Детали за книгата
За поетиката
300 ден
И на почетокот на XXI век, Поетиката на Аристотел е една од најцитираните и највлијателни филозофски расправи што се занимаваат со суштината на уметничкото, воопшто, и со трагедијата, потесно. Според неговиот јазик и структура, делото изгледа современо, со наследството на структурализмот и други школи на мислата, од крајот на XX и почетокот на XXI век, за кои е карактеристична висока формализираност на јазикот. Мислата на Аристотел за уметничкото е поблиска до научното одошто до филозофското.