Shop
Страдањата на 323 македонски заточеници во Дијар Бекир: 1903-1904
Страдањата на 323 македонски заточеници во Дијар Бекир: 1903-1904150 ден 75 денВо кошничка
Страдањата на 323 македонски заточеници во Дијар Бекир: 1903-1904
Страдањата на 323 македонски заточеници во Дијар Бекир: 1903-1904(24) Книгата зборува за страдањата на македонските заточеници и за маченичкото чекорење по ирационалните далечини. Таа е пишувана со едноставен јазик Се спомнуваат многу индивидуи – обични, имени и безимени, нивните постапки, мотиви, болки и страдања.
150 ден 75 денВо кошничка
Судска психологија со психопатологија
Судска психологија со психопатологија500 ден 250 денВо кошничка
Судска психологија со психопатологија
Судска психологија со психопатологијаДелото од формален аспект е поделено на два структурни дела, судска психологија и психопатологија кои ја прават функционалната целина. Делото првенствено е наменето за судиите, обвинителите, истражителите, полициските службеници, вработените во центрите за социјална работа и пошироката јавност.
500 ден 250 денВо кошничка
Татковци и деца
Татковци и децаАвторот, со леснотија и мајсторство, ја слика феудална Русија, со поетски реализам и имагинација, ја регистрира и ја овековечува руската периферија, отфрлените и не многу среќните луѓе.
Во своите новели ги опишува необичните и интересни типови на руските селани, кои се природно способни и надарени, а во романите, кои се означени и дефинирани како романи на карактерите, го сецира и го анализира општествениот развој на Русија. Притоа, прикажани се најкарактеристичните претставници на руските интелектуалци, нивниот развиток, судбината и односот кон општествената проблематика.
300 ден 150 денВо кошничка
Телекомуникации и бизнис стратегија
Телекомуникации и бизнис стратегија1,000 ден 500 денВо кошничка
Телекомуникации и бизнис стратегија
Телекомуникации и бизнис стратегијаТелекомуникации и бизнис стратегија е книга којашто мора да ја прочита секој што цели кон тоа накратко да се запознае со индустријата на телекомуникациите од бизнис и економска перспектива. Гершон црпи од своето 30-годишно академско искуство во областа на индустријата, со цел да му овозможи на читателот многубројни ажурирани информации, увиди и студии на случај. Јас топло ја препорачувам оваа книга на секој којшто држи курсеви по телекомуникациски менаџмент.
1,000 ден 500 денВо кошничка
Теорија на уметноста: Историски вовед
Теорија на уметноста: Историски вовед3,000 ден 1,500 денВо кошничка
Теорија на уметноста: Историски вовед
Теорија на уметноста: Историски воведТеорија на уметноста, второ издание е уникатно истражување на западната мисла за уметноста од антички времиња до денес. Ова луцидно и живо четиво кое ги зајакна потребите на читателот и студентите почетници, се состои од шест глави кои ги покриваат главните периоди од историјата на западната историја на уметноста: Антиката и Средниот век, Раниот модерен период (Ренесанса и Барок), Просветителството, Деветнаесеттиот век, Модернизмот од почетокот на дваесеттиот век и Постмодернизмот.
3,000 ден 1,500 денВо кошничка
Трагедии
ТрагедииТрагедијата што ја исполнува целта (состав на собитија кои ја донесуваат вистината за падот од среќа во несреќа, поради грешка) се обидува, што е можно посовршено, да ја поддражува стварноста разбрана како природа и материјалност. Низ процесот на поддражување се пресоздаваат законите на устројството на природното и се насетува обликот и идеалот зад него.
И покрај релативно малиот број првонаградени дела за време на неговиот живот (4 од 92 дела), Еврипид бил најпрочуениот и најомилен трагичен поет на своето време и на вековите од Антиката, што следат по неговата смрт.
520 ден 260 денВо кошничка
Трите судски процеси: Прага-Табор-Виена-Милано
Трите судски процеси: Прага-Табор-Виена-Милано900 ден 450 денВо кошничка
Трите судски процеси: Прага-Табор-Виена-Милано
Трите судски процеси: Прага-Табор-Виена-Милано(42) Трите судски процеси претставуваат „три болни моменти од македонската борба“ по Првата светска војна, кога ВМРО „во своето дејствување против денешното ропство беше принудена да одделува време и да прави дополнителни напори за да го ограничи дејствувањето било на предавници во своите редови, било на други одговорни лица, кои водени од лични побуди, се поставиле во служба на поробувачите на Македонија“.
900 ден 450 денВо кошничка
Туѓи писма
Туѓи писмаНапишан во 1968 година, а за првпат издаден во 1997 година, скоро триесет години подоцна.
Доколку романот излегол во печат во периодот кога е создаден, секако ќе завршел неславно. Во тоа време ќе го осуделе како „идеолошки пресврт“ и „клеветничка невистина“.
Денес, повеќето гледаат на приказната како носталгија за она доброто што некогаш живеело во душата на луѓето и покрај сите парализирачки надворешни околности.
Со читање на романот се навраќаме на шеесеттите и седумдесеттите години. По неколку прочитани страници, се добива впечаток дека приказната содржи премногу детали.
Но, тоа е само стилската алатка на Александар Морозов.
200 ден 100 денВо кошничка
Улогата на менаџментот врз зголемувањето на мотивацијата на вработените
Улогата на менаџментот врз зголемувањето на мотивацијата на вработените150 денВо кошничка
Улогата на менаџментот врз зголемувањето на мотивацијата на вработените
Улогата на менаџментот врз зголемувањето на мотивацијата на вработенитеМотивацијата на вработените како клучен сегмент во развојот на работните процеси во една компанија, има за цел да им помогне на менаџерите во нивната организација преку поттикнување на потребите и мотивите на вработените за постигнување на подобри резултати, со што вработените би придонеле за раст и развој на претпријатието во повеќе насоки како што се: зголемување на профитот, подобрување на квалитетот на работа, што резултира со поголема конкуретност а со тоа и успех на претпријатието во бизнисот или „Нема добра организација без добар кадар.“
150 денВо кошничка
Уметноста во деветнаесетиот век: Критичка историја
Уметноста во деветнаесетиот век: Критичка историја2,000 ден 1,000 денВо кошничка
Уметноста во деветнаесетиот век: Критичка историја
Уметноста во деветнаесетиот век: Критичка историја„Уметноста во деветнаесеттиот век: Критичка историја“ опфаќа многу аспекти од, таканаречената, „нова“ историја на уметност – посветува внимание на прашањата за класата и полот, прифаќањето и следењето, расизмот и евроцентризмот, истовремено обновувајќи ја значајната виталност, релјефот и субверзивноста на најдобрата уметност од ерата. Секако, авторите инсистираат дека постои длабока симпатија меѓу овие нови перспективи и уметноста која се испитува. Тоа беа авторите од XIX век кои први ги поставија прашањата кои ја загрижија публиката и научниците денес: врската меѓу популарната и елитната култура, наследството на просветителството, канонското прашање и претставувањето на работниците кои се жени или не се припадници на белата раса.
2,000 ден 1,000 денВо кошничка
Уметноста по 1960
Уметноста по 1960Реномираната книга на Мајкл Арчер, која сега е преработена и проширена, содржи најнови информации од дискусии на опширната глобализација на уметноста од средината на 90-тите, што е рефлектирано со растот на изложбениот календар и бројот на нови музеи кои се отвораат низ целиот свет. Со над триесет нови илустрации и ажурирана временска хронологија и библиографија, „ Уметноста по 1960“ дава еден неопходен преглед и е извор на информации за еволуцијата на уметноста во текот на минатите четири децении.
500 ден 250 денВо кошничка
Управувањето на Внатрешната револуционерна организација
Управувањето на Внатрешната револуционерна организација300 ден 150 денВо кошничка
Управувањето на Внатрешната револуционерна организација
Управувањето на Внатрешната револуционерна организација(73) Во книгата Матов ја разработува изборната норматива на Внатрешната револуционерна организација, повеќе во суштинска отколку во формална смисла. Ја развива теоријата за применетиот начин на назначувањето на раководители, раководни тела, судски тела на Организацијата, револуционери – за учители… Го елаборира системот на управување на Организацијата, подржувајќи ја тезата за непостоење на цврста централизација во тоа управување. Всушност гледањето од несогласувачите со него дека Организацијата е централизирана го демантира со своето гледање на оваа состојба како на организационо единство. Го нагласува повеќе моралното влијание отколку влијанието од позиција на власт на повисоките началства на Организацијата во моментите кога требало да се потврди или да се одрекне нешто од подолното управно тело. Во таа смисла ја прави и споредбата со примената на заветот на Александар Македонски „На најдостоинствениот!“.
300 ден 150 денВо кошничка
Федеративна Македонија и великобугарскиот шовинизам
Федеративна Македонија и великобугарскиот шовинизам150 ден 75 денВо кошничка
Федеративна Македонија и великобугарскиот шовинизам
Федеративна Македонија и великобугарскиот шовинизам(36) Во книгата се содржани залагањата на македонската емиграција во Бугарија за создавање посебна македонска држава во рамките на Федеративна Југославија. Пишувана во тогашните повоени комунистички состојби во Бугарија, во брошурата преовладуваат идеолошки оценки за состојбите во македонското револуционерно движење од чисто комунистички аспект, при што најголема критика се упатува кон десницата на Македонската револуционерна организација како главен виновник на убиствата во нејзините редови и против великобугаризмот на бугарските монархистички и „фашистички“ кругови.
150 ден 75 денВо кошничка
Хамлет со црно кече
Хамлет со црно кечеОваа збирка поезија е компонирана како осум глави на една поема. Меѓу осумте циклуси, првиот има вкус на филозофско разочарувачко чудење, додека последниот, „Хиероглифите за пркосот на каменот во бури“, доаѓа како природен заклучок на едно лирско- епско патешествие. Враќањето звучи завршно, истовремено со чувството дека тоа ќе се повторува до бескрај. Во оваа талкање со „вечната кола“, се провлекува еден издвоен глас, којшто еднаш се појавува како странка (јунак), друг пат како второ Јас, а понекогаш идентичен како оној на авторот.
350 ден 175 денВо кошничка
Хуго и Џозефина
Хуго и ЏозефинаЕдно утро кое долго ќе го памети, Џозефина – ќерката на селскиот свештеник – која е креативна, а некогаш и непослушна, сфаќа дека не е сама на патот кон училиштето.
Нејзиниот нов пријател е безгрижниот, но, сепак, необично зрел Хуго, кој живее длабоко во шумата, а оди на училиште само кога нема попаметна работа.
Така, Џозефина веќе не е она дете што не може да се вклопи во друштвото, а училиштето за неа оттогаш станува сосема поинакво – благодарение на Хуго.
Во 1967 година, романот ја добива својата филмска екранизација и ја добива престижната филмска награда од Шведскиот филмски институт, додека во 1974 година се закитува со престижната книжевна награда за детска литература „Ханс Кристијан Андерсен“.
200 ден 100 денВо кошничка