Shop
Алга надвор од морето
Алга надвор од моретоКнигата претставува избрана поезија на Нехас Сопај, издадена во текот на минатите триесет години која, главно, ја преставува неговата најартикулирана поезија. Во творечкиот опус – поет, прозаист и научен творец – делото го отвора профилот и природата на творечкиот лик на Н. Сопај кое претставува едно од највредните современи албански поетски дела.
Збирката песни се доживува како еден животопис на поетот од неговите почетни стапки кон отворањето и освојувањето на светот околу себе. Внатре во овој временски круг јасно се чита егзалтацијата на првите години од поетските вдахновенија и ескалацијата на разочарувањето од книга до книга за на моменти да звучи како драматично самосожалување.
350 ден 175 денВо кошничка
Александар Велики
Александар Велики(45) Со преводот и публикувањето на оваа книга се има за цел македонската читателска објективна јавност да добие можности да се запознае со нова и доста интересна и ретко објективна публикација за древно-античката македонска историја, со посебен осврт на војничко-државничките квалитети на Филип II и особено на Александар III Македонски. Aвторот поседувал солидни сознанија за древно-античката македонска историја, а особено од воената област, што како висок офицер на бугарската армија е доста оправдано и сосема разбирливо.
700 ден 350 денВо кошничка
Алпинистот
Алпинистот„Алпинистот“ е вториот роман на поетот и раскажувач Еќрем Баша. Во првиот, „Вратите на молкот“ фабулната оска, иако мазна и доста редуцирана, во поновиот роман е позбирна, поконцентрирана во една точка: единствениот лик, Алпинистот. Читателот во улога на некој лик можеби ќе стапне на дотогаш неосвоениот врв на планината а што тој цели да го совлада – со име Момина Карпа, а можеби и гратчето од каде тргнува Алпинистот, чие присуство во сижето на романот е само како еден шепот и озборување исфрлени во воздух, но кои како сенка ќе го следат чекор по чекор. Алпинистот сонува да го совлада врвот. За него ова е главна, единствена, посакувана животна цел. Врвот, меѓутоа, праќа сигнали за несовладливост: тој го има одбиено, подбиено и казнето во минатото секој таков претендент…
300 ден 150 денВо кошничка
Апстрактна уметност на крајот од дваесеттиот век
Апстрактна уметност на крајот од дваесеттиот век1,500 ден 750 денВо кошничка
Апстрактна уметност на крајот од дваесеттиот век
Апстрактна уметност на крајот од дваесеттиот век„Апстрактната уметност на крајот од дваесеттиот век“ вклучува антологиски есеи за апстрактната уметност пишувани во текот на четири декади од страна на единаесет од нејзините најдиректни критичари. Следејќи го постгринбергијанскиот развој на критичките прашања како што се сликање на остри рабови, дедуктивна и сериска структура, монохроматска апстракција, психолошка аналогија, регионализам, и „смртта на сликарството“ во постмодернизмот, есеите испитуваат дела од Ад Рејнхард, Френк Стела, Брис Марден, Шери Левин и Герхард Рихтер, меѓу другите.
1,500 ден 750 денВо кошничка
Балканската криза
Балканската криза(58) Во брошурата, којашто ја поделил на седум глави, Л. Неманов прави краток историјат на балканските држави, Србија, Бугарија, по Првата светска војна и по Париската мировна конференција. Своите импресии од посетата и бројните разговори што ги имал со политичарите од Хрватска, Славонија, Босна, Косово, Македонија, Бугарија и Тракија, тој ги пренесува во оваа брошура.
150 ден 75 денВо кошничка
Бахтин
Бахтин„Бахтин и визуелната уметност“ е првата книга со која се оценува релевантноста на идеите на Михаил Бахтин што се однесуваат на сликарството и скулпторството. За првпат објавени во 60-тите години, написите на Бахтин го воведоа концептот на карневал и дијалог или дијалогизам, кои имаат значајно влијание врз различни области, како што се литературата и теоријата на литература, филозофијата, теологијата, биологијата и психологијата.
1,000 ден 500 денВо кошничка
Без плачење
Без плачењеРоман напишан според приказните кои авторката ги слушнала од нејзината мајка, а се однесуваат на Граѓанската војна во Шпанија.
Низ делото може да се препознаат два главни наратори, петнаесетгодишната Монсе, која се наоѓа на крстосница и треба да избере меѓу семејството и револуцијата, должноста и љубовта, и Жорж Бернанос, писател кој со свои очи сведочи за сите братоубиства кои оваа војна го носи со себе.
250 ден 125 денВо кошничка
Берлин Александерплац
Берлин АлександерплацПриказната се однесува на еден ситен криминалец, Франц Биберкопф, штотуку излезен од затвор, кој е навлечен во подземјето. Кога неговиот криминален ментор ја убива проститутката, единствената надеж на којашто се потпира Биберкопф, тој сфаќа дека нема да може да се извлече од подземјето во коешто пропаднал. Тој треба да се справи со бедата, недостатокот од можности и криминалот. Во текот на неговата борба за опстанок против сите настраности, животот го наградува со неочекувано изненадување, но неговата среќа нема да трае долго како што продолжува приказната.
350 ден 175 денВо кошничка
Битката
Битката„Битката“ зборува за битката кај Асперн во 1809 година меѓу француската војска под водство на Наполеон и австриската империја.
Поделена во седум поглавја, секое поглавје всушност ги опишува настаните кои се развиваат во неколку дена, почнувајќи од подготовките за битката, самата битка и денот потоа.
Главниот лик во романот е Наполеон, претставен „како измамен, ненаситен силеџија, управуван од суета и омразен од неговите најблиски другари“. Дводневната битка е опишана во детали, вклучувајќи ги подготовките на Наполеон за битката, неговата избрзана и крајно катастрофална одлука за изградба на понтонски мост преку Дунав како и масовното убиство на стотици затвореници.
300 ден 150 денВо кошничка
Борбата на Македонецот
Борбата на Македонецот(20) Читајќи ја „ Борбата на Македонецот“, впечатокот е дека Кондов како автор е добро запознаен со настаните и процесите што ги обработува. Книгата ја има концептирано во 3 дела, при што првите два имаат функција на вовед во главната тема – причините за појавата на револуционерното движење во Македонија. Определувајќи се уште во предговорот за револуционерниот концепт на борба, Кондов смело, запишал: „Народот ќе востане – корупката на угнетувањето ќе пукне, ќе експлодира како вулкан!“ Со цел да го аргументира овој став во конкретната писмена разработка, тој почнува со прилично упатена историска ретроспектива на настаните и процесите што се случувале од воспоставувањето на османлиската власт во Македонија и на Балканот, до завршување на Источната криза (1878).
300 ден 150 денВо кошничка
Бројачи
Бројачи„БРОЈАЧИ“ е неверојатен трилер за луѓето со неверојатни моќи- да ја пресметаат патеката на куршумот, движењето на објектите, точките на среќавање.И кога авантурата ќе почне од Њујорк, преку Македонија, Јапонија, за да заврши во Либија во кампот на Пустинските убијци, возбудата е тука.Одличен роман на Оливер Ромевски, нормално во филмски стил.
200 ден 100 денВо кошничка
Бугарија и македонското прашање
Бугарија и македонското прашање350 ден 175 денВо кошничка
Бугарија и македонското прашање
Бугарија и македонското прашање(06) Публикацијата е специјално напишана со цел да се види и оправда надворешната политика на Бугарија пред европската дипломатија кон Македонија и македонското прашање во крајот на XIX и почетокот на XX век, и на одреден начин да се оправда учеството, па ако сакате дури и неуспехот на нашиот источен сосед (Бугарија) во Балканските војни, посебно во Втората балканска војна во 1913 година.
350 ден 175 денВо кошничка
Бугарин – националност или професија
Бугарин – националност или професија300 ден 150 денВо кошничка
Бугарин – националност или професија
Бугарин – националност или професијаВо 2014-та година се појави првиот и единствен научен труд кој го разоткрива феноменот на бугарските пасоши за македонски државјани!
Книга која буквално научно ги обелодени сите потези на бугарската држава од пред сто години до сега, но и сите блокади и барања кои ќе ги постави Република Бугарија на Република Македонија.
Одговор на триесет и шест клучни прашања за Република Македонија! Која е бугарската, а која македонската државна стратегија?
Оваа книга стана одлично четиво на студентите по политички науки. Во самата книга има и специјализирана анонимна анкета направена со Македонци-носители на бугарски државјанства. Во книгата е направено потполно разоткривање на целата структура и корумпирана процедура, која беше голем скандал во 2018 година, а авторот ја истражил и предвидел уште во 2014-та!?
300 ден 150 денВо кошничка
Букет песни
Букет песниВо книжевноста на турските творци во Македонија најмногу може да се сретнат песните. Ова не е случајно. Од целата турска книжевност, уште на почетокот најголемо место и внимание им се посветило на песните. Исто така, најголем дел од усните книжевни дела ги сочинуваат песните. Во сите книжевни епохи значајно место заземаат песните. Ако појдеме од овој факт можеме да воочиме дека турските творци во Македонија почнуваат со песни во нивното творештво. Преку ова се гледа традицијата која се пренесува илјадници години. После песните, многу значајни биле и кратките раскази. Првите обиди за пишување романи започнуваат во подоцнежни години.
400 ден 200 денВо кошничка
Букет песни за деца
Букет песни за децаГлавни теми се општествените настани. Големо влијание за ваквата определба е доминацијата на овие теми во текот на првите години по завршување на Втората светска војна. Станува збор за теми од окупацијата, а потоа од изградбата на разурнатата земја. Во оваа книга се поместени творби од млади турски писатели.
Поместените творби во споменатиот избор сведочат за почетокот на една нова малцинска книжевност. Првите турски писатели во Македонија ги користат плодовите на слободниот живот и преродба.
350 ден 175 денВо кошничка