Историски книги
Автономна Македонија
Автономна Македонија(65) Веднаш по војната во 1919 година, Владислав Ковачев ќе издаде брошура под наслов „Автономна Македонија“, застанувајќи јасно и категорички зад идејата за создавање автономна Македонија.
Пишувана во предвечерието на Париската мировна конференција, исто како и Димо Хаџи Димов во брошурата „Назад кон автономијата“, Владислав Ковачев во брошурата ги анализира политичките околности по Првата светска војна што се однесуваат на изнаоѓање најприфатливо решение за решавање на судбината, како што вели тој, на „многустрадалната Македонија“. Притоа, тој подеднакво ги критикува Извршниот комитет на македонските братства во Бугарија и Привременото претставништво на обединетата поранешна Внатрешна македонска револуционерна организација, дека немаат „морално право да зборуваат и да дејствуваат од името и за сметка на македонското население“.
150 денВо кошничка
Александар Велики
Александар Велики(45) Со преводот и публикувањето на оваа книга се има за цел македонската читателска објективна јавност да добие можности да се запознае со нова и доста интересна и ретко објективна публикација за древно-античката македонска историја, со посебен осврт на војничко-државничките квалитети на Филип II и особено на Александар III Македонски. Aвторот поседувал солидни сознанија за древно-античката македонска историја, а особено од воената област, што како висок офицер на бугарската армија е доста оправдано и сосема разбирливо.
700 денВо кошничка
Балканската криза
Балканската криза(58) Во брошурата, којашто ја поделил на седум глави, Л. Неманов прави краток историјат на балканските држави, Србија, Бугарија, по Првата светска војна и по Париската мировна конференција. Своите импресии од посетата и бројните разговори што ги имал со политичарите од Хрватска, Славонија, Босна, Косово, Македонија, Бугарија и Тракија, тој ги пренесува во оваа брошура.
150 денВо кошничка
Борбата на Македонецот
Борбата на Македонецот(20) Читајќи ја „ Борбата на Македонецот“, впечатокот е дека Кондов како автор е добро запознаен со настаните и процесите што ги обработува. Книгата ја има концептирано во 3 дела, при што првите два имаат функција на вовед во главната тема – причините за појавата на револуционерното движење во Македонија. Определувајќи се уште во предговорот за револуционерниот концепт на борба, Кондов смело, запишал: „Народот ќе востане – корупката на угнетувањето ќе пукне, ќе експлодира како вулкан!“ Со цел да го аргументира овој став во конкретната писмена разработка, тој почнува со прилично упатена историска ретроспектива на настаните и процесите што се случувале од воспоставувањето на османлиската власт во Македонија и на Балканот, до завршување на Источната криза (1878).
300 денВо кошничка
Бугарија и македонското прашање
Бугарија и македонското прашање(06) Публикацијата е специјално напишана со цел да се види и оправда надворешната политика на Бугарија пред европската дипломатија кон Македонија и македонското прашање во крајот на XIX и почетокот на XX век, и на одреден начин да се оправда учеството, па ако сакате дури и неуспехот на нашиот источен сосед (Бугарија) во Балканските војни, посебно во Втората балканска војна во 1913 година.
350 денВо кошничка
Васил Чакаларов
Васил Чакаларов(08) Македонија даде многу борци и херои, но таа нема многу Чакаларовци – запишал авторот на ова дело, Христо Силјанов. Тоа е повеќе од доволно за да се констатира дека можноста да го наслика карактерот, животниот пат и главните одлики на ликот на Васил Чакаларов покажува голема блискост меѓу нив двајца и силен карактер кој оставил длабок впечаток кај авторот.
Претставата за маркантната личност на македонскиот војвода, револуционер и деец Васил Чакаларов не би била комплетна без оваа биографија запишана од Христо Силјанов, негов соборец и близок пријател.
200 денВо кошничка
Вистината за кризата на ВМРО
Вистината за кризата на ВМРО(77) Книгата „Вистината за кризата во ВМРО“ е напишана со загрижувачки тон за состојбите во ВМРО, со алармантни апели за прекинувања на меѓусебните убиства во редовите на Организацијата, со предупредувања за иднината на Организацијата и губењето на нејзиниот авторитет во странство и со приведување на бројни документи, факти и факсимили. На ваков начин, книгата ја презентира историска вистина за еден период од развојот на ВМРО, со единствена цел да послужи како поука на грешките што можат да влијаат на судбината на Организацијата.
500 денВо кошничка
Вистината за Македонија
Вистината за Македонија(56) Во публикацијата се поместени бројни објавени статии, писма, телеграми, и слични написи во одделни весници посветени на македонското прашање. Во центарот на вниманието во публикацијата е Македонија и македонското прашање. Во бројните написи и статии во рускиот печат, пишувани главно од бугарските автори, тие од петни жили се труделе Македонија и Македонците да ги претстават за Бугари.
300 денВо кошничка
Владата на Стамболиски и македонското ослободително движење
Владата на Стамболиски и македонското ослободително движење400 денВо кошничка
Владата на Стамболиски и македонското ослободително движење
Владата на Стамболиски и македонското ослободително движење(21) Книгата „Владата на Стамболиски и македонското ослободително движење“ е објавена во Софија во 1923 година од Централниот комитет на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО), по иницијатива на членот на ЦК на ВМРО, Тодор Александров. Книгата е објавена со цел раководството на ВМРО да ја разобличи политиката на бугарската земјоделска влада на Александар Стамболиски кон ВМРО, предавничката дејност на Македонската федеративна револуционерна организација и грабежите и разбојништвата на одделни федералистички војводи-отцепници од Организацијата врз македонското население во Вардарска Македонија.
400 денВо кошничка
Во земјата на солзите
Во земјата на солзите(69) Тоа се раскази, како што во Предговорот вели издавачот на збирката, „пишувани со молив и на колено и, можеби, често прекинувани од ненадеен поход, оставени и продолжувани по удар на лут бран“ коишто немаат „претензии на строга стилизација“. А за авторот на збирката, Панчо Михајлов, издавачот ќе напише: „Пред нас е една душа, напоена со толку жед за слобода, со толку жар за борба, со толку љубов кон угнетените и со таква подготвеност за саможртвување… тоа е исповед на душа, секогаш подготвена да опростува, прочистена и просветена, врховно причестие на животот“ на „посветениот борец за слобода на Македонија“. Расказите на авторот ја откриваат „длабочината“ на неговата исповед, „личната интимна беседа“ на овој македонски револуционер и поет.
200 денВо кошничка
Војна за ослободување на Македонија
Војна за ослободување на Македонија(54) Книгата е посветена целосно на причините, целта, текот и последиците кои произлегле од Балканските војни од 1912 до 1913 година, но погледнато низ вообичаената призма на бугарската историографија да се прикажува за бугарско сè што е македонско.
Првиот дел е посветен на настаните што се случувале во предвоениот период, потоа на причините и целта од создавањето на Балканскиот сојуз на 17 септември 1912 година, со најголема елаборација на воените дејствија во текот на Првата балканска војна (1912-1913).
Вториот дел е посветен на Втората балканска војна, која се водела цел еден месец во крајот на пролетта и почетокот на летото 1913 година на македонска територија и за нова прераспределба и распарчување на Македонија.
500 денВо кошничка
Востанички дејствија
Востанички дејствија(72) Христо Матов го компонирал трудот во четири глави, поделени на поглавја. Покрај разработката на прашањата за организација на дејствијата, задачите на четите, начинот на дејствување, проблемот со храна и муниција, прашањето – што со ненаоружаното население, жените и децата?, посебно го подвлекува прашањето за планот на востаничките дејствија. Аналитички ги изложува причините за потребата да се остават началниците (револуционерните раководители) слободни, сами да решаваат според времето потребите и според можностите. Заслужува да се подвлече и неговото гледање на прашањето „да има или да нема востание“.
300 денВо кошничка
Гоце Делчев
Гоце Делчев(10) Со објавувањето на биографијата „Гоце Делчев“ само една година по смртта на великанот за првпат во целост е претставен краткиот, но пребогат револуционерен живот на маркантната личност од Кукуш. Во ракописот се поместени фотографии и се цитирани документи – значајни за македонското револуционерно движење до Илинденското востание. Со изразениот непосреден однос кон личноста и душата на Гоце, кој со свој стил авторот го претставува пред тогашната јавност успева да го портретира и дефинира и за трајно да го одржи Гоце како главен изразител на македонското ослободително дело во предилинденскиот период. Од тука над светиот лик на Гоце ќе произлезе херојскиот ореол. Името, ликот и делото на Гоце ќе станат симбол и олицетворение на идејата и на борбата за македонската слобода.
200 денВо кошничка
Грчките злосторства во Македонија
Грчките злосторства во Македонија(32) Станува збор за тажна и вознемирувачка повест од 92 документа за грчките злосторства во текот на Втората балканска војна, извршени над македонското население. Сведоштвата потекнуваат од два автентични извори – едниот, приватните писма на грчките војници случајно паднати во рацете на бугарските власти, кога на 14 јули 1913 година, била пленета поштата на 19-тиот грчки полк од VII грчка дивизија во Разлог (донесени во Државниот архив во Софија), другиот – исказите на македонските бегалци, сведоци на грчките злосторства, самите жртви на тие злосторства, очевидци на страдањата на свои блиски и познати.
900 денВо кошничка
Даме Груев: живот и дело
Даме Груев: живот и дело(35) Книгата за Даме Груев не е само биографско-историографска студија за неговиот живот и дело, туку еден вид „есеј-животопис“, како што ја нарекува и самиот Ј. Бадев, полна со емоции и љубов кон великанот на македонското револуционерно движење.
400 денВо кошничка