АД ВЕРБУМ
Лузитанци
ЛузитанциЕпска поема инспирирана и посветена на освојувачките походи на море, од Европа до Индија, на славниот морепловец Васко де Гама, кој е првиот Европеец што стигнал до Индија по прекуокеански пат, сврзувајќи ја Европа со Азија, а со тоа и Западот со Истокот. Имено, неговиот поход ќе остане врежан во светската историја како еден од првите обиди за колонизација на Европа, на Новиот свет и стремежот кон другите континенти, богатства и народи, како и приказна за создавањето на великата лузофонска империја, како своевидна предлошка и матрица на светскиот империјализам.
520 денSelect options
Македонија и копнежот за слобода
Македонија и копнежот за слобода(28) Книгата „Македонија и нејзиниот копнеж за слобода“ претставува краток географско-историски преглед на Македонија. Во оваа смисла, во текстот има повеќе наслови кои се однесуваат на името и географскиот опфат на Македонија, на нејзината клима, на водните и рудните богатства, сообраќајната инфраструктура, стопанските можности, населението, суштината на македонското прашање, политичката судбина на Македонија во конкретното време итн. Шалдев пишува со конкретна мисла, неговата лична определба, но и субјективниот став, доминираат во текстот.
400 денSelect options
Македонија и македонските Бугари
Македонија и македонските Бугари(27) Книгата е напишана со едноставен јазик, а историскиот наратив го следи хронолошкиот принцип. Оваа книга ја препорачуваме пред сè на студентите по историја, како четиво од првите децении на XX век, кое може и треба да се анализира и разработува со современи историски принципи, техники и методи. На тој начин се гради и култивира вештината за дебатирање, полемизирање, говорништво. Накратко, тоа е вистинскиот начин на кој се јакне научната димензија на историјата.
300 денSelect options
Македонија и македонското прашање
Македонија и македонското прашање(26) Доколку читателот кога ќе ја чита оваа новопубликувана книга на македонски јазик може уште на самиот почетокот да се ослободи од асимилаторските стремежи на авторот Иван Стојанов во врска со бугаризирањето на Македонија, тогаш ќе може со уживање да ја совладува основната содржина на книгата и да осознае доста интересни настани од македонската национална историја од антика па до крајот на Првата светска војна.
500 денSelect options
Македонија и нејзините претенденти
Македонија и нејзините претенденти(30) Димитар А. Спиров објавил текст структурно и идејно карактеристичен за XIX век. Обидувајќи се да го зајакне искажаниот став, тој се повикува на „историски аргументи“ (средновековната политичка традиција на пр.), со што би обезбедил легитимитет за временско првенство на бугарската „голема идеја“ во идеолошкиот натпревар со реалните соперници, српската и грчката, во однос на Македонија. Сите историски митови, ликови и процеси тој ги вреднува според нивниот придонес кон остварувањето на националниот идеал – санстефанските прелиминарни граници. Овој наратив (во голема мера искривен) требал да биде во функција на изградба на национално (бугарско) единство, но и да се поведат луѓето против разните стварни и божемни внатрешни и надворешни непријатели, во конкретното историско време.
350 денSelect options
Македонија и турската револуција
Македонија и турската револуција(12) Во оваа книга, што всушност претставува студија за состојбите во Турската империја и во Македонија, пред и за време на Младотурската револуција во 1908 година, Григор Василев го разгледува решавањето на македонското прашање од аспект на Социјалдемократската партија на Бугарија, на која тој во младите години ѝ припаѓал. Книгата ги содржи неговите говори и објавени статии во врска со положбата на Македонија под турска власт, односот на Бугарија кон Македонија и начините на решавањето на македонското прашање.
450 денSelect options
Македонија или гласот на робот
Македонија или гласот на робот(31) Размислувањето на Ѓ. Капчев се темели на барањето македонското (политичко) прашање да се реши според девизата: „Македонија за себе, автономна“. Тој барал „политичка автономија ветена и загарантирана од Големите држави со потпишувањето на Берлинскиот договор“, со цел да се обезбеделе „елементарните потреби за слободен живот “ во Македонија и нејзиното население.
150 денSelect options
Македонија под ропство
Македонија под ропство(66) Дел I и Дел II
Книгата претставува едно од најдокументирани изданија на раководството на ВМРО за положбата на Македонија по Првата светска војна. Раководството на Македонската револуционерна организација и одделни дејци и интелектуалци на Организацијата издале поголем број книги, брошури и мемоари за запознавање на македонската емиграција во Бугарија, на општествена јавност во Бугарија и Европа за состојбите во Македонија под власта на Србија и Грција, а посебно на злосторствата и геноцидот што го вршат над македонското население во Вардарска и Егејска Македонија.
1,900 денSelect options
Македонија- слики и впечатоци од патувањата
Македонија- слики и впечатоци од патувањата600 денSelect options
Македонија- слики и впечатоци од патувањата
Македонија- слики и впечатоци од патувањата(79) Оваа книга (патопис), како што истакнува авторот е само мал придонес за запознавањето на регионите на нашето кралство. Особено Јужна Србија (Македонија) на нашиот народ му е сосема непозната во некои делови, па понекогаш се слуша за неа сешто што не е во согласност со вистината. Книгата е поделена на 14 поглавја со соодветни наслови со кои се означуваат местата низ кои авторот пропатувал и престојувал, забележувајќи ги своите патнички слики и впечатоци.
Во првите три поглавја од книгата со наслови: „Од Загреб до Белград“, „Од Белград до Ниш“ и „Од Ниш до Скопје“ се изнесени патничките слики и впечатоци од неговото патување со воз на оваа релација.
600 денSelect options
Македонската трагедија гледана од Рим
Македонската трагедија гледана од Рим450 денSelect options
Македонската трагедија гледана од Рим
Македонската трагедија гледана од Рим(39) Книгата „Македонската трагедија гледана од Рим“, Џорџо Нуриџани најпрвин ја објавил во 1933 година во Италија, а истата година и во Софија, Бугарија. Во книгата тој дава пресек на историјата на Македонија и на македонското прашање од Санстефанскиот договор во 1878 година, Балканските војни и по Првата светска војна. Во книгата тој посебно ги разработува Македонската револуционерна организација, македонското прашање по Првата светска војна, Македонија под власта на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, односно Кралството на Југославија, идејата за автономија на Македонија и како Италија гледа на случувањата во Македонија, односно на „македонската трагедија“.
450 денSelect options
Македонските барања и дипломатијата
Македонските барања и дипломатијата200 денSelect options
Македонските барања и дипломатијата
Македонските барања и дипломатијата(63) Објавена во 1903 година во Софија, брошурата, всушност, претставува критичка студија на програмата за реформи на францускиот конзул во Солун, Стег. Како што пишува во предговорот на брошурата, Т. Карајовов студијата ја напишал за „надворешниот свет“ и најпрвин била објавена на француски јазик во списанието „Question Diplomatiques et Coloniales“. Предизвикан од нецелосно презентираниот „македонски поглед за автономијата“, го поттикнало да ја издаде истата студија и на бугарски јазик.
200 денSelect options
Македонското ослободително движење
Македонското ослободително движење(22) Бошков на самиот почеток на својот реферат дава дефиниција: Кога жителите на одредена територијална целина, вклучена во една или повеќе државно-правни единици, земаат учество во едно борбено движење – тоа е народно.
Авторот разгледувајќи ги видовите на народните движења, нивниот предмет, разјаснувајќи ги и средствата на борба на народните движења, причините и целите на истата и развојот на народните движења ќе дојде и до поуките од нив.
200 денSelect options
Македонското ослободително дело
Македонското ослободително дело(15) Димо Хаџи Димов дава анализа на политичката положба во која се наоѓа Македонија, низ која се гледа неговата извонредна информираност за проблематиката што ја третира. Покрај тоа, тој ги разгледува проблемите на македонското ослободително движење и ги посочува патиштата за ослободување на Македонија, подвлекувајќи дека единствениот пат за постигање слободата на Македонија е востание и револуција.
150 денSelect options
Македонското прашање
Македонското прашање(59) Уште во предговорот кон својот труд, авторот без двоумење ја констатира актуелноста на македонското прашање, односно „интересите во и за Македонија“. Затоа, тој се определил уште еднаш да потсети на одредбите од Берлинскиот мировен договор (1878) во однос на Македонија со што уште еднаш би се направил обид за привремено или конечно решавање на ова прашање.
250 денSelect options
Македонското прашање
Македонското прашање(64) Книгата „Македонското прашање“ претставува аналитички и синтетизиран труд, резултат на авторовите етнолошки студии. При пишувањето на делото, тој користел обемна литература, постара и современа и без двоумење констатира дека во основата на македонското прашање се залегнати два проблема – политичкиот и етнолошкиот. Анализата на политичкиот аспект на македонското прашање, Нидерле ја започнува со определување на хронолошката рамка, односно од 50-тите до крајот на 70-тите години на XIX век. Тој констатира дека во 50-тите години запознавањето на европската јавност со Македонија веќе напредувало, додека пак политичарите ѝ посветиле особено внимание во 60-тите години во врска со стремежот за создавање на „самостојна бугарска црква“ (независна од вселенската Цариградска патријаршија).
250 денSelect options



