Shop
Македонија или гласот на робот
Македонија или гласот на робот(31) Размислувањето на Ѓ. Капчев се темели на барањето македонското (политичко) прашање да се реши според девизата: „Македонија за себе, автономна“. Тој барал „политичка автономија ветена и загарантирана од Големите држави со потпишувањето на Берлинскиот договор“, со цел да се обезбеделе „елементарните потреби за слободен живот “ во Македонија и нејзиното население.
150 денВо кошничка
Македонија под ропство
Македонија под ропство(66) Дел I и Дел II
Книгата претставува едно од најдокументирани изданија на раководството на ВМРО за положбата на Македонија по Првата светска војна. Раководството на Македонската револуционерна организација и одделни дејци и интелектуалци на Организацијата издале поголем број книги, брошури и мемоари за запознавање на македонската емиграција во Бугарија, на општествена јавност во Бугарија и Европа за состојбите во Македонија под власта на Србија и Грција, а посебно на злосторствата и геноцидот што го вршат над македонското население во Вардарска и Егејска Македонија.
1,900 денВо кошничка
Македонија- слики и впечатоци од патувањата
Македонија- слики и впечатоци од патувањата600 денВо кошничка
Македонија- слики и впечатоци од патувањата
Македонија- слики и впечатоци од патувањата(79) Оваа книга (патопис), како што истакнува авторот е само мал придонес за запознавањето на регионите на нашето кралство. Особено Јужна Србија (Македонија) на нашиот народ му е сосема непозната во некои делови, па понекогаш се слуша за неа сешто што не е во согласност со вистината. Книгата е поделена на 14 поглавја со соодветни наслови со кои се означуваат местата низ кои авторот пропатувал и престојувал, забележувајќи ги своите патнички слики и впечатоци.
Во првите три поглавја од книгата со наслови: „Од Загреб до Белград“, „Од Белград до Ниш“ и „Од Ниш до Скопје“ се изнесени патничките слики и впечатоци од неговото патување со воз на оваа релација.
600 денВо кошничка
Македонската трагедија гледана од Рим
Македонската трагедија гледана од Рим450 денВо кошничка
Македонската трагедија гледана од Рим
Македонската трагедија гледана од Рим(39) Книгата „Македонската трагедија гледана од Рим“, Џорџо Нуриџани најпрвин ја објавил во 1933 година во Италија, а истата година и во Софија, Бугарија. Во книгата тој дава пресек на историјата на Македонија и на македонското прашање од Санстефанскиот договор во 1878 година, Балканските војни и по Првата светска војна. Во книгата тој посебно ги разработува Македонската револуционерна организација, македонското прашање по Првата светска војна, Македонија под власта на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, односно Кралството на Југославија, идејата за автономија на Македонија и како Италија гледа на случувањата во Македонија, односно на „македонската трагедија“.
450 денВо кошничка
Македонските барања и дипломатијата
Македонските барања и дипломатијата(63) Објавена во 1903 година во Софија, брошурата, всушност, претставува критичка студија на програмата за реформи на францускиот конзул во Солун, Стег. Како што пишува во предговорот на брошурата, Т. Карајовов студијата ја напишал за „надворешниот свет“ и најпрвин била објавена на француски јазик во списанието „Question Diplomatiques et Coloniales“. Предизвикан од нецелосно презентираниот „македонски поглед за автономијата“, го поттикнало да ја издаде истата студија и на бугарски јазик.
200 денВо кошничка
Македонското ослободително движење
Македонското ослободително движење(22) Бошков на самиот почеток на својот реферат дава дефиниција: Кога жителите на одредена територијална целина, вклучена во една или повеќе државно-правни единици, земаат учество во едно борбено движење – тоа е народно.
Авторот разгледувајќи ги видовите на народните движења, нивниот предмет, разјаснувајќи ги и средствата на борба на народните движења, причините и целите на истата и развојот на народните движења ќе дојде и до поуките од нив.
200 денВо кошничка
Македонското ослободително дело
Македонското ослободително дело(15) Димо Хаџи Димов дава анализа на политичката положба во која се наоѓа Македонија, низ која се гледа неговата извонредна информираност за проблематиката што ја третира. Покрај тоа, тој ги разгледува проблемите на македонското ослободително движење и ги посочува патиштата за ослободување на Македонија, подвлекувајќи дека единствениот пат за постигање слободата на Македонија е востание и револуција.
150 денВо кошничка
Македонското прашање
Македонското прашање(64) Книгата „Македонското прашање“ претставува аналитички и синтетизиран труд, резултат на авторовите етнолошки студии. При пишувањето на делото, тој користел обемна литература, постара и современа и без двоумење констатира дека во основата на македонското прашање се залегнати два проблема – политичкиот и етнолошкиот. Анализата на политичкиот аспект на македонското прашање, Нидерле ја започнува со определување на хронолошката рамка, односно од 50-тите до крајот на 70-тите години на XIX век. Тој констатира дека во 50-тите години запознавањето на европската јавност со Македонија веќе напредувало, додека пак политичарите ѝ посветиле особено внимание во 60-тите години во врска со стремежот за создавање на „самостојна бугарска црква“ (независна од вселенската Цариградска патријаршија).
250 денВо кошничка
Македонското прашање
Македонското прашање(59) Уште во предговорот кон својот труд, авторот без двоумење ја констатира актуелноста на македонското прашање, односно „интересите во и за Македонија“. Затоа, тој се определил уште еднаш да потсети на одредбите од Берлинскиот мировен договор (1878) во однос на Македонија со што уште еднаш би се направил обид за привремено или конечно решавање на ова прашање.
250 денВо кошничка
Македонското прашање и учителот
Македонското прашање и учителот(19) Во брошурата Хаџи Димов, меѓу првите македонски дејци, јавно проговорува за политичката историја на македонското прашање во Бугарија, сметајќи ги учителите за најпрогресивни фактори и сојузници на македонската ослободителна борба, а со цел изворно да ја сфатат суштината на проблемот за ослободување на Македонија, како и за нивното учество во македонското движење.
Уште на самиот почеток на брошурата Хаџи Димов го соопштува својот став дека „македонското прашање“ е најпопуларно во Бугарија, за кое се „зборува и филозофира“ речиси катадневно од „севозможни претставници на македонската револуционерна мисла“. За значењето на македонското прашање, тој се задржува на две точки: 1. Какво влијание има сегашната положба на Македонија врз Бугарија, и 2. Какви биле односите меѓу македонските организации во Бугарија и во Македонија.
200 денВо кошничка
Македонското прашање: вчера и денес
Македонското прашање: вчера и денес(37) Во книгата, поделена на неколку глави, Баждаров, главно, ги анализира состојбите во Македонија, основањето и развојот на македонската револуционерна организација, односот на Големите сили кон македонското прашање, поделбата на Македонија во Балканските војни, положбата на македонскиот народ по Првата светска војна, вооружените и дипломатски активностите на ВМРО и барањата на македонскиот народ за создавање на автономна Македонија.
200 денВо кошничка
Македонците и политичките борби во Бугарија
Македонците и политичките борби во Бугарија200 денВо кошничка
Македонците и политичките борби во Бугарија
Македонците и политичките борби во Бугарија(40) Брошурата на Симеон Евтимов „Македонците и политичките борби во Бугарија“ е објавена во 1926 година во Софија, Бугарија. Брошурата, како што вели С. Ефтимов во својот предговор, произлегува од беседата одржана на Конгресот на македонските младински организации на 21 август 1925 година во Горна Џумаја, на тема: „Односот на македонските организации кон владите и кон политичките партии во Бугарија“. Брошурата, како што вели тој, нема цел да се напаѓаат бугарските влади и да не се осудуваат политичките партии, туку да се разјасни „прашањето од македонски аспект“ и да се подвлече „самостојноста на ослободителното движење“.
200 денВо кошничка
Маса, покриена со чаршав и со бокал во средина
Маса, покриена со чаршав и со бокал во средина200 денВо кошничка
Маса, покриена со чаршав и со бокал во средина
Маса, покриена со чаршав и со бокал во срединаКнигата ја опишува психолошката тортура на еден човек кога тој се соочува со претстојно испрашување на Масата за еден мал прекршок. Маканин во детали го опишува секој лик што е присутен на Масата, нивната намера, техниките и психологијата. Тој во наврати ја опишува и физичката тортура на осомничените во советското време и менталната тортура на некои од нив што присилно ги дрогирале во државни психијатриски болници.
Намерно или не, Маканин на многу добар начин ја опишува моралната корупција на руското/советското општество.
200 денВо кошничка
Меѓународните конгреси и македонското прашање
Меѓународните конгреси и македонското прашање200 денВо кошничка
Меѓународните конгреси и македонското прашање
Меѓународните конгреси и македонското прашање(16) Објавувањето на документите, како примарен историски извор, му олеснуваат на научниот истражувач и ѝ даваат можност на широката читателска публика да го допре изворот на историските вистини и понекогаш читателот сам да го анализира, споредува и толкува. Во таа смисла и овој мал зборник од документи ја добива својата смисла да биде претставен пред македонската читателска публика.
200 денВо кошничка
Месечевиот тигар
Месечевиот тигарКлодија Хемптон, убава, позната писателка, е на смртна постела во болница. Но, како што медицинските сестри и` приоѓаат со тивка љубезност, таа го смислува нејзиното најдобро дело: „историја на светот… а, во исто време, и моја“. Постепено таа одново го создава богатиот мозаик на нејзиниот живот и време, повикувајќи ги оние што ги познавала. Тука е Гордон, нејзиниот брат што го обожува, и Џаспер, нејзиниот шармантен, недоверлив љубовник и татко на Лиза, нејзината рамнодушна, конвенционална ќерка. Потоа тука е и Том, нејзината голема љубов, и најдена и изгубена за време на војната во Египет. Романот на Пенелопи Лајвли, кој ја доби Букеровата награда, содржи исклучителна мешавина од спомени, сеќавања и менливи гласови во една прогонувачка приказна за загубата и желбата.
300 денВо кошничка