Детали за книгата
Македонското прашање и учителот
200 ден
(19) Во брошурата Хаџи Димов, меѓу првите македонски дејци, јавно проговорува за политичката историја на македонското прашање во Бугарија, сметајќи ги учителите за најпрогресивни фактори и сојузници на македонската ослободителна борба, а со цел изворно да ја сфатат суштината на проблемот за ослободување на Македонија, како и за нивното учество во македонското движење.
Уште на самиот почеток на брошурата Хаџи Димов го соопштува својот став дека „македонското прашање“ е најпопуларно во Бугарија, за кое се „зборува и филозофира“ речиси катадневно од „севозможни претставници на македонската револуционерна мисла“. За значењето на македонското прашање, тој се задржува на две точки: 1. Какво влијание има сегашната положба на Македонија врз Бугарија, и 2. Какви биле односите меѓу македонските организации во Бугарија и во Македонија.