Детали за книгата
50 здравствени совети за првите 100 години од животот
350 ден
Добро едуцираниот пациент постојано работи на подигнување на своето здравје и разбира дека најголем дел од болестите се одраз на несоодветна исхрана, хигиена, животен стил и пад на имунитетот и знае кога треба да го суплементира организмот со додатоци во исхраната.
Добро едуцираниот пациент е бенефит за сите: го штеди своето време, своето здравје и целиот здравствен систем бидејќи не оди на лекар за секоја настинка, течење нос, дијареја, запек или покачена температура и на тој начин се остава повеќе простор за дијагноза и третман на оние пациенти со посериозни здравствени проблеми.