Почитувани корисници, преку креирање на личен кориснички профил на нашата онлајн продавница www.stranica.mk ќе може да уживате во купувањето на вашата омилена книга од вашиот дом, брзо и лесно и притоа ќе заштедите дел од вашето драгоцено време.
Целата процедура на регистрирање и вршење на нарачка е едноставна и се одвива во неколку чекори:
Најавете се на интернет страницата користејќи го корисничкото име/е-mail и лозинка кои сте ги навеле при креирањето на вашиот профил.
Доколку немате креирано корисничка сметка, во десното поле внесете е-mail адреса и лозинка и кликнете „РЕГИСТРИРАЈ СЕ“.
Подоцна, во менито на контролната табла можете да ги дополните или ажурирате вашите лични податоци.
Можете да внесете податоци за наплата и адреса за достава. При секоја Ваша нарачка, повторно ќе имате можност да ги промените овие податоци доколку е потребно.
Исто така тука можете да ги читате вашите купени книги од категоријата ONLINE!
Следен чекор е да ја разгледате широката понуда и да ги одберете производите кои сакате да ги нарачате со клик на копчето „ВО КОШНИЧКА“
Откако ќе ги додадете во кошничка сите производи кои сакате да ги нарачате, кликнете на полето „КОШНИЧКА“ кое се наоѓа во горниот десен агол, а потоа кликнете на копчето „ВИДИ КОШНИЧКА“ за финален преглед на сите артикли.
По преглед на кошничката, за финализирање на нарачката кликнете на копчето „КОН НАПЛАТА“.
На крај, уште еднаш прегледајте ја листата со нарачани производи и финалниот износ во кој е вкалкулирана цената за достава, доколку износот е помал од 800 денари. Потоа, одберете го начинот на плаќање и кликнете на копчето „ПЛАТИ НАРАЧКА“ за да го извршите плаќањето.