Детали за книгата
Проблемот за Македонија
200 ден
(02) Проблемот за Македонија претставува стенографски запис од говорот на д-р Петар Џидров одржан на 27 април 1930 година по покана на Македонското студентско друштво Вардар, испечатен како посебно издание истата година во Софија.
Во годините по Првата светска војна многубројната македонска емиграција во Бугарија дејствуваше организирано, легално и нелегално, низ разни друштва, братства, организации, асоцијации. И сето тоа беше природна потреба да се споделат потребите за самоподдршка, за негување на културните и револуционерните традиции, за барање начини за држење во актуелност на македонското прашање, со надеж за негово разрешување. И Македонското студентско друштво Вардар е една од овие македонски асоцијации меѓу двете светски војни формирано во Бугарија од членови на Внатрешната македонска револуционерна организација. Основната цел на друштвото била преку културно-просветни средства да се води борбата за Автономна Македонија, независна од ниту една балканска држава.