Детали за книгата
Во земјата на солзите
200 ден
(69) Тоа се раскази, како што во Предговорот вели издавачот на збирката, „пишувани со молив и на колено и, можеби, често прекинувани од ненадеен поход, оставени и продолжувани по удар на лут бран“ коишто немаат „претензии на строга стилизација“. А за авторот на збирката, Панчо Михајлов, издавачот ќе напише: „Пред нас е една душа, напоена со толку жед за слобода, со толку жар за борба, со толку љубов кон угнетените и со таква подготвеност за саможртвување… тоа е исповед на душа, секогаш подготвена да опростува, прочистена и просветена, врховно причестие на животот“ на „посветениот борец за слобода на Македонија“. Расказите на авторот ја откриваат „длабочината“ на неговата исповед, „личната интимна беседа“ на овој македонски револуционер и поет.