Shop
Гоце Делчев
Гоце Делчев(10) Со објавувањето на биографијата „Гоце Делчев“ само една година по смртта на великанот за првпат во целост е претставен краткиот, но пребогат револуционерен живот на маркантната личност од Кукуш. Во ракописот се поместени фотографии и се цитирани документи – значајни за македонското револуционерно движење до Илинденското востание. Со изразениот непосреден однос кон личноста и душата на Гоце, кој со свој стил авторот го претставува пред тогашната јавност успева да го портретира и дефинира и за трајно да го одржи Гоце како главен изразител на македонското ослободително дело во предилинденскиот период. Од тука над светиот лик на Гоце ќе произлезе херојскиот ореол. Името, ликот и делото на Гоце ќе станат симбол и олицетворение на идејата и на борбата за македонската слобода.
200 денВо кошничка
Грст приказни за деца
Грст приказни за децаДецата не сакаат да читаат приказни само со детска тематика. Детската литература, која пред сè е литература, со сите специфики претставува најсофистицирана форма на пишаната литература. Детската литература може да биде и од интерес на читателите од секоја возраст. Бидејќи е читлива и лесно разбирлива поради специфичниот литературен јазик, израз и форма, таа претставува посебен литературен вид.
Литературата за деца го одразува целото богатство во светот на децата, почнувајќи од раното детство сè до крајот на детскиот период, како и чувствителноста на децата за време на детството.
500 денВо кошничка
Грчки класици 2
Грчки класици 2Грчки класици 2
Безвременски дела – Поетиката на Аристотел е една од најцитираните и највлијателни филозофски расправи што се занимаваат со суштината на уметничкото, воопшто. Дела и дни е верен опис на селскиот живот во сиромашна земја, живот кој на Хесиод му бил добро познат, и за кој утврдува принципи и правила за земјоделците.
- Дела и дни – Хесиод
- За поетиката – Аристотел
400 денВо кошничка
Грчките злосторства во Македонија
Грчките злосторства во Македонија(32) Станува збор за тажна и вознемирувачка повест од 92 документа за грчките злосторства во текот на Втората балканска војна, извршени над македонското население. Сведоштвата потекнуваат од два автентични извори – едниот, приватните писма на грчките војници случајно паднати во рацете на бугарските власти, кога на 14 јули 1913 година, била пленета поштата на 19-тиот грчки полк од VII грчка дивизија во Разлог (донесени во Државниот архив во Софија), другиот – исказите на македонските бегалци, сведоци на грчките злосторства, самите жртви на тие злосторства, очевидци на страдањата на свои блиски и познати.
900 денВо кошничка
Даме Груев: живот и дело
Даме Груев: живот и дело(35) Книгата за Даме Груев не е само биографско-историографска студија за неговиот живот и дело, туку еден вид „есеј-животопис“, како што ја нарекува и самиот Ј. Бадев, полна со емоции и љубов кон великанот на македонското револуционерно движење.
400 денВо кошничка
Дворски песни
Дворски песниУште од прочитот на првите неколку песни од збирката „Дворски песни“ се добива впечаток со мајсторска и интересна лирска изведба која побудува соодветна емотивно – рефлексивна резонанција кај читателот и несмалена љубопитна заинтересираност до последната песна од збирката, небаре е во прашање потрага по продолжение и крај на некоја интригантна приказна која го зграбила со некоја насетена загадочност целото читателско внимание.
150 денВо кошничка
Дела и дни
Дела и дниДела и дни започнува со два големи мита; откако по воведот се споменува Ерида со два лика, Хесиод го раскажува митот за Прометеј и Пандора (45-105), а веднаш потоа преминува на митот за петте рода (106-201) кој смислено се надоврзува на претходниот и претставува заокружување на една од истакнатите идеи на делото.
Определбата на идејата што произлегува од овие два мита е предмет на расправа во науката веќе подолго време. Тука се среќаваме со ново видување кое се противставува на старото, традиционалното.
250 денВо кошничка
Денешната политичка поставка на македонското прашање
Денешната политичка поставка на македонското прашање150 денВо кошничка
Денешната политичка поставка на македонското прашање
Денешната политичка поставка на македонското прашање(04) Делото претставува сублимат на размислувањата и анализите на авторот по однос на прашањето за автономијата на Македонија. Присутен е историски преглед на настаните кои претходеле и кои биле составен дел од голготата на македонскиот народ и неговата борба за самостојност.
На крајот од неговиот труд, Велјанов заклучува: Македонија е срцето на Балканот, и сè додека тоа е попречувано да чука слободно, на своја волја, целиот балкански организам ќе се наоѓа во денешната болна состојба, далеку од секакво спокојство и мир.
Од Македонија започнува спасувањето на Балканот.
150 денВо кошничка
Денешната положба во Македонија под грчка и српска власт и Друштвото на народите
Денешната положба во Македонија под грчка и српска власт и Друштвото на народите200 денВо кошничка
Денешната положба во Македонија под грчка и српска власт и Друштвото на народите
Денешната положба во Македонија под грчка и српска власт и Друштвото на народите(25) Брошурата ги содржи меморандумите, односно мемоарите, на Македонскиот национален комитет испратени до Друштвото на народите во Женева во 1924 и 1925 година, со кои се укажува на тешката положба на македонското население под власта на Кралството СХС и на Грција, со цел Друштвото на народите да обрне внимание на јавноста за актуелната положба во Македонија и да предизвика негова интервенција за исполнување на договорите за малцинските права на македонското население.
200 денВо кошничка
Депа
ДепаМинуциозно исплетен ракопис, книжевните котелци при секој допир предизвикуваат високо ниво на возбуда и уште поголемо задоволство кај читателите. Јасноста на кажувањето без воздржување ѝ пружа рака на јасноста на читателската перцепција и доживување“
400 денВо кошничка
Детски комплет
Детски комплетДетски комплет
Разбудете ја фантазијата кај вашите најмили и внесете еден поинаков начин на детска возбуда и љубов кон пишаниот збор.
- Вонземјанинот од наше маало – Миле Костов
- Хуго и Џозефина – Марија Грипе
250 денВо кошничка
Добронамерниците
Добронамерниците„Добронамерниците“ е книга која ја раскажува приказнаѕа на Максимилијан Ауе, некогашен офицер на Шуцштафел, кој години подоцна се сеќава на сето она кое го видел и почуствувал како дел од војската на Третиот рајх.
Многу страшни битки како таа за Сталинград, посетата на Берлин и окупираната Франција и сите нешта кои ги видел притоа, се можеби неспоредливо нешто со она што го чека во моментот кога добива прераспоредување и работна задача како советник во концентрационен логор.
Станувајќи сведок на се она што се случувало на ваквите места, имајќи можност дури и да посетидел од познатите „логори на смртта“ , тој на некој чуден и речиси неверојатен начин успева да се апстрахира и да гледа на сето тоа како некаков нем набљудувач.
Но можно ли е да се остане целосно „глув и слеп“ пред сите тие страшни врисоци кои војната ги носи со себе? Можно ли е да се заборават погледите на сите тие луѓе чии животи згаснале заради нечија луцидна замисла?
Или некогаш, доцна во ноќта, тие се враќаат и бараат од вас да ја раскажете нивната приказна, како небаре на тој начин ќе им дозволите да живеат малку подолго…
600 денВо кошничка
Доктор Џекил и господин Хајд – Заливот Фалеса – Остров на гласови
Доктор Џекил и господин Хајд – Заливот Фалеса – Остров на гласови350 денВо кошничка
Доктор Џекил и господин Хајд – Заливот Фалеса – Остров на гласови
Доктор Џекил и господин Хајд – Заливот Фалеса – Остров на гласовиРоберт Луис Стивенсон е човек длабоко заинтересиран за проучувањето на мистериите на животот. Само автор со богато животно искуство може да пишува заплети и фантастични авантури кои го држат читателот напнат од почеток до крај. Неговите романи покрај забавата да се читаат, нудат богато искуство и мудрости собирани во еден краток, но исполнет животен век…
Творештвото на Стивенсон останува да ги импресионира читателите и во XXI век и добива сè повеќе признанија како автор на не само интересни и возбудливи приказни туку и на една длабока анализа за времето во кое живеел и длабочините на животните мистерии и необичноста на човековата природа.
350 денВо кошничка
Дон Кихот меѓу Албанците
Дон Кихот меѓу Албанците…делото доби и нови прерогативи, стана непреодна парадигма за многу народи во различни времиња, но истовремено стана голема лекција и со универзално, психолошко и морално значење. Овој роман и ден денес зрачи со својата актуелност и виртуелната драматичност.
Али Алиу ќе заклучи: „Книжевноста останува непокорниот чувар на човековата меморија во прилог на зачувување на својот идентитет“. Без сомнение овде некаде е фокусиран и лајтмотивот на книгата: со клучот на Сервантес да се отворат влезните врати во душата на оставената енигма на албанството.
500 денВо кошничка
Доротеа Мерц
Доротеа Мерц„Доротеа Мерц“ е книга која ги раскажува животните случувања на главната хероина, почнувајќи од нејзината младост па сè до крајот на животот.
„До кој степен може да оди човечката суровост и желбата за богатство и моќ и дали постои момент кога тие може целосно да се задоволат?“ е прашањето кое нема да ви дозволи да ја оставите книгата сè додека не дојдете до последната страница.
300 денВо кошничка



