Детали за книгата
Последниот праведник
350 ден
Книгата на одличен начин ја покажува омразата која владее во општеството, расцепкано и поделено, по секоја можна основа. Дали тоа што некој е евреин, црнец, хомосексуалец, хиспанец, бездомник е доволно за тој да се означи како лош човек кој на себе навлекол несреќа уште во моментот кога се родил и започнал да живее на овој свет?
Дали светот е толку желен за крвопролевање и одмазда што веќе и не избира мотив и причина, туку секој оној кој барем малку е поинаков од општоприфатените норми и стандарди треба веднаш да биде отстранет од лицето на Земјата, бидејќи на тој начин го загрозува постоењето на другите?