АД ВЕРБУМ
Писма за Македонија и македонското прашање
Писма за Македонија и македонското прашање300 денSelect options
Писма за Македонија и македонското прашање
Писма за Македонија и македонското прашање(14) Структурно таа е напишана во вид на писма – шест, заклучок и два прилози. Тематската иницијација опфаќа неколку актуелни прашања, како што се: географската поставеност и општиот преглед на ситуацијата во Македонија, нејзиниот словенски карактер, но и бугаризмот, различните влијанија и намери на балканските пропаганди во однос на населението во Македонија, влијанието на католичката црква, односно на Австро-Унгарија, кое авторот го хиперболизира, потоа, односот меѓу власта и потчинетото население, односно муслиманите и христијаните, грчката „мегали идеа“, српско-бугарскиот спор околу Македонија и други. Но, она што остава впечаток во книгата е умереноста на авторот во прикажувањето и толкувањето на процесите и настаните поврзани со насловната тема.
300 денSelect options
Пламенот во дланка
Пламенот во дланкаДобитник на наградата Гонкур за 1917 година, Анри Малерб, полковник во 43-тиот артилерски пешадиски полк. Неговото дело има особен литературен квалитет. Таа отворена објективност го ослободила од сета должност за точност, и се потврдува дека делото страда поради тоа. Стилот е малку застарен, со некои поттици, понекогаш херојски, понекогаш злокобни, се чувствува малку прашина. Но, лириката (Малерб подоцна пишувал и музички рецензии) останува пријатна, а некои пасуси се навистина прекрасни.
200 денSelect options
Поглед на нашиот општествен живот
Поглед на нашиот општествен живот(17) Со темата, Димо Хаџи Димов, како добар познавач на актуелните состојби во Бугарија и на македонското револуционерно движење, педагог и извонреден оратор, силно ги заинтересирал присутните граѓани во преполнетата сала на Дупница. Во брошурата тој дава преглед на актуелната состојба во Бугарија во сите сфери на општествено-политичкиот и економски живот, на секојдневните случувања на обичниот народ од сите фели.
150 денSelect options
Поезија I – избор
Поезија I – изборВо првата збирка поезија албанскиот поетски простор во Македонија се протега во целата втора половина на XX век, можеби и понатаму. Еден дел од поетите, како Неџат Пустина, но и Мустафа Лачи, се родени во првите децении на XX век, и помладите, како Јехона Салиу, Блета Бегу, Даим Мифтари и др., се родени во последните децении на истиот век. Првите, со своите стихови ја донесуваат аромата, повоениот ентузијазам по Втората светска војна, оптимистичкиот полет на албанскиот свет во овој простор, носат вкус и дух на усната поезија, додека, пак, другите ги донесуваат чувствителноста, визијата и вознемирите на почетокот на XX век.
350 денSelect options
Поезија II – избор
Поезија II – изборИ во регистарот на првата збирка и во склоп на регистарот на втората збирка присутни се, меѓу другите, и имиња кои сега веќе зазеле свое место во националното поетско небо на албански јазик. Ги имаме предвид, пред сè, делото на Линдита Ахмети, но и имињата како: Шкелзен Халими, Салајдин Салиху, Шазим Мемети, Авни Халими, Илир Ајдини, Лулзим Хазири и др.
350 денSelect options
Поезија и раскази (избор)
Поезија и раскази (избор)Едгар Алан По е мајстор на креирањето атмосфера во неговите дела. Прави сè за да чувствуваме. Нè шета низ мрачните ходници на својата потсвест, откривајќи ни ги чудовиштата, скриени во темните зандани на нашата потсвест или, пак, можеби на колективната. „Границите што го делат Животот од Смртта, во најмала рака се мрачни и нејасни. Кој може да каже каде завршува едното, а каде започнува другото?“
450 денSelect options
Познатиот свет
Познатиот светРоманот зборува за животот на Хенри Таунсенд, човек кој успеал од некогашен роб да стане фармер благодарение на Вилијам Робинс, најмоќниот човек во округот Манчестер.
Неговата неверојатна дисциплина е таа која му помага никогаш да не наиде на проблеми со законот, вредно вршејќи ја својата работа и грижејќи се за семејството. Но смртта неочекувано решава да затропа на неговата врата, земајќи го со себе и оставајќи ја неговата жена да се справи со сите нешта.
На еден смел и неверојатно амбициозен начин авторот нè води низ животот на робовите и нè тера да се запрашаме што значи зборот морал и какви импликации носи тој со себе.
Дали е возможно моралноста да зависи од бојата на кожата, социјалната подреденост или нечие потекло се прашањата кои ќе ви одѕвонуваат во главата долго откако ќе ја прочитате книгата.
350 денSelect options
Политиката во Германија и проблемите на Балканот
Политиката во Германија и проблемите на Балканот1,200 денSelect options
Политиката во Германија и проблемите на Балканот
Политиката во Германија и проблемите на Балканот(44) Во овој појдовен и воведен том и прв дел од студијата, Кирил Кирков нè воведува во почетокот на Големата источна криза (1975-1881) која главно избила на тлото на Балканскиот Полуостров сред покорените народи од Османската Империја. Во тој дел од студијата се изнесени на виделина односите помеѓу големите европски држави кон „Болниот човек на Босфорот“, односно кон Османската Империја, т.е. односите и на балканските народи во текот на Големата источна криза, а заедно со тоа политиката и балканските кризи; на европската политика и однос кон тоа од 70-тите години на XIX век до Берлинскиот конгрес, односно заклучно со настаните од 1890 година.
1,200 денSelect options
Последниот праведник
Последниот праведникКнигата на одличен начин ја покажува омразата која владее во општеството, расцепкано и поделено, по секоја можна основа. Дали тоа што некој е евреин, црнец, хомосексуалец, хиспанец, бездомник е доволно за тој да се означи како лош човек кој на себе навлекол несреќа уште во моментот кога се родил и започнал да живее на овој свет?
Дали светот е толку желен за крвопролевање и одмазда што веќе и не избира мотив и причина, туку секој оној кој барем малку е поинаков од општоприфатените норми и стандарди треба веднаш да биде отстранет од лицето на Земјата, бидејќи на тој начин го загрозува постоењето на другите?
350 денSelect options
Последните денови на Кукуш
Последните денови на Кукуш(52) Авторот, како поранешен кукушки окружен управител и очевидец се сеќава на големите, тридневни „кукушки борби“, кои се случиле од 19 до 21 јуни 1913 год. Ноќта на 16 спроти 17 јуни 1913 година, бугарската војска, ги нападнала своите поранешни сојузници, Србија и Грција (на македонска територија). По жестоките борби кај Кочани и Кукуш во првите денови на војната, бугарските војски биле принудени да се повлечат кон исток покрај р. Брегалница и на север по левиот брег на р. Струма. Содржината на книгата се однесува токму на споменатите борби кај гр. Кукуш и неговата блиска околина, кога се случило целосно уништување и опожарување на градот, на народната одбрана и на трагичното бегство на населението од родните огништа и неговото иселување.
200 денSelect options
Предавање за македонското прашање
Предавање за македонското прашање(61) Содржината на „Предавање на С(тојан) Михајловски за македонското прашање“ од 15 септември 1903 година, накратко, би можеле да ја претставиме како актуелно политичка која разгледува неколку атрактивни прашања за тогашниот бугарски предизборен амбиент, како што се бугарско-руските политички односи и односот кон македонското прашање во конкретното време, бугарската надворешна политика и дипломатија, политичките партии и нивните соперништва околу освојувањето на власта, бугарската воена перспектива и друго.
150 денSelect options
Прирачник за контрола на хигиената во прехранбената индустрија
Прирачник за контрола на хигиената во прехранбената индустрија1,500 денSelect options
Прирачник за контрола на хигиената во прехранбената индустрија
Прирачник за контрола на хигиената во прехранбената индустријаНастаните, како што е побарувачката за минимално обработена храна поставија нов акцент врз добрите хигиенски пракси во прехранбената индустрија. Како резултат, во оваа област се реализираа голем број нови истражувања.
Како дополнение на најдобро продаваната книга на Вудхед, Хигиената во прехранбената индустрија, во која се дава преглед на тековните најдобри пракси во хигиенскиот дизајн и активности, во Прирачникот за контрола на хигиената во прехранбената индустрија се обезбедува сеопфатно резиме за клучните трендови и прашања во рамките на истражувањата на прехранбената хигиена.
1,500 денSelect options
Проблемот за Македонија
Проблемот за Македонија(02) Проблемот за Македонија претставува стенографски запис од говорот на д-р Петар Џидров одржан на 27 април 1930 година по покана на Македонското студентско друштво Вардар, испечатен како посебно издание истата година во Софија.
Во годините по Првата светска војна многубројната македонска емиграција во Бугарија дејствуваше организирано, легално и нелегално, низ разни друштва, братства, организации, асоцијации. И сето тоа беше природна потреба да се споделат потребите за самоподдршка, за негување на културните и револуционерните традиции, за барање начини за држење во актуелност на македонското прашање, со надеж за негово разрешување. И Македонското студентско друштво Вардар е една од овие македонски асоцијации меѓу двете светски војни формирано во Бугарија од членови на Внатрешната македонска револуционерна организација. Основната цел на друштвото била преку културно-просветни средства да се води борбата за Автономна Македонија, независна од ниту една балканска држава.
200 денSelect options
Продажба и маркетинг на услуги
Продажба и маркетинг на услугиПрирачник кој има за цел да им помогне на менаџерите да ја подобрат продажбата, преку стекнување на подобра позиција на пазарот и градење препознатлив имиџ на компанијата, користејќи сплет на маркетиншки елементи за подобра услуга. Почнувајќи од: зошто е важна услугата – да ги задоволи потребите и очекувањата на потрошувачите, да ги задржи потрошувачите, да гради вредност и квалитет; до анализа – кои се потребите и очекувањата на потенцијалните купувачи, како и што да очекуваат купувачите од одредена услуга при процесот на купување на одреден производ или услуга.
Види повеќе
200 денSelect options
Пророкот
Пророкот„Ако сакаш некого, пушти го да си оди, зашто ако се врати, ќе биде засекогаш твој. Ако не, никогаш не бил.“
„Вчера не е ништо освен денешно сеќавање, а утре е денешен сон.“
Ова се едни од најцитираните мисли на Џибран. Впрочем, целото ова дело, секој ред, секоја идеја изобилува со длабока мудрост на која вреди да се потроши време за медитација.
Кога човек ги чита редовите напишани од Халил Џибран, едноставно го исклучува умот и го вклучува срцето. Како врвна поезија, зборовите во „Пророкот“ ги активираат директно емоциите на читателот. И во тој момент додека читаш, сфаќаш дека не ти се обраќа човекот обичен, туку некое повозвишено суштество кое му ги диктирало на авторот зборовите на мудрост и вистина, сеприсутна и безвременска…
250 денSelect options



