Детали за книгата
Предавање за македонското прашање
150 ден
(61) Содржината на „Предавање на С(тојан) Михајловски за македонското прашање“ од 15 септември 1903 година, накратко, би можеле да ја претставиме како актуелно политичка која разгледува неколку атрактивни прашања за тогашниот бугарски предизборен амбиент, како што се бугарско-руските политички односи и односот кон македонското прашање во конкретното време, бугарската надворешна политика и дипломатија, политичките партии и нивните соперништва околу освојувањето на власта, бугарската воена перспектива и друго.