Детали за книгата
Македонија под ропство
1,900 ден
(66) Дел I и Дел II
Книгата претставува едно од најдокументирани изданија на раководството на ВМРО за положбата на Македонија по Првата светска војна. Раководството на Македонската револуционерна организација и одделни дејци и интелектуалци на Организацијата издале поголем број книги, брошури и мемоари за запознавање на македонската емиграција во Бугарија, на општествена јавност во Бугарија и Европа за состојбите во Македонија под власта на Србија и Грција, а посебно на злосторствата и геноцидот што го вршат над македонското население во Вардарска и Егејска Македонија.