Детали за книгата
Дела и дни
250 ден
Дела и дни започнува со два големи мита; откако по воведот се споменува Ерида со два лика, Хесиод го раскажува митот за Прометеј и Пандора (45-105), а веднаш потоа преминува на митот за петте рода (106-201) кој смислено се надоврзува на претходниот и претставува заокружување на една од истакнатите идеи на делото.
Определбата на идејата што произлегува од овие два мита е предмет на расправа во науката веќе подолго време. Тука се среќаваме со ново видување кое се противставува на старото, традиционалното.