АД ВЕРБУМ
Наргунот и ѕвездите
Наргунот и ѕвездитеНенадејно, се чу дивиот крик на Наргунот, како вика од планината, исполнет со целото време и темнината кои стоеја меѓу ѕвездите. Крикот ги задржа пред вратата, додека одѕвонуваше меѓу планините и полека стивна. Чарли го турна Сајмон внатре и ја затвори вратата. „Го налутивме“ – шепна Сајмон. Кога родителите на Сајмон Брент ќе бидат убиени тој е испратен да живее кај братучедите на неговата мајка во Вонгадила, нивната огромна фарма за овци. Сајмон се чувствува како аутсајдер. Но тој не е единственото нешто кое не припаѓа таму.
200 денSelect options
Научете Perl
Научете PerlАко денеска ги прашате програмерите на која книга најмногу се потпирале додека го учеле Perl, повеќето од нив ќе ви кажат дека тоа било книгата Научете Perl, позната како книгата со лама.
Третото издание на Научете Perl не само што е ажурирано за Perl 5.6, туку е и напишано со цел да ги претстави потребите на програмерите кои денеска учат Perl.
1,200 денSelect options
Независна Македонија
Независна Македонија(62) Содржината на книгата е наменета да ја оправда политичката посебност на Македонија во балкански рамки, а тоа авторот го прави (со исклучок на одделните мистификации) на умешен и учен начин, не паѓајќи во замката на сентименталното размислување. Во оваа мала по обем историска книга, е присутно, она што е актуелно и денес, моќта на големите сили, нивните интереси, зависноста на малите народи од геополитиката, различното именување на народот и на земјата (Македонија) и сл. Имајќи го ова предвид, потсетуваме на старата вистина дека историјата е учителка на животот. Токму во оваа смисла книгата може да претставува дополнително четиво за проучување на историјата на македонското прашање од почетокот на XX век.
150 денSelect options
Некогаш во Македонија
Некогаш во Македонија(47) Дејството во романот започнува во 1886 година, непосредно по победата на Бугарија во војната со Србија. Тоа завршува дури во 1912 година, со неколку пасуси кои укажуваат на оптимизмот на активистите на Револуционерната организација и на очекуваната поволна разврска на Балканските војни. Горчливиот пораз во војните и поделбата на Македонија се на тој начин мудро изоставени. Така, романот нуди увид во периодот непосредно пред создавањето на МРО, сè до 1912 година – најдраматичниот период на модерната македонска историја.
550 денSelect options
Нова Србија
Нова Србија(80) Книгата претставува историја во која, како што истакнува и самиот автор во Предговорот, е даден географски преглед на оние области на денешна Стара Србија и Македонија кои ја претставуваат Нова Србија. Всушност, во неа со тој преглед се дава една појасна и поверна слика на земјата, нејзините природни особини и за животот на нејзиниот народ. Концепциски книгата се состои од Предговор и два дела: Општ и Посебен дел.
Во Предговорот е образложен мотивот на авторот за изработка на оваа книга како и целта на нејзината намена. Даден е и краток приказ на прашањата и проблемите што ќе бидат обработени, како и краток осврт на авторите чии трудови се користени при обработката на дадената проблематика во книгата.
950 денSelect options
Од македонската земја
Од македонската земја(68) Како што Баждаров пишува во својот предговор, податоци за брошурата собирал кога бил уредник на весникот „Родина“ што излегувал во Скопје за време на Првата светска војна, од 1915 до 1918 година, кога посетил повеќе градови во Македонија.
Во брошурата Георги Баждаров во посебни глави дава значајни податоци за градовите: Скопје, Гостивар, Тетово, Велес, Штип, Кочани, Радовиш, Прилеп, Крушево и Костур, нагласувајќи ја историската припадност и бугарскиот карактер на овие македонски градови.
350 денSelect options
Опсадата на Кришнапур
Опсадата на КришнапурГодината е 1857 година. Во Кришнапур, британската заедница мирно и спокојно го живее својот живот, самоуверено игнорирајќи ги гласините за неволја меѓу домородните трупи на територијата на Хиндустан. Само управникот, г. Хопкинс, ја насетува опасноста. Животот е досаден, но обележјата на цивилизацијата мора да бидат искрено сочувани. Кога сепојите од блискиот гарнизон се креваат на крвав бунт, Британците целосно збунети и шокирани се повлекуваат. Криејќи се зад импровизираните барикади, опкружени со многубројните споменици, дел од Големата изложба на Управникот, тие одлучно решаваат да се борат за своите животи, но и за нивниот специфичен начин на кој ги живеат тие животи, со сите средства кои во тој момент ги имаат на располагање.
350 денSelect options
Организирање на македонската емиграција
Организирање на македонската емиграција150 денSelect options
Организирање на македонската емиграција
Организирање на македонската емиграција(09) Ова дело претставува реферат поднесен до Конгресот на Сојузот на македонските емигрантски организации во Бугарија, одржан на 16 февруари 1924 година. Главно место ѝ се посветува на организацијата, активноста и задачите на македонската емиграција во Бугарија.
Како долгогодишен секретар на Сојузот на македонските емигрантски братства во Бугарија, Јордан Анастасов во брошурата ја изнесува улогата на секретарот на Сојузот и неговите главни задачи и активности, подвлекувајќи дека секретарот треба да биде „идеологот и душата на организацијата“.
150 денSelect options
Основи на Внатрешната револуционерна организација
Основи на Внатрешната револуционерна организација150 денSelect options
Основи на Внатрешната револуционерна организација
Основи на Внатрешната револуционерна организација(18) Ова дело е прва теоретско-програмска брошура, што Христо Матов ја напишал по Илинденското востание во март-април 1904 година. Во брошурата Х. Матов теоретски ги разработува принципите на Македонската револуционерна организација, во која посочува пет основни принципи врз кои се изградува ВМОРО.
150 денSelect options
Основи на Внатрешната револуционерна организација
Основи на Внатрешната револуционерна организација200 денSelect options
Основи на Внатрешната револуционерна организација
Основи на Внатрешната револуционерна организација(74) Перото на Матов има јасен телеграфски стил. Во оваа книга прави теоретска разработка на принципите на Внатрешната револуционерна организација. И така, за основни принципи на Внатрешната организација ги смета: Принципот на автономијата; Принципот на внатрешноста (населението се ослонува, пред сè, на себеси – на своите организирани сили); Принципот на револуционерната борба; Принципот на политичко – економската почва и Принципот на самостојноста (независна организација). Така, според авторот, Организацијата произлегувајќи од горенаведените пет основни принципи, во својот историски развој и стекнато искуство присвоила и кристализирала одредени поконкретни позиции и форми (институции), или наречени со еден збор норми, коишто имаат принципиелен карактер и го изразуваат прописниот ред на организациските работи.
200 денSelect options
Осогово
Осогово(41) Географско-туристичката монографија „Осогово“ иако авторот ја определува како популарен запис, таа се одликува со научен пристап и соодветна методологија, кои одговараат на времето кога е објавена (1927). Започнувајќи ја книгата со определбата дека туризмот претставува значајна општествена, културна и образовна дејност, Делирадев ја концептирал содржината во дванаесет наслови, разработувајќи повеќе аспекти значајни за планинскиот масив Осогово.
500 денSelect options
Пакет за ментално и физичко здравје
Пакет за ментално и физичко здравје500 денSelect options
Пакет за ментално и физичко здравје
Пакет за ментално и физичко здравјеКомплет книги за ментално и физичко здравје
Со подобрување на физичкото здравје го подобруваме менталното здравје. И обратно, силното ментално здравје ги намалува ризиците за нарушување на физичкото здравје.
- 50 здравствени совети за првите 100 години од животот – Филип Ачкоски
- 21 зошто и само едно како – Д. Р. Гилберт
500 денSelect options
Патот на призраците
Патот на призрацитеИлјада деветстотини и осумнаесетта година, последните месеци од војната. Армискиот психијатар Вилијам Риверс е сè позагрижен за луѓето на кои им пружил нега – особено Били Приор, кој само што не се вратил на боиштата во Франција заедно со младиот поет Вилфред Овен. И додека Риверс се обидува да сфати што, ако воопшто нешто, направил за да му помогне на повредениот човек, Приор и Овен се во исчекување на последните битки од војната која на суров начин десеткуваше една цела генерација…
„Патот на призраците“ е добитник на Букеровата награда, сведочејќи за ужасните последни месеци на Првата светска војна.
350 денSelect options
Пахинтика во сон
Пахинтика во сонБез сомнеж, станува збор за едно посебно градење на структурата на овој текст, кое се одвива меѓу реалното и нереалното, каде ликовите, членови на различни социјални слоеви, го откриваат нивниот духовен профил, профил кој ги има и ќе ги има истите контури во секое време.
Драмата „Пахинтика во сонот“ (изведена во Албанскиот театар од Скопје) е текст кој бара внимателно читање, бидејќи само на таков начин ќе успееме да навлегуваме во длабочината на фабулата која е една фабула со толку трагична, колку и болна содржина.
300 денSelect options
Песна за Нибелунзите
Песна за НибелунзитеПесната за Нибелунзите се изделува како најзначајно дело типично за старогерманската херојска поезија. Иако тематски произлегува од старите германски саги за големите јунаци и храбрите витези од времето на преселбата на народите (петти и шести век), овој грандиозен еп (и според обемот и според неговото значење), освен што во себе содржи влијанија на Вергилиевата Енеида, потоа од романот за Тристан, односно од легендите за витезите на кралот Артур, од страна на бројни познавачи на средновековната литература, не без причина, е споредуван и со Хомеровата Илијада.
520 денSelect options



