Детали за книгата

На Попуст!

Автономна Македонија

150 ден 100 ден

(65) Веднаш по војната во 1919 година, Владислав Ковачев ќе издаде брошура под наслов „Автономна Македонија“, застанувајќи јасно и категорички зад идејата за создавање автономна Македонија.

Пишувана во предвечерието на Париската мировна конференција, исто како и Димо Хаџи Димов во брошурата „Назад кон автономијата“, Владислав Ковачев во брошурата ги анализира политичките околности по Првата светска војна што се однесуваат на изнаоѓање најприфатливо решение за решавање на судбината, како што вели тој, на „многустрадалната Македонија“. Притоа, тој подеднакво ги критикува Извршниот комитет на македонските братства во Бугарија и Привременото претставништво на обединетата поранешна Внатрешна македонска револуционерна организација, дека немаат „морално право да зборуваат и да дејствуваат од името и за сметка на македонското население“.

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox