АД ВЕРБУМ
Енциклопедија за управување со здравствена заштита
Енциклопедија за управување со здравствена заштита2,500 денSelect options
Енциклопедија за управување со здравствена заштита
Енциклопедија за управување со здравствена заштитаДодаток на секоја колекција за здравствена грижа насочена кон корисниците, како и на секоја библиотека која се обидува да развие колекција за деловните аспекти на здравствената грижа.
Корисна за сите оние кои се вклучени во кој било аспект од здравствената заштита, без оглед дали како студенти, инструктори, лекари, истражувачи или администратори. Оваа книга ќе најде широка примена во референтните колекции во сите јавни, универзитетски, болнички и корпоративни библиотеки.
2,500 денSelect options
Естетските и структуралните особености на македонските народни носии
Естетските и структуралните особености на македонските народни носии3,500 денSelect options
Естетските и структуралните особености на македонските народни носии
Естетските и структуралните особености на македонските народни носииПредмет на проучување во овој труд се естетско-структуралните особености на македонските народни носии со посебен акцент на мијачката носија и анализа на творештвото на македонските модни дизајнери кои имаат креирано модни колекции и модели инспирирани од македонската традиционална облека. Во оваа докторска дисертација под наслов „Естетските и структурални особености на македонските народни носии, со посебен осврт на мијачката носија и нивните трансформации во современиот моден дизајн“ се систематизираат интердисциплинарните методи на истражување, започнувајќи со истражувања од областа на етнологијата, ликовната уметност и применетата уметност, преку теоријата на модата и модниот дизајн. Во воведниот дел се објаснети методолошките одредници, дадена е дескрипција на македонските народни носии, кои се основа за анализата на современата македонска мода и модни дизајнери кои креираат модни колекции инспирирани од традиционалната облека од Македонија. Економскиот и дизајнерски сегмент за создавање на етно колекции со инспирација од македонските народни носии го затвора ова научно истражување како последна поента за заживување и обновување на македонски текстилен бренд.
3,500 денSelect options
Живата соба
Живата соба„Во живата соба се одиграни бескрајно многу улоги, донесени се во „овде и сега“ безброј моменти од минатото, во исто време ги содржи копнежите, визиите и желбите за подобро утро кое почнува од сегашниот момент.“
600 денSelect options
Животни бранови
Животни бранови„Прозниот избор го именувавме Dallgët e jetës („Бранови на животот“), според симболиката на содржината на расказите и фрагментите на романите, кои ќе ни раскажуваат како нашите предци пливале спроти брановите на животот, како храбро и јуначки ги совладувале или надминувале за да дојдат до потивки рамнини со повеќе правда, убавина и човечка љубов. Нема да патуваме пред вас по патеките на патот бидејќи сум сигурен дека тоа вие ќе го направите подобро и поубаво.“ (избор раскази за деца)
400 денSelect options
За Македонија
За Македонија(48) Костов, на вешт и учен начин го претставува бугарскиот атрибут во македонската историска вертикала, односно пишува за единствен бугарски историски развој во подолг временски период. Неговиот наратив се темели на актуелни извори како што се Јован Скилица и други за средновековната историја или на сеќавања, протоколи, воени извештаи и многу други за нововековната историја. Исто така, во неговото пишување ги препознаваме ставовите и делата на историчарите: Марин Дринов, Константин Јиричек, Љубомир Милетич, Иван Снегаров, Јордан Иванов и други.
300 денSelect options
За Македонија и Македонците
За Македонија и Македонците(23) Во ова издание се содржани текстовите на Херман Вендел, Димитар Ризов и на Светозар Томиќ што за првпат и се нудат на македонската јавност преведени на македонски јазик. На јавноста ѝ нудат да се запознае со македонското прашање, односно со состојбата на Македонија и Македонците преку нивните анализи, размислувања и констатации.
400 денSelect options
За поетиката
За поетикатаИ на почетокот на XXI век, Поетиката на Аристотел е една од најцитираните и највлијателни филозофски расправи што се занимаваат со суштината на уметничкото, воопшто, и со трагедијата, потесно. Според неговиот јазик и структура, делото изгледа современо, со наследството на структурализмот и други школи на мислата, од крајот на XX и почетокот на XXI век, за кои е карактеристична висока формализираност на јазикот. Мислата на Аристотел за уметничкото е поблиска до научното одошто до филозофското.
300 денSelect options
За твојот среќен ден
За твојот среќен ден„Овој избор поезија го крстивме според една истоимена песна на поетот, Мехмедали Хоџа: Paç ditë të mbarë („За твојот среќен ден“) и поради тоа што читањето на книга е, покрај другото, еден вид убаво патување, впрочем како што е животот на детето и човечкиот живот воопшто. Посакуваме од срце многу читатели на книгите во училишните библиотеки, библиотеките во населбите и градовите, родители, наставници… страниците на оваа книга да ги придружуваат во пријатни и интересни патувања и освежувања.“
400 денSelect options
Зајко е богат
Зајко е богатДејството е сместено во 1979 година. Хари „Зајко“ Ангстром веќе не трча, сега оди и чувствува како многу често снемува здив.
Неговиот живот е во совршен ред, тој е главен застапник и косопственик на „Спрингер моторс“, носи скапи одела, а неговата банкарска сметка секојдневно расте. Од друга страна тука е и неговата жена која времето го поминува главно на две локации, или дома или во клубот, работејќи на својата форма.
Но ако сè е во совршен ред тогаш зошто му е толку тешко да прифати како нештата излегле на крајот?
И зошто, кога ќе го погледне своето семејство, постојано чувствува некакво неописливо каење за сите тие животи кои нема да ги проживее?
500 денSelect options
Заговорот против Тодор Александров
Заговорот против Тодор Александров(75) Книгата е објавена од раководството на ВМРО, блиско до Иван Михајлов, најпрвин, да се запознае членството на Организацијата и македонската емиграција во Бугарија за спроведените истраги и расветлувања и да се објаснат мотивите за убиството на легендарниот водач на ВМРО. Книгата е пишувана и со цел да се насочи вината на убиството на Тодор Александров кај одделни внатрешни сили во ВМРО и надворешните фактори, пред сè кај: војводите Алеко Паша и Георги Атанасов, раководството на Илинденската организација, Георги Занков и Арсениј Јовков, левицата во ВМРО, Владислав (Славчо) Ковачев и Димо Хаџи Димов, Димитар Влахов и Петар Чаулев и кај Коминтерната и Бугарската комунистичката партија.
450 денSelect options
Задачите на македонската младина во странство
Задачите на македонската младина во странство150 денSelect options
Задачите на македонската младина во странство
Задачите на македонската младина во странство(03) Брошурата „Задачите на македонската младина во странство“, всушност, претставува реферат којшто Кирил Прличев го напишал на барање на Сојузот на македонските младински организации во Бугарија по повод одржувањето на Третиот конгрес на Сојузот во Софија на 21 ноември 1926 година. Прличев со задоволство ја прифатил поканата, бидејќи, како што пишува во предговорот на брошурата, 25 години бил во непосреден контакт со македонската младината, сметајќи дека сите нации сметаат дека иднината е во младината и дека „денешната младина ќе бидат утрешните граѓани“.
150 денSelect options
Задгробен разум
Задгробен разумКористејќи го своето богато дипломатско искуство и способност за аналитички просудби, Петровски овој пат, во романот Задгробен разум, главно се фокусира на судбинските настани по периодот што го живееме од осамостојувањето на македонсата држава. Слично како и во претходните негови романи, акцентот е ставен на пресудните теми за современоста исполнета со жестоки предизвици и трауми, делби и омрази, коишто оставаат длабоки траги во свеста на обичниот човек и во колективната меморија.
250 денSelect options
Законот
ЗаконотГротескната игра на Законот што се играла во таверните во јужна Италија е само сенка на еден уште пожесток став кон животот; моќна метафора за енергичниот хиерархиски поглед за постоењето кој владеел над Меѕоџорно, гнездото на културата во јужна Италија. Овој роман не бара од нас да ја помилуваме или осудиме страста на Дона Лукреција, сигурната самофокусираност на учениот ари- стократ Дон Цезар или дури и злобните желби на Матео Бриганте, кумот кој сака да има сè под контрола. Од нас себара само да набљудуваме. Во таа смисла Законот помалку изгледа како дело со чиста фикција, а повеќе како серија од остроумно забележани патувачки скици.
330 денSelect options
Записи
Записи(33) Преку „Записите“ на војводата Христо Н. Македонски која го опфаќа периодот од 1852 до 1877 година се обработуваат се стремежите, идеалите, чувствата, очекувањата, постапките, мотивите, радостите, болките, релациите, ангажирањата не само на една индивидуа, туку на многу индивидуи – имени и безимени, кои ги прават општеството и „големата“ историја.
Оттука, овој специфичен историографски жанр, колку и да изгледа навидум едноставен, всушност претставува комплексна историја на настани и на процеси во заемна интеракција. Затоа и ја препорачуваме на читателската публика.
700 денSelect options
Зборник на трудови презентирани на конференција „Живата соба“
Зборник на трудови презентирани на конференција „Живата соба“350 денSelect options
Зборник на трудови презентирани на конференција „Живата соба“
Зборник на трудови презентирани на конференција „Живата соба“350 денSelect options



