Детали за книгата
Македонците и политичките борби во Бугарија
200 ден
(40) Брошурата на Симеон Евтимов „Македонците и политичките борби во Бугарија“ е објавена во 1926 година во Софија, Бугарија. Брошурата, како што вели С. Ефтимов во својот предговор, произлегува од беседата одржана на Конгресот на македонските младински организации на 21 август 1925 година во Горна Џумаја, на тема: „Односот на македонските организации кон владите и кон политичките партии во Бугарија“. Брошурата, како што вели тој, нема цел да се напаѓаат бугарските влади и да не се осудуваат политичките партии, туку да се разјасни „прашањето од македонски аспект“ и да се подвлече „самостојноста на ослободителното движење“.