АД ВЕРБУМ
Историски пакет – 13+20
Историски пакет – 13+20Историски пакет – 13+20
Прочитајте повеќе за херојскиот освојувачки живопис на еден од најголемите освојувачи во светската историја – Александар Велики и смелиот став на Кондов, „Народот ќе востане – корупката на угнетувањето ќе пукне, ќе експлодира како вулкан!“ во Борбата на Македонецот.
- Историја на Александар Велики Македонски – Непознат
- Борбата на Македонецот – Константин Кондов
500 денSelect options
Ќерката на оптимистот
Ќерката на оптимистотЛуѓето на Маунт Салус, Мисисипи отсекогаш имале добро мислење за судијата Меккелва. Тој беше тивок, цврст, мирен, токму каков што треба да биде еден судија. Потоа, десет години смртта на неговата прва жена, тој се жени за лекомислената млада Ванда Феј. Никој не може да ја сфати неговата постапка, ниту неговата сакана ќерка, Лорел, на која е тешко да ја прифати новата жена. Сепак неколку години подоцна, кога сплетот на околности ќе ја доведе во домот каде го помина детството, Лорел ќе прокопа низ старите сеќавања и ќе ги сфати несекојдневните појави во нејзиното одгледување, и вистинската врска меѓу неа и нејзините родители.
250 денSelect options
Килибарно монисто
Килибарно монистоМилован Стефановски го одбрал најтешкиот образец на раскажување: со малку зборови и нивна лесна проточност, да ни каже многу. Или да ни го раскаже и она што можеби нам веќе ни било познато, но да ни го раскаже така како никогаш дотогаш да не сме го знаеле.
400 денSelect options
Клучот на македонската револуција
Клучот на македонската револуција(11) Во „Клучот на македонската револуција“ и покрај логичниот резон и револуционерното истапување, авторот Петар Стојков го подржува бугарскиот државен национализам (ширење на политичките граници) и е за присоединување на Македонија кон Кнежевството Бугарија.
Следејќи ја содржината од методолошки аспект, историскиот наратив го следи хронолошкиот принцип. Оваа книга може да претставува дополнителен извор за проучување на историјата на македонското ослободително дело од крајот на XIX век.
150 денSelect options
Книжевна критика
Книжевна критикаВо ова издание, избор на книжевна критика, се опфатени пет автори: Џеват Гега, Махмут Хиса, Лулјета Исаку, Зеќирија Незири, Мирлинда Крифца и Африм Реџепи, кои повремено, или во континуитет ја практикуваа ова гранка на книжевната наука кај нас.
400 денSelect options
Ковчеже со книжни бисери- Мудри мисли на сто современи македонски писатели во избор на Милован Стефановски
Ковчеже со книжни бисери- Мудри мисли на сто современи македонски писатели во избор на Милован Стефановски300 денSelect options
Ковчеже со книжни бисери- Мудри мисли на сто современи македонски писатели во избор на Милован Стефановски
Ковчеже со книжни бисери- Мудри мисли на сто современи македонски писатели во избор на Милован СтефановскиВо ова Ковчеже со книжни бисери има рамно сто современи македонски писатели со вкупно преку триста мудри мисли. Основната идеја беше на читателите да им се понуди екстракт на продуховената и чиста мисла забележана од перото на нашите мајстори на пишаниот збор. Овде сакам посебно да нагласам дека не станува збор за никаква антологија на мудри мисли на македонските писатели, туку едноставно субјективен избор направен од страна на нивен колега. Повеќе од сигурно е дека има и други автори во чии дела има убави мудри мисли кои заслужуваат да најдат место во една ваква селекција, но, за жал, од најразлични причини јас не сум можел да допрам до нив! Се надевам дека овој мој обид ќе поттикне и други составувачи на кои ќе им успее не само да го надополнат ваквиот избор туку и да го збогатат.
Милован Стефановски
300 денSelect options
Компјутерски системи
Компјутерски системиКнига е за програмери кои сакаат да пишуваат побрзи и посигурни програми. Преку учењето како програмите се мапирани на системот и извршени, читачите подобро ќе разберат зошто програмите се однесуваат на таков начин и како настануваат неефикасностите. Компјутерските системи, општо гледано, се состојат од процесори и мемориски хардвер, програмски преведувач, оперативен систем и мрежна околина. Со перспективата на програмерите, читачите можат јасно да видат како учењето за внатрешното работење на компјутерските системи ќе помогнат во нивниот понатамошен развој како компјутерски научници и инженери. Покрај тоа, оваа книга помага на читателите во подготовка за понатамошни студии во компјутерската архитектура, оперативни системи, програмски преведувачи и вмрежување.
2,500 денSelect options
Комплет 50 здравствени совети за првите 100 години од животот I дел + II дел
Комплет 50 здравствени совети за првите 100 години од животот I дел + II дел730 денSelect options
Комплет 50 здравствени совети за првите 100 години од животот I дел + II дел
Комплет 50 здравствени совети за првите 100 години од животот I дел + II дел50=100 + 50>100
Добро едуцираниот пациент постојано работи на подигнување на своето здравје и разбира дека најголем дел од болестите се одраз на несоодветна исхрана, хигиена, животен стил и пад на имунитетот и знае кога треба да го суплементира организмот со додатоци во исхраната.
Добро едуцираниот пациент е бенефит за сите: го штеди своето време, своето здравје и целиот здравствен систем бидејќи не оди на лекар за секоја настинка, течење нос, дијареја, запек или покачена температура и на тој начин се остава повеќе простор за дијагноза и третман на оние пациенти со посериозни здравствени проблеми.
730 денSelect options
Комплет „Живата соба“
Комплет „Живата соба“800 денSelect options
Кон балканската федерација
Кон балканската федерација(46) Наспроти тоа што би се очекувало од еден приказ пишуван во духот на комунистичката идеологија, објавен во 1914 година, текстот е интересен. Излагањето започнува со синтеза на модерната историја на Балканот, а македонското прашање е третирано како интегрален дел на балканската историја. Во духот на комунистичката идеологија, авторот вина за сложената состојба во регионот бара во капиталистичките кругови, од балканските како и од европските земји.
400 денSelect options
Крв и блесок
Крв и блесок„Крв и блесок“ ја раскажува болната приказна за матадорот Рикардо Гарсија. По голем број борби, тој веќе се чувствува уморно и не сака никогаш повеќе да биде дел од таквите претстави. По смртта на неговиот бандериљеро, тој одлучува да ја напушти арената и никогаш повеќе да не се врати таму. Сепак, на ова се противи неговата млада љубовница Марилена, која со помош на чуварот на Рикардо, го убедува матадорот повторно да се бори. Рикардо се согласува повторно да се спушти во арената, но дали нештата ќе завршат онака како што сите посакуваат, или можеби убиецот одеднаш ќе стане жртва на својот плен…
Добитник на наградата „Гонкур“ за 1935 година
300 денSelect options
Крикот на Икарот
Крикот на ИкаротАдем Гајтани, по вокација, бездруго е лиричар чии љубопитства на духот се интимните потраги по недоловливите суптилности на немирот, убавината, внатрешните бранувања, недореченостите на животот. Оваа лирика е една тивка рапсодија којашто самиот автор ќе ја нарече „преточување на мислата во чувство и на чувството во мисла“. Таа сета е грч, напнатост, упорно стремење кон дофатот на таа посакувана хармонија. Тоа е лирика што се разлева во елегични созвучја, во импресионистички меланхолични снимки на минливоста, во неизгасена жед за експлозијата и убавината кај човекот и природата. Тоа е лирика на задржани и претпазливи позајмувања на видливите и невидливите убавини што, напати, можат, дури како тајни, да се отклучат со малото клуче на песната. Дури и за миг.
300 денSelect options
Критики и толкувања
Критики и толкувањаВо текстовите од литературната критика најмногу биле застапени промоцијата на книги, театарската критика и критиката насочена кон авторот и неговото дело. Во многу од книгите објавувани во една социјалистичка земја, главно, биле застапени теми од општеството и револуцијата, па затоа самите книги, на овој начин, биле и промовирани и критикувани. Мустафа Карахасан, кој напишал најмногу текстови, ја објаснил оваа ситуација со следната реченица: „Во ова денешно модерно време, во ова демократско и самоуправно општество личниот и општествениот живот на секој поединец навлегува во центарот на секој текст“.
300 денSelect options
Крушево и неговите борби за слобода
Крушево и неговите борби за слобода250 денSelect options
Крушево и неговите борби за слобода
Крушево и неговите борби за слобода(50) Историографската книга „Крушево и неговите борби за слобода“ од Никола Киров-Мајски претставува едно од првите поцелосни истории за ова древно и непокорно гратче и неодминлив и неисцрпен извор за сите проучувачи на Илинденскиот револуционерен чин. Во неа тој дава едно реално видување, во вид на кратка историја, на политичките борби на Крушево до Илинденското востание, со посебен осврт на Илинденската револуција и на нејзините херојски епски борби како највисок дострел на револуционерните напори и обиди на македонскиот народ за слобода и создавање на своја сопствена држава. Иако мала по обем, таа претставува прва историја на Крушево и значајно сведоштво за македонската илинденска голгота. Всушност оваа книга претставува историја на политичките борби на народот од овој крај за конечно ослободување од неподносливото турско ропство, како и од духовните и политичките влијанија од соседните држави на Балканот.
250 денSelect options
Лесен начин да ставите крај на пушењето
Лесен начин да ставите крај на пушењето300 денSelect options
Лесен начин да ставите крај на пушењето
Лесен начин да ставите крај на пушењетоЗа да се откажете од пушењето потребно е само да ја прочитате оваа книга. Додека ја читате смеете дури и да пушите. Нема застрашувачки тактики, нема да се здебелите, а откажувањето нема да го чувствувате како лишување. Ако сакате да се ослободите од навиката, тогаш зграпчете ја шансата. Ален Кар им помогна на милион луѓе да станат среќни непушачи. Неговиот уникатен метод ја отстранува психолошката зависност од цигари и во буквална смисла ве ослободува.
300 денSelect options



