Се согласувам со следните правила и услови

КОРИСТЕЊЕ

Интернет страницата stranica.mk се користи без никаков надомест за користењето, а во согласност со наведените услови и правила.
Со користењето на е-продавницата на stranica.mk се обврзувате да ги почитувате наведените  услови и правила.

УСЛОВИ

Условите за купување на производи преку е-продавницата на stranica.mk се дефинирани со следниве параметри: нарачка на производите, плаќање, подготовка, испорака, рекламација.

Испорачателот на производите во е-продавницата е:
АД ВЕРБУМ ДОО Скопје.
ул. Козле бр. 93-1/9
1000 Скопје

За купувач на е-продавницата stranica.mk се смета секоја личност која преку електронски пат ќе нарача производи.
Сите цени се изразени во денари (ден.) со вклучен ДДВ.

НАРАЧКА

Производите од е-продавницата се нарачуваат по електронски пат со селектирање на одреден производ и додавање во кошничка. Производите се сметаат за нарачани во моментот кога купувачот ќе го избере полето НАПЛАТА, по што купувачот треба да се најави со корисничко име и лозинка или ако е нов корисник да се регистрира како во делот Мој профил,кој се наоѓа во десниот горен агол на интернет страницата. За нарачки до 800 денари, се плаќа и за доставување, сите нарачки над 800 денари имаат бесплатна испорака. За нарачка на производите означени со ONLINE, не се наплаќа надомест за доставување. Овие производи се користат преку корисничката сметка на купувачот.
АД ВЕРБУМ ДОО Скопје се обврзува да ги испорача сите нарачани производи кои за време на испораката ги има. Доколку не е во можност да испорача било кој од нарачаните производи, има должност да го контактира корисникот телефонски или преку e-mail и по можност да го замени производот со друг соодветен.

ЦЕНИ

Цените важат во моментот кога е направено плаќањето.

ПЛАЌАЊЕ

Купувачот врши плаќање на нарачката со платежна картичка, при достава или со про-фактура доколку е правно лице. По извршената уплата по про-фактурата нарачката се процесира.

 

ИСПОРАКА

Нарачката ја доставуваме со професионална компанија за превоз и доставување пратки, секој работен ден. Рокот за испорака е 1-2 работни дена за територија на град Скопје и 2-3 работни дена за територија на РСМ.

ВРАЌАЊЕ/ РЕКЛАМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ

Во случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација на АД ВЕРБУМ ДОО Скопје на телефон +389 (0) 2 3246 292 , или писмено преку е-пошта: info@stranica.mk.
Купувачот има право на рекламација во следните случаи:
– испорака на производи кои не се нарачани;
– испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот.
Во случај да не е во можност да испорача други производи, АД ВЕРБУМ ДОО ќе му ги надомести на купувачот неговите трошоци и вредноста на производите кои не може да му се испорачаат.

WordPress Lightbox