Детали за книгата
Зајко е богат
500 ден
Дејството е сместено во 1979 година. Хари „Зајко“ Ангстром веќе не трча, сега оди и чувствува како многу често снемува здив.
Неговиот живот е во совршен ред, тој е главен застапник и косопственик на „Спрингер моторс“, носи скапи одела, а неговата банкарска сметка секојдневно расте. Од друга страна тука е и неговата жена која времето го поминува главно на две локации, или дома или во клубот, работејќи на својата форма.
Но ако сè е во совршен ред тогаш зошто му е толку тешко да прифати како нештата излегле на крајот?
И зошто, кога ќе го погледне своето семејство, постојано чувствува некакво неописливо каење за сите тие животи кои нема да ги проживее?