Детали за книгата

Гоце Делчев

200 ден

(10) Со објавувањето на биографијата „Гоце Делчев“ само една година по смртта на великанот за првпат во целост е претставен краткиот, но пребогат револуционерен живот на маркантната личност од Кукуш. Во ракописот се поместени фотографии и се цитирани документи – значајни за македонското револуционерно движење до Илинденското востание. Со изразениот непосреден однос кон личноста и душата на Гоце, кој со свој стил авторот го претставува пред тогашната јавност успева да го портретира и дефинира и за трајно да го одржи Гоце како главен изразител на македонското ослободително дело во предилинденскиот период. Од тука над светиот лик на Гоце ќе произлезе херојскиот ореол. Името, ликот и делото на Гоце ќе станат симбол и олицетворение на идејата и на борбата за македонската слобода.

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox