Детали за книгата
Естетските и структуралните особености на македонските народни носии
3,500 ден
Предмет на проучување во овој труд се естетско-структуралните особености на македонските народни носии со посебен акцент на мијачката носија и анализа на творештвото на македонските модни дизајнери кои имаат креирано модни колекции и модели инспирирани од македонската традиционална облека. Во оваа докторска дисертација под наслов „Естетските и структурални особености на македонските народни носии, со посебен осврт на мијачката носија и нивните трансформации во современиот моден дизајн“ се систематизираат интердисциплинарните методи на истражување, започнувајќи со истражувања од областа на етнологијата, ликовната уметност и применетата уметност, преку теоријата на модата и модниот дизајн. Во воведниот дел се објаснети методолошките одредници, дадена е дескрипција на македонските народни носии, кои се основа за анализата на современата македонска мода и модни дизајнери кои креираат модни колекции инспирирани од традиционалната облека од Македонија. Економскиот и дизајнерски сегмент за создавање на етно колекции со инспирација од македонските народни носии го затвора ова научно истражување како последна поента за заживување и обновување на македонски текстилен бренд.