Детали за книгата
Песна за Нибелунзите
520 ден
Песната за Нибелунзите се изделува како најзначајно дело типично за старогерманската херојска поезија. Иако тематски произлегува од старите германски саги за големите јунаци и храбрите витези од времето на преселбата на народите (петти и шести век), овој грандиозен еп (и според обемот и според неговото значење), освен што во себе содржи влијанија на Вергилиевата Енеида, потоа од романот за Тристан, односно од легендите за витезите на кралот Артур, од страна на бројни познавачи на средновековната литература, не без причина, е споредуван и со Хомеровата Илијада.