АД ВЕРБУМ
Македонското прашање и учителот
Македонското прашање и учителот(19) Во брошурата Хаџи Димов, меѓу првите македонски дејци, јавно проговорува за политичката историја на македонското прашање во Бугарија, сметајќи ги учителите за најпрогресивни фактори и сојузници на македонската ослободителна борба, а со цел изворно да ја сфатат суштината на проблемот за ослободување на Македонија, како и за нивното учество во македонското движење.
Уште на самиот почеток на брошурата Хаџи Димов го соопштува својот став дека „македонското прашање“ е најпопуларно во Бугарија, за кое се „зборува и филозофира“ речиси катадневно од „севозможни претставници на македонската револуционерна мисла“. За значењето на македонското прашање, тој се задржува на две точки: 1. Какво влијание има сегашната положба на Македонија врз Бугарија, и 2. Какви биле односите меѓу македонските организации во Бугарија и во Македонија.
200 денSelect options
Македонското прашање: вчера и денес
Македонското прашање: вчера и денес200 денSelect options
Македонското прашање: вчера и денес
Македонското прашање: вчера и денес(37) Во книгата, поделена на неколку глави, Баждаров, главно, ги анализира состојбите во Македонија, основањето и развојот на македонската револуционерна организација, односот на Големите сили кон македонското прашање, поделбата на Македонија во Балканските војни, положбата на македонскиот народ по Првата светска војна, вооружените и дипломатски активностите на ВМРО и барањата на македонскиот народ за создавање на автономна Македонија.
200 денSelect options
Македонците и политичките борби во Бугарија
Македонците и политичките борби во Бугарија200 денSelect options
Македонците и политичките борби во Бугарија
Македонците и политичките борби во Бугарија(40) Брошурата на Симеон Евтимов „Македонците и политичките борби во Бугарија“ е објавена во 1926 година во Софија, Бугарија. Брошурата, како што вели С. Ефтимов во својот предговор, произлегува од беседата одржана на Конгресот на македонските младински организации на 21 август 1925 година во Горна Џумаја, на тема: „Односот на македонските организации кон владите и кон политичките партии во Бугарија“. Брошурата, како што вели тој, нема цел да се напаѓаат бугарските влади и да не се осудуваат политичките партии, туку да се разјасни „прашањето од македонски аспект“ и да се подвлече „самостојноста на ослободителното движење“.
200 денSelect options
Маса, покриена со чаршав и со бокал во средина
Маса, покриена со чаршав и со бокал во средина200 денSelect options
Маса, покриена со чаршав и со бокал во средина
Маса, покриена со чаршав и со бокал во срединаКнигата ја опишува психолошката тортура на еден човек кога тој се соочува со претстојно испрашување на Масата за еден мал прекршок. Маканин во детали го опишува секој лик што е присутен на Масата, нивната намера, техниките и психологијата. Тој во наврати ја опишува и физичката тортура на осомничените во советското време и менталната тортура на некои од нив што присилно ги дрогирале во државни психијатриски болници.
Намерно или не, Маканин на многу добар начин ја опишува моралната корупција на руското/советското општество.
200 денSelect options
Меѓународните конгреси и македонското прашање
Меѓународните конгреси и македонското прашање200 денSelect options
Меѓународните конгреси и македонското прашање
Меѓународните конгреси и македонското прашање(16) Објавувањето на документите, како примарен историски извор, му олеснуваат на научниот истражувач и ѝ даваат можност на широката читателска публика да го допре изворот на историските вистини и понекогаш читателот сам да го анализира, споредува и толкува. Во таа смисла и овој мал зборник од документи ја добива својата смисла да биде претставен пред македонската читателска публика.
200 денSelect options
Месечевиот тигар
Месечевиот тигарКлодија Хемптон, убава, позната писателка, е на смртна постела во болница. Но, како што медицинските сестри и` приоѓаат со тивка љубезност, таа го смислува нејзиното најдобро дело: „историја на светот… а, во исто време, и моја“. Постепено таа одново го создава богатиот мозаик на нејзиниот живот и време, повикувајќи ги оние што ги познавала. Тука е Гордон, нејзиниот брат што го обожува, и Џаспер, нејзиниот шармантен, недоверлив љубовник и татко на Лиза, нејзината рамнодушна, конвенционална ќерка. Потоа тука е и Том, нејзината голема љубов, и најдена и изгубена за време на војната во Египет. Романот на Пенелопи Лајвли, кој ја доби Букеровата награда, содржи исклучителна мешавина од спомени, сеќавања и менливи гласови во една прогонувачка приказна за загубата и желбата.
300 денSelect options
Мигум -хаику-
Мигум -хаику-Песните во книгата „Мигум“ привлекуваат со својата едноставност, длабоко спознание и метафорично пренесување на пораката. Настанати миговно, во еден здив на помисла, како записи на душата, мисли преточени во стихови во мигот на создавањето при допир, поглед, спомен, трепет. Откривање и разголување што се случува додека трепнеш, брзо, вдахновено, стреловито. Со порака што жари и се разлева низ мислите на примачот како трага од симболи што самата се открива, се декодира при првиот допир со свеста. Проникнати од длабочината на една поетска душа, извлечени од богатиот пишувачки порив на една поетска оригиналност, неодминливо е чувството на уметничка сладост со кое секоја од песните плени и допира, оставајќи траги од нови мисли и зборови што ги длабат мислите на оние што ги впиваат, читајќи ги мигум, во еден трепетен здив. Токму онака како што и самиот автор Крлевски не случајно ја насловил својата нова збирка хаику-поезија „Мигум“, посветена на мигот што ја има силата да биде точка на раѓање, на создавање, на менување, на преобразба, на судбина.
200 денSelect options
Милован Стефановски – комплет 1
Милован Стефановски – комплет 1Комплет од збирка поезија и збирка раскази
Авторот го избрал најтешкиот образец на раскажување: со малку зборови и нивна лесна проточност, да ни каже многу.
- Ѕид пред бескрајот – Милован Стефановски
- Килибарно монисто – Милован Стефановски
500 денSelect options
МК Хигинс Великиот
МК Хигинс ВеликиотМајо Корнелиус Хигинс е тинејџер со афроамериканско потекло кој заедно со семејството живее на планината Сара. Одненадеж нивниот мир е нарушен од една рударска компанија која безмилосно го уништува сето она кое за нив претставува нивен дом. Во главата на Мајо се појавуваат првите идеи за бегство и напуштање на планината, но сепак не е така едноставно да се напушти домот и местото за кое те врзуваат безброј нешта. Суеверноста на планинските луѓе и нивната силна поврзаност со природата, нивните, за многумина, дури и премногу чудни обичаи и традиционални песни, се нештата заради кои оваа книга долго време ќе ви остане во сеќавање.
Добитник на наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ во 1992 година.
300 денSelect options
Мојата револуционерна дејност
Мојата револуционерна дејност(71) Со презир кон лицемерната скромност Христо Матов во овој ракопис „сократовски“, како што вели тој, ги истакнува своите заслуги за Револуционерната организација. Припишувајќи си ја најголемата заслуга за создавање на организационо-агитаторските, околиските, селските, реонските чети на Организацијата. Меѓу другото за себе ќе рече: никој во Организацијата не издржал така долго време и непрекинливо да биде корисен. Многумина во разно време се повлекуваа – или засекогаш или за одредено време, јас – не. Сепак му оддава голема заслуга на Даме Груев. Го смета за најзаслужен за Организацијата. Сам ги собрал во овој ракопис и позитивните критики и оценки за него од неговите соработници.
200 денSelect options
Морето
МоретоКога Макс Морден, историчар на уметност, се вратил во крајбрежното селово кое некогаш, во детството, бил на летен одмор, тој бега од неодамнешната загуба и се соочува со далечната траума. Во тоа далечно лето, семејството Грејс се појавило од нигде никаде. Привлечен од близнаците Грејс, Клои и Мајлс, Макс набрзо сфатил дека е заплеткан во нивните животи кои биле толку примамливи како што биле и вознемирувачки. Она што следело ќе го прогонува целиот негов живот и ќе влијае врз си што следува.
300 денSelect options
Мудро живеење – Прирачник за јакнење на отпорноста во менталното здравје на лицата во трето доба(ebook)
Мудро живеење – Прирачник за јакнење на отпорноста во менталното здравје на лицата во трето доба(ebook)100 денSelect options
Мудро живеење – Прирачник за јакнење на отпорноста во менталното здравје на лицата во трето доба(ebook)
Мудро живеење – Прирачник за јакнење на отпорноста во менталното здравје на лицата во трето доба(ebook)100 денSelect options
На југ
На југ(29) Во публикацијата, Никола Џеров објавил 20 раскази. Сите тие се тесно поврзани со мотиви земени од неговата татковина и воопшто историјата на Македонија од крајот на XIX и почетокот на XX век, со несекојдневни настани непосредно поврзани со македонското опкружување од областа на македонското минато и историја.
350 денSelect options
Најтешкото нешто
Најтешкото нешто„…урбана драма со бројни неочекувани животни пресврти, еден вид сурова приказна за љубовта и религијата, за злото и предавството, но и за непредвидливата и не ретко монструозна човечка особина за нанесување голема болка, поради алчност и страст. На едно место во текстот и самиот автор вели дека ова е приказна за судбината и јагодите создавајќи еден вид алегориска поврзаност со овој нежен плод кој на еден индиректен начин може да се земе и како своевиден водич низ наративниот тек на романот. Токму јагодите што се одгледуваат во близината на Скопје, всушност, ја претставуваат основата на оваа приказна бидејќи сѐ се врти околу нив, но тивко и ненаметливо и никогаш на прво место.“
400 денSelect options
Најтешкото нешто (ebook)
Најтешкото нешто (ebook)„…урбана драма со бројни неочекувани животни пресврти, еден вид сурова приказна за љубовта и религијата, за злото и предавството, но и за непредвидливата и не ретко монструозна човечка особина за нанесување голема болка, поради алчност и страст. На едно место во текстот и самиот автор вели дека ова е приказна за судбината и јагодите создавајќи еден вид алегориска поврзаност со овој нежен плод кој на еден индиректен начин може да се земе и како своевиден водич низ наративниот тек на романот. Токму јагодите што се одгледуваат во близината на Скопје, всушност, ја претставуваат основата на оваа приказна бидејќи сѐ се врти околу нив, но тивко и ненаметливо и никогаш на прво место.“
150 денSelect options



