаат да читаат приказни само со детска тематика. Детската литература, која пред сè е литература, со сите специфики претставува најсофистицирана форма на пишаната литература. Детската литература може да биде и од интерес на читателите од секоја возраст. Бидејќи е читлива и лесно разбирлива поради специфичниот литературен јазик, израз и форма, таа претставува посебен литературен вид.
Литературата за деца го одразува целото богатство во светот на децата, почнувајќи од раното детство сè до крајот на детскиот период, како и чувствителноста на децата за време на детството.
500 денВо кошничка
Дворски песни
Дворски песниУште од прочитот на првите неколку песни од збирката „Дворски песни“ се добива впечаток со мајсторска и интересна лирска изведба која побудува соодветна емотивно – рефлексивна резонанција кај читателот и несмалена љубопитна заинтересираност до последната песна од збирката, небаре е во прашање потрага по продолжение и крај на некоја интригантна приказна која го зграбила со некоја насетена загадочност целото читателско внимание.
150 денВо кошничка
Депа
ДепаМинуциозно исплетен ракопис, книжевните котелци при секој допир предизвикуваат високо ниво на возбуда и уште поголемо задоволство кај читателите. Јасноста на кажувањето без воздржување ѝ пружа рака на јасноста на читателската перцепција и доживување“
400 денВо кошничка