Класици
Берлин Александерплац
Берлин АлександерплацПриказната се однесува на еден ситен криминалец, Франц Биберкопф, штотуку излезен од затвор, кој е навлечен во подземјето. Кога неговиот криминален ментор ја убива проститутката, единствената надеж на којашто се потпира Биберкопф, тој сфаќа дека нема да може да се извлече од подземјето во коешто пропаднал. Тој треба да се справи со бедата, недостатокот од можности и криминалот. Во текот на неговата борба за опстанок против сите настраности, животот го наградува со неочекувано изненадување, но неговата среќа нема да трае долго како што продолжува приказната.
350 денВо кошничка
Госпоѓа Даловеј
Госпоѓа ДаловејНевозможно е, речиси, да се читаат делата на Вирџинија Вулф, а да не се земе предвид периодот во кој тие биле напишани. Тоа било време на разни немири и промени, предизвикани од Првата светска војна, кои, пак, се одразиле на целото општество. Како резултат на тоа, востановениот начин на живот почнал да се распаѓа. Не само што почнале да се менуваат политичките гледишта туку тоа се одразило и на односите меѓу луѓето, зашто општествениот ранг почнал да станува помалку важен.
„Госпоѓа Даловеј“ може да се смета и за еден вид психолошко-терапевтско растоварување и вентил, визија и студија на сјајот и бедата на човечката душа и ум, внимателно расплетување на човечката свест и потсвест, доживување на себе и светот околу себе. Токму овие одлики ја сочинуваат вредноста на овој роман на Вирџинија Вулф.
300 денВо кошничка
Грчки класици 2
Грчки класици 2Грчки класици 2
Безвременски дела – Поетиката на Аристотел е една од најцитираните и највлијателни филозофски расправи што се занимаваат со суштината на уметничкото, воопшто. Дела и дни е верен опис на селскиот живот во сиромашна земја, живот кој на Хесиод му бил добро познат, и за кој утврдува принципи и правила за земјоделците.
- Дела и дни – Хесиод
- За поетиката – Аристотел
400 денВо кошничка
Дела и дни
Дела и дниДела и дни започнува со два големи мита; откако по воведот се споменува Ерида со два лика, Хесиод го раскажува митот за Прометеј и Пандора (45-105), а веднаш потоа преминува на митот за петте рода (106-201) кој смислено се надоврзува на претходниот и претставува заокружување на една од истакнатите идеи на делото.
Определбата на идејата што произлегува од овие два мита е предмет на расправа во науката веќе подолго време. Тука се среќаваме со ново видување кое се противставува на старото, традиционалното.
250 денВо кошничка
Доктор Џекил и господин Хајд – Заливот Фалеса – Остров на гласови
Доктор Џекил и господин Хајд – Заливот Фалеса – Остров на гласови350 денВо кошничка
Доктор Џекил и господин Хајд – Заливот Фалеса – Остров на гласови
Доктор Џекил и господин Хајд – Заливот Фалеса – Остров на гласовиРоберт Луис Стивенсон е човек длабоко заинтересиран за проучувањето на мистериите на животот. Само автор со богато животно искуство може да пишува заплети и фантастични авантури кои го држат читателот напнат од почеток до крај. Неговите романи покрај забавата да се читаат, нудат богато искуство и мудрости собирани во еден краток, но исполнет животен век…
Творештвото на Стивенсон останува да ги импресионира читателите и во XXI век и добива сè повеќе признанија како автор на не само интересни и возбудливи приказни туку и на една длабока анализа за времето во кое живеел и длабочините на животните мистерии и необичноста на човековата природа.
350 денВо кошничка
За поетиката
За поетикатаИ на почетокот на XXI век, Поетиката на Аристотел е една од најцитираните и највлијателни филозофски расправи што се занимаваат со суштината на уметничкото, воопшто, и со трагедијата, потесно. Според неговиот јазик и структура, делото изгледа современо, со наследството на структурализмот и други школи на мислата, од крајот на XX и почетокот на XXI век, за кои е карактеристична висока формализираност на јазикот. Мислата на Аристотел за уметничкото е поблиска до научното одошто до филозофското.
300 денВо кошничка
Лузитанци
ЛузитанциЕпска поема инспирирана и посветена на освојувачките походи на море, од Европа до Индија, на славниот морепловец Васко де Гама, кој е првиот Европеец што стигнал до Индија по прекуокеански пат, сврзувајќи ја Европа со Азија, а со тоа и Западот со Истокот. Имено, неговиот поход ќе остане врежан во светската историја како еден од првите обиди за колонизација на Европа, на Новиот свет и стремежот кон другите континенти, богатства и народи, како и приказна за создавањето на великата лузофонска империја, како своевидна предлошка и матрица на светскиот империјализам.
520 денВо кошничка
Песна за Нибелунзите
Песна за НибелунзитеПесната за Нибелунзите се изделува како најзначајно дело типично за старогерманската херојска поезија. Иако тематски произлегува од старите германски саги за големите јунаци и храбрите витези од времето на преселбата на народите (петти и шести век), овој грандиозен еп (и според обемот и според неговото значење), освен што во себе содржи влијанија на Вергилиевата Енеида, потоа од романот за Тристан, односно од легендите за витезите на кралот Артур, од страна на бројни познавачи на средновековната литература, не без причина, е споредуван и со Хомеровата Илијада.
520 денВо кошничка
Поезија и раскази (избор)
Поезија и раскази (избор)Едгар Алан По е мајстор на креирањето атмосфера во неговите дела. Прави сè за да чувствуваме. Нè шета низ мрачните ходници на својата потсвест, откривајќи ни ги чудовиштата, скриени во темните зандани на нашата потсвест или, пак, можеби на колективната. „Границите што го делат Животот од Смртта, во најмала рака се мрачни и нејасни. Кој може да каже каде завршува едното, а каде започнува другото?“
450 денВо кошничка
Пророкот
Пророкот„Ако сакаш некого, пушти го да си оди, зашто ако се врати, ќе биде засекогаш твој. Ако не, никогаш не бил.“
„Вчера не е ништо освен денешно сеќавање, а утре е денешен сон.“
Ова се едни од најцитираните мисли на Џибран. Впрочем, целото ова дело, секој ред, секоја идеја изобилува со длабока мудрост на која вреди да се потроши време за медитација.
Кога човек ги чита редовите напишани од Халил Џибран, едноставно го исклучува умот и го вклучува срцето. Како врвна поезија, зборовите во „Пророкот“ ги активираат директно емоциите на читателот. И во тој момент додека читаш, сфаќаш дека не ти се обраќа човекот обичен, туку некое повозвишено суштество кое му ги диктирало на авторот зборовите на мудрост и вистина, сеприсутна и безвременска…
250 денВо кошничка
Процес
ПроцесНеговиот најпознат роман „Процес“ претставува комплексно, сложено и повеќеслојно дело. А, земено во целост, сите негови дела се обележани со стравовите, несигурноста и траумите на човековата егзистенција, па токму затоа – и најголемиот број критичари, со право, сметаат дека Франц Кафка и неговото дело му припаѓаат на егзистенцијализмот.
Севкупното дело на Кафка е провокативно, предизвикувачко и фасцинантно. Тоа е постојано модерно и на најилустративен начин говори за општествените турбуленции, личните трауми и премрежиња и колективните метаморфози, односно за (нај)актуелните појави и процеси, животот и современоста… Тоа е парадигма на/за човекот и (не)човечноста, режимот и (не)слободата, вечното себебарање и борба…
300 денВо кошничка
Татковци и деца
Татковци и децаАвторот, со леснотија и мајсторство, ја слика феудална Русија, со поетски реализам и имагинација, ја регистрира и ја овековечува руската периферија, отфрлените и не многу среќните луѓе.
Во своите новели ги опишува необичните и интересни типови на руските селани, кои се природно способни и надарени, а во романите, кои се означени и дефинирани како романи на карактерите, го сецира и го анализира општествениот развој на Русија. Притоа, прикажани се најкарактеристичните претставници на руските интелектуалци, нивниот развиток, судбината и односот кон општествената проблематика.
300 денВо кошничка
Трагедии
ТрагедииТрагедијата што ја исполнува целта (состав на собитија кои ја донесуваат вистината за падот од среќа во несреќа, поради грешка) се обидува, што е можно посовршено, да ја поддражува стварноста разбрана како природа и материјалност. Низ процесот на поддражување се пресоздаваат законите на устројството на природното и се насетува обликот и идеалот зад него.
И покрај релативно малиот број првонаградени дела за време на неговиот живот (4 од 92 дела), Еврипид бил најпрочуениот и најомилен трагичен поет на своето време и на вековите од Антиката, што следат по неговата смрт.
520 денВо кошничка