Shop
Зајко е богат
Зајко е богатДејството е сместено во 1979 година. Хари „Зајко“ Ангстром веќе не трча, сега оди и чувствува како многу често снемува здив.
Неговиот живот е во совршен ред, тој е главен застапник и косопственик на „Спрингер моторс“, носи скапи одела, а неговата банкарска сметка секојдневно расте. Од друга страна тука е и неговата жена која времето го поминува главно на две локации, или дома или во клубот, работејќи на својата форма.
Но ако сè е во совршен ред тогаш зошто му е толку тешко да прифати како нештата излегле на крајот?
И зошто, кога ќе го погледне своето семејство, постојано чувствува некакво неописливо каење за сите тие животи кои нема да ги проживее?
500 ден 250 денВо кошничка
Заговорот против Тодор Александров
Заговорот против Тодор Александров450 ден 275 денВо кошничка
Заговорот против Тодор Александров
Заговорот против Тодор Александров(75) Книгата е објавена од раководството на ВМРО, блиско до Иван Михајлов, најпрвин, да се запознае членството на Организацијата и македонската емиграција во Бугарија за спроведените истраги и расветлувања и да се објаснат мотивите за убиството на легендарниот водач на ВМРО. Книгата е пишувана и со цел да се насочи вината на убиството на Тодор Александров кај одделни внатрешни сили во ВМРО и надворешните фактори, пред сè кај: војводите Алеко Паша и Георги Атанасов, раководството на Илинденската организација, Георги Занков и Арсениј Јовков, левицата во ВМРО, Владислав (Славчо) Ковачев и Димо Хаџи Димов, Димитар Влахов и Петар Чаулев и кај Коминтерната и Бугарската комунистичката партија.
450 ден 275 денВо кошничка
Задачите на македонската младина во странство
Задачите на македонската младина во странство150 ден 75 денВо кошничка
Задачите на македонската младина во странство
Задачите на македонската младина во странство(03) Брошурата „Задачите на македонската младина во странство“, всушност, претставува реферат којшто Кирил Прличев го напишал на барање на Сојузот на македонските младински организации во Бугарија по повод одржувањето на Третиот конгрес на Сојузот во Софија на 21 ноември 1926 година. Прличев со задоволство ја прифатил поканата, бидејќи, како што пишува во предговорот на брошурата, 25 години бил во непосреден контакт со македонската младината, сметајќи дека сите нации сметаат дека иднината е во младината и дека „денешната младина ќе бидат утрешните граѓани“.
150 ден 75 денВо кошничка
Задгробен разум
Задгробен разумКористејќи го своето богато дипломатско искуство и способност за аналитички просудби, Петровски овој пат, во романот Задгробен разум, главно се фокусира на судбинските настани по периодот што го живееме од осамостојувањето на македонсата држава. Слично како и во претходните негови романи, акцентот е ставен на пресудните теми за современоста исполнета со жестоки предизвици и трауми, делби и омрази, коишто оставаат длабоки траги во свеста на обичниот човек и во колективната меморија.
250 ден 125 денВо кошничка
Законот
ЗаконотГротескната игра на Законот што се играла во таверните во јужна Италија е само сенка на еден уште пожесток став кон животот; моќна метафора за енергичниот хиерархиски поглед за постоењето кој владеел над Меѕоџорно, гнездото на културата во јужна Италија. Овој роман не бара од нас да ја помилуваме или осудиме страста на Дона Лукреција, сигурната самофокусираност на учениот ари- стократ Дон Цезар или дури и злобните желби на Матео Бриганте, кумот кој сака да има сè под контрола. Од нас себара само да набљудуваме. Во таа смисла Законот помалку изгледа како дело со чиста фикција, а повеќе како серија од остроумно забележани патувачки скици.
330 ден 165 денВо кошничка
Записи
Записи(33) Преку „Записите“ на војводата Христо Н. Македонски која го опфаќа периодот од 1852 до 1877 година се обработуваат се стремежите, идеалите, чувствата, очекувањата, постапките, мотивите, радостите, болките, релациите, ангажирањата не само на една индивидуа, туку на многу индивидуи – имени и безимени, кои ги прават општеството и „големата“ историја.
Оттука, овој специфичен историографски жанр, колку и да изгледа навидум едноставен, всушност претставува комплексна историја на настани и на процеси во заемна интеракција. Затоа и ја препорачуваме на читателската публика.
700 ден 350 денВо кошничка
Зборник на трудови презентирани на конференција „Живата соба“
Зборник на трудови презентирани на конференција „Живата соба“350 ден 175 денВо кошничка
Зборник на трудови презентирани на конференција „Живата соба“
Зборник на трудови презентирани на конференција „Живата соба“350 ден 175 денВо кошничка
Злосторство – Шест месеци од убиството на Александар Протогеров
Злосторство – Шест месеци од убиството на Александар Протогеров450 ден 275 денВо кошничка
Злосторство – Шест месеци од убиството на Александар Протогеров
Злосторство – Шест месеци од убиството на Александар Протогеров(76) Книгата е напишана во 1929 година, шест месеци по убиството на членот на ЦК на ВМРО, генералот Александар Протогеров, на 7 јули 1928 година по наредба Иван Михајлов, исто така член на ЦК на ВМРО. Авторот книгата ја напишал како реакција на објавената книга од страна на приврзаниците на Иван Михајлов „Зошто беше убиен Александар Протогеров“, во 1928 година во Софија. Убиството на Александар Протогеров се случило во крајно заострени односи меѓу него и Иван Михајлов, како членови на ЦК на ВМРО…
450 ден 275 денВо кошничка
Зошто беше убиен Александар Протогеров
Зошто беше убиен Александар Протогеров800 ден 400 денВо кошничка
Зошто беше убиен Александар Протогеров
Зошто беше убиен Александар Протогеров(78) Во воведот на книгата, анонимниот автор, односно автори, заземајќи страна на Иван Михајлов, ја истакнува и целта што сака да се постигне со објавувањето на книгата: да се распространат заблудите што кружат во јавноста за убиството на А. Протогеров; и да и се даде можност на „вистинските пријатели на македонската ослободителна борба“, да ги проценат објективно настаните околу убиството на А. Протогеров. Преку расветлувањето и изнесувањето на фактите и документите и нивно анализирање, се дава можност „секој чесен човек“ да донесе правилно мислење за причините за убиството на А. Протогеров, кој, според мислењето на авторот на книгата, А. Протогеров бил „егзекутиран“, во името на „високите интереси на Внатрешната македонска револуционерна организација, верен заштитник на интересите на поробена Македонија“. Притоа, во книгата, преку фактите и документите, авторот настојува да „се стави крај на легендата за ‘величината’ и значењето на Протогеров за Македонското ослободително движење“.
800 ден 400 денВо кошничка
Зошто дојдовме?
Зошто дојдовме?(38) Војводата Панчо Михајлов – Чавдар одржал величествен говор пред ќустендилските граѓани, обраќајќи им се со зборовите:
„Ние доаѓаме од земјата на вечните солзи – Македонија, балканската голгота… Таму во Македонија ние со успех водиме борба на живот и смрт со онаа бесна власт што го носи валканото име ‘српска’, со онаа византиска управа што се нарекува ‘грчка’ и со многу други непријатели на македонската слобода. Нашите позиции таму се непробојни, затоа што целото население застана под знамето на ВМРО, кое единствено војува за слободата на Македонија, зашто маките и солзите ни се заеднички. Борбата за слободата на Македонија ќе ја водиме додека зората на слободата не огрее и над таа, колку измачена, толку убава земја“.
150 ден 75 денВо кошничка
Избрани раскази
Избрани расказиИзбор на раскази од авторите: Шукру Рамо, Мустафа Карахасан, Суреја Јусуф, Махмут Киратли, Фахри Каја, Реџеп Бугарич, Ѓулер Селим, Авни Енѓулу, Авни Абдулах, Мустафа Јашар, Алаетин Тахир, Суат Енѓулу и Енвер Илјас.
450 ден 275 денВо кошничка
Избрани раскази
Избрани расказиПо избор и редакција на Халил Зендели, во оваа збирка раскази, претставени се осум автори на раскази: Шкелзен Халими, Халил Зендели, Шазим Мехмети, Авни Халими, Хајрула Мисини, Хајри Шаќири, Бурханедин Џемаили и Бејтуш Мехмети.
350 ден 175 денВо кошничка
Изведба на објекти од високоградба
Изведба на објекти од високоградба3,000 ден 1,500 денВо кошничка
Изведба на објекти од високоградба
Изведба на објекти од високоградбаНапишана од тим автори со децении искуство во архитектурата, градежништво, инженерство, и предавање, „Изведба на објекти од висока градба: начела, материјали и системи“ претставува опсежен, целосно илустриран вовед во градежните методи и материјали. Оваа пионерска книга беше развиена и дизајнирана за употреба како учебник и незаменлива професионална референција. Уникатната организација на книгата дозволува несекојдневно истражување на изведбата на висока градба. Начелата во градежништвото се опфатени во првиот дел, додека пак материјалите и системите се опфатени во вториот дел.
3,000 ден 1,500 денВо кошничка
Илинденското востание
Илинденското востание(07) Авторот ги анализира причините поради кои, според него, бил попречуван успехот на Илинденското востание. Хаџи Димов ги пишувал овие страници од македонската историја, од македонската судбина во тоа време, со надеж и со сопствена визија како треба да се оди напред во разрешувањето на македонското прашање со сите негови аспекти. Илинденското востание е еден голем историски факт од историјата на македонските револуционерни борби. Или како што ќе забележи авторот: За секој Македонец Илинденското востание претставува дел од неговиот живот – до таа мера тоа е поврзано со неговото сеќавање и со неговата душа. Едноставно, Илинденското востание е дефинирано како востание со чисто народен карактер, како величествен израз на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода.
150 ден 75 денВо кошничка
Искуство со транспортот
Искуство со транспортот„Два од најоригиналните мислители во транспортот – Гарисон и Левинсон – ги здружиле силите за да создадат една навистина единствена книга. Додека повеќето научници ги истражуваат проблемите со транспортот од различни дисциплинарна перспектива, овие двајца самопрогласени ’транспортери‘ низ дваесет и осум широкоопсежни поглавја раскажуваат за едно ново дисциплинарно гледиште кое во центарот го има транспортот и преку кое економските, политичките и технолошките прашања може да бидат разгледани
со едно сосема поинакво светло.“ – Брајан Д. Тејлор
1,000 ден 500 денВо кошничка