Историски книги
Денешната политичка поставка на македонското прашање
Денешната политичка поставка на македонското прашање150 ден 75 денВо кошничка
Денешната политичка поставка на македонското прашање
Денешната политичка поставка на македонското прашање(04) Делото претставува сублимат на размислувањата и анализите на авторот по однос на прашањето за автономијата на Македонија. Присутен е историски преглед на настаните кои претходеле и кои биле составен дел од голготата на македонскиот народ и неговата борба за самостојност.
На крајот од неговиот труд, Велјанов заклучува: Македонија е срцето на Балканот, и сè додека тоа е попречувано да чука слободно, на своја волја, целиот балкански организам ќе се наоѓа во денешната болна состојба, далеку од секакво спокојство и мир.
Од Македонија започнува спасувањето на Балканот.
150 ден 75 денВо кошничка
Денешната положба во Македонија под грчка и српска власт и Друштвото на народите
Денешната положба во Македонија под грчка и српска власт и Друштвото на народите200 ден 100 денВо кошничка
Денешната положба во Македонија под грчка и српска власт и Друштвото на народите
Денешната положба во Македонија под грчка и српска власт и Друштвото на народите(25) Брошурата ги содржи меморандумите, односно мемоарите, на Македонскиот национален комитет испратени до Друштвото на народите во Женева во 1924 и 1925 година, со кои се укажува на тешката положба на македонското население под власта на Кралството СХС и на Грција, со цел Друштвото на народите да обрне внимание на јавноста за актуелната положба во Македонија и да предизвика негова интервенција за исполнување на договорите за малцинските права на македонското население.
200 ден 100 денВо кошничка
Душата на Македонија
Душата на Македонија(53) Делото носи доста познати историски сознанија за Македонија од антика до почетокот на Втората светска војна. Колку и да сакал Константинов сè во Македонија да го прикаже за бугарско, тој сепак во повеќе случаи го употребува терминот Македонец во права смисла на зборот, истовремено користејќи го и терминот Бугарин. Кога посакувал да истакне жител на некогашната Византиска Империја погрешно го маркирал тој поим со „Грк“, наместо Византиец, односно Ромеј. Во публикацијата доста успешно Георги Константинов ги опишал географските особини на Македонија, исто како и литературно-книжевната историја.
400 ден 200 денВо кошничка
Душата на Македонија
Душата на Македонија(55) Душата на Македонија претставува студија-есеј која за прв пат е објавена во 1927 година, во моментите кога Македонија била разделена помеѓу балканските држави и кога нејзиното население ги чувствувало економските, политичките и репресивните последици од таа поделба.
Во почетокот на своето дело Томалевски истакнува: Ова што е напишано овде не е историја, не е ниту географски опис. Македонија одамна има своја историја рамноправна со историите на сите други народи.
150 ден 75 денВо кошничка
Европската дипломатија и македонското прашање
Европската дипломатија и македонското прашање200 ден 100 денВо кошничка
Европската дипломатија и македонското прашање
Европската дипломатија и македонското прашање(57) Според авторот, македонското прашање било едно од најзначајните прашања за опстанокот на Османлиската империја и во суштината претставувало комплекс на внатрешни и надворешни противречности, што меѓусебно се испреплетувале и дополнувале. Главниот акцент при разработката на ова сложено прашање, авторот го става на надворешните политички влијанија и интереси.
200 ден 100 денВо кошничка
Единството во македонското движење
Единството во македонското движење150 ден 75 денВо кошничка
Единството во македонското движење
Единството во македонското движење(01) Наспроти повеќето изданија објавени во Софија во меѓувоениот период, ова издание е сè уште актуелно, поради тоа што нуди интересно видување за македонската ослободителна борба во периодот по Големата војна и мировната конференција од 1919 год. која ги потврди одредбите од Букурешкиот договор од 1913 г., т.е. го поддржа решението за поделба на Македонија.
150 ден 75 денВо кошничка
Едиција Pro Macedonia
Едиција Pro MacedoniaЗа првпат на македонски јазик – факти, статии и спомени на директни учесници од македонската историја.
Едиција од 80 наслови, вклучувајќи биографии за Гоце Делчев, Васил Чакаларов, Даме Груев, Андон Ќосето и Христо Матов – задолжителна збирка за секоја домашна библиотека.
20,000 денВо кошничка
За Македонија
За Македонија(48) Костов, на вешт и учен начин го претставува бугарскиот атрибут во македонската историска вертикала, односно пишува за единствен бугарски историски развој во подолг временски период. Неговиот наратив се темели на актуелни извори како што се Јован Скилица и други за средновековната историја или на сеќавања, протоколи, воени извештаи и многу други за нововековната историја. Исто така, во неговото пишување ги препознаваме ставовите и делата на историчарите: Марин Дринов, Константин Јиричек, Љубомир Милетич, Иван Снегаров, Јордан Иванов и други.
300 ден 150 денВо кошничка
За Македонија и Македонците
За Македонија и Македонците(23) Во ова издание се содржани текстовите на Херман Вендел, Димитар Ризов и на Светозар Томиќ што за првпат и се нудат на македонската јавност преведени на македонски јазик. На јавноста ѝ нудат да се запознае со македонското прашање, односно со состојбата на Македонија и Македонците преку нивните анализи, размислувања и констатации.
400 ден 200 денВо кошничка
Заговорот против Тодор Александров
Заговорот против Тодор Александров450 ден 275 денВо кошничка
Заговорот против Тодор Александров
Заговорот против Тодор Александров(75) Книгата е објавена од раководството на ВМРО, блиско до Иван Михајлов, најпрвин, да се запознае членството на Организацијата и македонската емиграција во Бугарија за спроведените истраги и расветлувања и да се објаснат мотивите за убиството на легендарниот водач на ВМРО. Книгата е пишувана и со цел да се насочи вината на убиството на Тодор Александров кај одделни внатрешни сили во ВМРО и надворешните фактори, пред сè кај: војводите Алеко Паша и Георги Атанасов, раководството на Илинденската организација, Георги Занков и Арсениј Јовков, левицата во ВМРО, Владислав (Славчо) Ковачев и Димо Хаџи Димов, Димитар Влахов и Петар Чаулев и кај Коминтерната и Бугарската комунистичката партија.
450 ден 275 денВо кошничка
Задачите на македонската младина во странство
Задачите на македонската младина во странство150 ден 75 денВо кошничка
Задачите на македонската младина во странство
Задачите на македонската младина во странство(03) Брошурата „Задачите на македонската младина во странство“, всушност, претставува реферат којшто Кирил Прличев го напишал на барање на Сојузот на македонските младински организации во Бугарија по повод одржувањето на Третиот конгрес на Сојузот во Софија на 21 ноември 1926 година. Прличев со задоволство ја прифатил поканата, бидејќи, како што пишува во предговорот на брошурата, 25 години бил во непосреден контакт со македонската младината, сметајќи дека сите нации сметаат дека иднината е во младината и дека „денешната младина ќе бидат утрешните граѓани“.
150 ден 75 денВо кошничка
Записи
Записи(33) Преку „Записите“ на војводата Христо Н. Македонски која го опфаќа периодот од 1852 до 1877 година се обработуваат се стремежите, идеалите, чувствата, очекувањата, постапките, мотивите, радостите, болките, релациите, ангажирањата не само на една индивидуа, туку на многу индивидуи – имени и безимени, кои ги прават општеството и „големата“ историја.
Оттука, овој специфичен историографски жанр, колку и да изгледа навидум едноставен, всушност претставува комплексна историја на настани и на процеси во заемна интеракција. Затоа и ја препорачуваме на читателската публика.
700 ден 350 денВо кошничка
Злосторство – Шест месеци од убиството на Александар Протогеров
Злосторство – Шест месеци од убиството на Александар Протогеров450 ден 275 денВо кошничка
Злосторство – Шест месеци од убиството на Александар Протогеров
Злосторство – Шест месеци од убиството на Александар Протогеров(76) Книгата е напишана во 1929 година, шест месеци по убиството на членот на ЦК на ВМРО, генералот Александар Протогеров, на 7 јули 1928 година по наредба Иван Михајлов, исто така член на ЦК на ВМРО. Авторот книгата ја напишал како реакција на објавената книга од страна на приврзаниците на Иван Михајлов „Зошто беше убиен Александар Протогеров“, во 1928 година во Софија. Убиството на Александар Протогеров се случило во крајно заострени односи меѓу него и Иван Михајлов, како членови на ЦК на ВМРО…
450 ден 275 денВо кошничка
Зошто беше убиен Александар Протогеров
Зошто беше убиен Александар Протогеров800 ден 400 денВо кошничка
Зошто беше убиен Александар Протогеров
Зошто беше убиен Александар Протогеров(78) Во воведот на книгата, анонимниот автор, односно автори, заземајќи страна на Иван Михајлов, ја истакнува и целта што сака да се постигне со објавувањето на книгата: да се распространат заблудите што кружат во јавноста за убиството на А. Протогеров; и да и се даде можност на „вистинските пријатели на македонската ослободителна борба“, да ги проценат објективно настаните околу убиството на А. Протогеров. Преку расветлувањето и изнесувањето на фактите и документите и нивно анализирање, се дава можност „секој чесен човек“ да донесе правилно мислење за причините за убиството на А. Протогеров, кој, според мислењето на авторот на книгата, А. Протогеров бил „егзекутиран“, во името на „високите интереси на Внатрешната македонска револуционерна организација, верен заштитник на интересите на поробена Македонија“. Притоа, во книгата, преку фактите и документите, авторот настојува да „се стави крај на легендата за ‘величината’ и значењето на Протогеров за Македонското ослободително движење“.
800 ден 400 денВо кошничка
Зошто дојдовме?
Зошто дојдовме?(38) Војводата Панчо Михајлов – Чавдар одржал величествен говор пред ќустендилските граѓани, обраќајќи им се со зборовите:
„Ние доаѓаме од земјата на вечните солзи – Македонија, балканската голгота… Таму во Македонија ние со успех водиме борба на живот и смрт со онаа бесна власт што го носи валканото име ‘српска’, со онаа византиска управа што се нарекува ‘грчка’ и со многу други непријатели на македонската слобода. Нашите позиции таму се непробојни, затоа што целото население застана под знамето на ВМРО, кое единствено војува за слободата на Македонија, зашто маките и солзите ни се заеднички. Борбата за слободата на Македонија ќе ја водиме додека зората на слободата не огрее и над таа, колку измачена, толку убава земја“.
150 ден 75 денВо кошничка