Shop
Кон балканската федерација
Кон балканската федерација(46) Наспроти тоа што би се очекувало од еден приказ пишуван во духот на комунистичката идеологија, објавен во 1914 година, текстот е интересен. Излагањето започнува со синтеза на модерната историја на Балканот, а македонското прашање е третирано како интегрален дел на балканската историја. Во духот на комунистичката идеологија, авторот вина за сложената состојба во регионот бара во капиталистичките кругови, од балканските како и од европските земји.
400 денВо кошничка
Концепти на модерната уметност – Од фовизам до постмодернизам
Концепти на модерната уметност – Од фовизам до постмодернизам1,000 денВо кошничка
Концепти на модерната уметност – Од фовизам до постмодернизам
Концепти на модерната уметност – Од фовизам до постмодернизам„Клучна книга за секој заинтересиран за уметноста на XX век“ – Лун Кук
Во серии есеи од некои од меѓународно најреномираните писатели за уметност, извонредните уметнички предизвици од XX век се воведени и дискутирани со непаралелна луцидност, знаење и прецизност. Ниту една друга книга за модерна или современа уметност не ги претставува на толку авторитативен и концизен начин идеите кои лежат во основата на различните и радикални развои од изминатите сто години.
1,000 денВо кошничка
Крв и блесок
Крв и блесок„Крв и блесок“ ја раскажува болната приказна за матадорот Рикардо Гарсија. По голем број борби, тој веќе се чувствува уморно и не сака никогаш повеќе да биде дел од таквите претстави. По смртта на неговиот бандериљеро, тој одлучува да ја напушти арената и никогаш повеќе да не се врати таму. Сепак, на ова се противи неговата млада љубовница Марилена, која со помош на чуварот на Рикардо, го убедува матадорот повторно да се бори. Рикардо се согласува повторно да се спушти во арената, но дали нештата ќе завршат онака како што сите посакуваат, или можеби убиецот одеднаш ќе стане жртва на својот плен…
Добитник на наградата „Гонкур“ за 1935 година
300 денВо кошничка
Крикот на Икарот
Крикот на ИкаротАдем Гајтани, по вокација, бездруго е лиричар чии љубопитства на духот се интимните потраги по недоловливите суптилности на немирот, убавината, внатрешните бранувања, недореченостите на животот. Оваа лирика е една тивка рапсодија којашто самиот автор ќе ја нарече „преточување на мислата во чувство и на чувството во мисла“. Таа сета е грч, напнатост, упорно стремење кон дофатот на таа посакувана хармонија. Тоа е лирика што се разлева во елегични созвучја, во импресионистички меланхолични снимки на минливоста, во неизгасена жед за експлозијата и убавината кај човекот и природата. Тоа е лирика на задржани и претпазливи позајмувања на видливите и невидливите убавини што, напати, можат, дури како тајни, да се отклучат со малото клуче на песната. Дури и за миг.
300 денВо кошничка
Криминолошки профил
Криминолошки профилМагистерскиот труд на Крсте Маљановски е прв труд, кој со соодветна научна методологија и соодветен теоретски пристап го проучува кривичното дело силување и неговите сторители во РМ на начин и со метод што му овозможија да ги изведе битните карактеристики на ова дело во однос на вкупниот криминалитет и криминалитетот од соодветна глава и карактеристиките на сторителот на овој криминалитет со обид да се создаде тип на сторител на кривичното дело силување.
Овие истражувања во криминологијата имаат посебно значење бидејќи треба да послужат како основа за проверка, и на нов начин да се обликуваат инкриминациите во кривичниот законик …
350 денВо кошничка
Критики и толкувања
Критики и толкувањаВо текстовите од литературната критика најмногу биле застапени промоцијата на книги, театарската критика и критиката насочена кон авторот и неговото дело. Во многу од книгите објавувани во една социјалистичка земја, главно, биле застапени теми од општеството и револуцијата, па затоа самите книги, на овој начин, биле и промовирани и критикувани. Мустафа Карахасан, кој напишал најмногу текстови, ја објаснил оваа ситуација со следната реченица: „Во ова денешно модерно време, во ова демократско и самоуправно општество личниот и општествениот живот на секој поединец навлегува во центарот на секој текст“.
300 денВо кошничка
Крушево и неговите борби за слобода
Крушево и неговите борби за слобода(50) Историографската книга „Крушево и неговите борби за слобода“ од Никола Киров-Мајски претставува едно од првите поцелосни истории за ова древно и непокорно гратче и неодминлив и неисцрпен извор за сите проучувачи на Илинденскиот револуционерен чин. Во неа тој дава едно реално видување, во вид на кратка историја, на политичките борби на Крушево до Илинденското востание, со посебен осврт на Илинденската револуција и на нејзините херојски епски борби како највисок дострел на револуционерните напори и обиди на македонскиот народ за слобода и создавање на своја сопствена држава. Иако мала по обем, таа претставува прва историја на Крушево и значајно сведоштво за македонската илинденска голгота. Всушност оваа книга претставува историја на политичките борби на народот од овој крај за конечно ослободување од неподносливото турско ропство, како и од духовните и политичките влијанија од соседните држави на Балканот.
250 денВо кошничка
Лесен начин да ставите крај на пушењето
Лесен начин да ставите крај на пушењето300 денВо кошничка
Лесен начин да ставите крај на пушењето
Лесен начин да ставите крај на пушењетоЗа да се откажете од пушењето потребно е само да ја прочитате оваа книга. Додека ја читате смеете дури и да пушите. Нема застрашувачки тактики, нема да се здебелите, а откажувањето нема да го чувствувате како лишување. Ако сакате да се ослободите од навиката, тогаш зграпчете ја шансата. Ален Кар им помогна на милион луѓе да станат среќни непушачи. Неговиот уникатен метод ја отстранува психолошката зависност од цигари и во буквална смисла ве ослободува.
300 денВо кошничка
Ловец на души
Ловец на души„ЛОВЕЦ НА ДУШИ“ е прв вистински возбудлив акционен роман на македонски јазик, кој од многу аспекти ги исполнува светските критериуми на овој жанр. Се чита во еден здив. Опишува период кој се случува не толку одамна, и не така далеку: зборува за војната во Босна и Херцеговина. Мистеријата на злото влезено во луѓето, кое тежнее да го убие телото и неговите атрибути (животот, духот, вољата, достоинството), е прикажано преку оние луѓе кои во војната склопија сојуз со ѓаволот. Оттука и целата книга се стреми да не потсети на значењето на нашиот живот… На крајот на книгата, покрај големиот број жртви победува доброто, сепак со неможноста на главниот јунак, да го убие синот на ѓаволот Бастијан. Значи се останува исто, злото постоело и ќе постои, разликата е само во методите на борба против него.
250 денВо кошничка
Лузитанци
ЛузитанциЕпска поема инспирирана и посветена на освојувачките походи на море, од Европа до Индија, на славниот морепловец Васко де Гама, кој е првиот Европеец што стигнал до Индија по прекуокеански пат, сврзувајќи ја Европа со Азија, а со тоа и Западот со Истокот. Имено, неговиот поход ќе остане врежан во светската историја како еден од првите обиди за колонизација на Европа, на Новиот свет и стремежот кон другите континенти, богатства и народи, како и приказна за создавањето на великата лузофонска империја, како своевидна предлошка и матрица на светскиот империјализам.
520 денВо кошничка
Македонија и копнежот за слобода
Македонија и копнежот за слобода(28) Книгата „Македонија и нејзиниот копнеж за слобода“ претставува краток географско-историски преглед на Македонија. Во оваа смисла, во текстот има повеќе наслови кои се однесуваат на името и географскиот опфат на Македонија, на нејзината клима, на водните и рудните богатства, сообраќајната инфраструктура, стопанските можности, населението, суштината на македонското прашање, политичката судбина на Македонија во конкретното време итн. Шалдев пишува со конкретна мисла, неговата лична определба, но и субјективниот став, доминираат во текстот.
400 денВо кошничка
Македонија и македонските Бугари
Македонија и македонските Бугари(27) Книгата е напишана со едноставен јазик, а историскиот наратив го следи хронолошкиот принцип. Оваа книга ја препорачуваме пред сè на студентите по историја, како четиво од првите децении на XX век, кое може и треба да се анализира и разработува со современи историски принципи, техники и методи. На тој начин се гради и култивира вештината за дебатирање, полемизирање, говорништво. Накратко, тоа е вистинскиот начин на кој се јакне научната димензија на историјата.
300 денВо кошничка
Македонија и македонското прашање
Македонија и македонското прашање(26) Доколку читателот кога ќе ја чита оваа новопубликувана книга на македонски јазик може уште на самиот почетокот да се ослободи од асимилаторските стремежи на авторот Иван Стојанов во врска со бугаризирањето на Македонија, тогаш ќе може со уживање да ја совладува основната содржина на книгата и да осознае доста интересни настани од македонската национална историја од антика па до крајот на Првата светска војна.
500 денВо кошничка
Македонија и нејзините претенденти
Македонија и нејзините претенденти(30) Димитар А. Спиров објавил текст структурно и идејно карактеристичен за XIX век. Обидувајќи се да го зајакне искажаниот став, тој се повикува на „историски аргументи“ (средновековната политичка традиција на пр.), со што би обезбедил легитимитет за временско првенство на бугарската „голема идеја“ во идеолошкиот натпревар со реалните соперници, српската и грчката, во однос на Македонија. Сите историски митови, ликови и процеси тој ги вреднува според нивниот придонес кон остварувањето на националниот идеал – санстефанските прелиминарни граници. Овој наратив (во голема мера искривен) требал да биде во функција на изградба на национално (бугарско) единство, но и да се поведат луѓето против разните стварни и божемни внатрешни и надворешни непријатели, во конкретното историско време.
350 денВо кошничка
Македонија и турската револуција
Македонија и турската револуција(12) Во оваа книга, што всушност претставува студија за состојбите во Турската империја и во Македонија, пред и за време на Младотурската револуција во 1908 година, Григор Василев го разгледува решавањето на македонското прашање од аспект на Социјалдемократската партија на Бугарија, на која тој во младите години ѝ припаѓал. Книгата ги содржи неговите говори и објавени статии во врска со положбата на Македонија под турска власт, односот на Бугарија кон Македонија и начините на решавањето на македонското прашање.
450 денВо кошничка