Домашни автори
Дон Кихот меѓу Албанците
Дон Кихот меѓу Албанците…делото доби и нови прерогативи, стана непреодна парадигма за многу народи во различни времиња, но истовремено стана голема лекција и со универзално, психолошко и морално значење. Овој роман и ден денес зрачи со својата актуелност и виртуелната драматичност.
Али Алиу ќе заклучи: „Книжевноста останува непокорниот чувар на човековата меморија во прилог на зачувување на својот идентитет“. Без сомнение овде некаде е фокусиран и лајтмотивот на книгата: со клучот на Сервантес да се отворат влезните врати во душата на оставената енигма на албанството.
500 денВо кошничка
Драми (избор)
Драми (избор)Малкумина се оние албански писатели од Македонија кои се испробале и на најспецифичниот и доста комплексен книжевен род. Сепак, со текот на времето, по оние кои традиционално пишувале конвенционални текстови, во седумдесеттите години на површината се појави една нова плејада творци кои со своите творби донесоа нови естетски вредности. Кога говориме за албанската драма во Македонија, тогаш ова се поврзува со имиња, како што се: Муртеза Пеза, Неџат Мустафа, Ќемал Ајдини, Ресул Шабани, Џабир Ахмети, Реџеп Златку, Халил Зендели, Пунторие Муча Зиба, Авни Халими и др.
350 денВо кошничка
Животни бранови
Животни бранови„Прозниот избор го именувавме Dallgët e jetës („Бранови на животот“), според симболиката на содржината на расказите и фрагментите на романите, кои ќе ни раскажуваат како нашите предци пливале спроти брановите на животот, како храбро и јуначки ги совладувале или надминувале за да дојдат до потивки рамнини со повеќе правда, убавина и човечка љубов. Нема да патуваме пред вас по патеките на патот бидејќи сум сигурен дека тоа вие ќе го направите подобро и поубаво.“ (избор раскази за деца)
400 денВо кошничка
За твојот среќен ден
За твојот среќен ден„Овој избор поезија го крстивме според една истоимена песна на поетот, Мехмедали Хоџа: Paç ditë të mbarë („За твојот среќен ден“) и поради тоа што читањето на книга е, покрај другото, еден вид убаво патување, впрочем како што е животот на детето и човечкиот живот воопшто. Посакуваме од срце многу читатели на книгите во училишните библиотеки, библиотеките во населбите и градовите, родители, наставници… страниците на оваа книга да ги придружуваат во пријатни и интересни патувања и освежувања.“
400 денВо кошничка
Задгробен разум
Задгробен разумКористејќи го своето богато дипломатско искуство и способност за аналитички просудби, Петровски овој пат, во романот Задгробен разум, главно се фокусира на судбинските настани по периодот што го живееме од осамостојувањето на македонсата држава. Слично како и во претходните негови романи, акцентот е ставен на пресудните теми за современоста исполнета со жестоки предизвици и трауми, делби и омрази, коишто оставаат длабоки траги во свеста на обичниот човек и во колективната меморија.
250 денВо кошничка
Избрани раскази
Избрани расказиПо избор и редакција на Халил Зендели, во оваа збирка раскази, претставени се осум автори на раскази: Шкелзен Халими, Халил Зендели, Шазим Мехмети, Авни Халими, Хајрула Мисини, Хајри Шаќири, Бурханедин Џемаили и Бејтуш Мехмети.
350 денВо кошничка
Избрани раскази
Избрани расказиИзбор на раскази од авторите: Шукру Рамо, Мустафа Карахасан, Суреја Јусуф, Махмут Киратли, Фахри Каја, Реџеп Бугарич, Ѓулер Селим, Авни Енѓулу, Авни Абдулах, Мустафа Јашар, Алаетин Тахир, Суат Енѓулу и Енвер Илјас.
450 денВо кошничка
Килибарно монисто
Килибарно монистоМилован Стефановски го одбрал најтешкиот образец на раскажување: со малку зборови и нивна лесна проточност, да ни каже многу. Или да ни го раскаже и она што можеби нам веќе ни било познато, но да ни го раскаже така како никогаш дотогаш да не сме го знаеле.
400 денВо кошничка
Книжевна критика
Книжевна критикаВо ова издание, избор на книжевна критика, се опфатени пет автори: Џеват Гега, Махмут Хиса, Лулјета Исаку, Зеќирија Незири, Мирлинда Крифца и Африм Реџепи, кои повремено, или во континуитет ја практикуваа ова гранка на книжевната наука кај нас.
400 денВо кошничка
Комплет Мисија
Комплет Мисија420 денВо кошничка
Крикот на Икарот
Крикот на ИкаротАдем Гајтани, по вокација, бездруго е лиричар чии љубопитства на духот се интимните потраги по недоловливите суптилности на немирот, убавината, внатрешните бранувања, недореченостите на животот. Оваа лирика е една тивка рапсодија којашто самиот автор ќе ја нарече „преточување на мислата во чувство и на чувството во мисла“. Таа сета е грч, напнатост, упорно стремење кон дофатот на таа посакувана хармонија. Тоа е лирика што се разлева во елегични созвучја, во импресионистички меланхолични снимки на минливоста, во неизгасена жед за експлозијата и убавината кај човекот и природата. Тоа е лирика на задржани и претпазливи позајмувања на видливите и невидливите убавини што, напати, можат, дури како тајни, да се отклучат со малото клуче на песната. Дури и за миг.
300 денВо кошничка
Критики и толкувања
Критики и толкувањаВо текстовите од литературната критика најмногу биле застапени промоцијата на книги, театарската критика и критиката насочена кон авторот и неговото дело. Во многу од книгите објавувани во една социјалистичка земја, главно, биле застапени теми од општеството и револуцијата, па затоа самите книги, на овој начин, биле и промовирани и критикувани. Мустафа Карахасан, кој напишал најмногу текстови, ја објаснил оваа ситуација со следната реченица: „Во ова денешно модерно време, во ова демократско и самоуправно општество личниот и општествениот живот на секој поединец навлегува во центарот на секој текст“.
300 денВо кошничка
Ловец на души
Ловец на души„ЛОВЕЦ НА ДУШИ“ е прв вистински возбудлив акционен роман на македонски јазик, кој од многу аспекти ги исполнува светските критериуми на овој жанр. Се чита во еден здив. Опишува период кој се случува не толку одамна, и не така далеку: зборува за војната во Босна и Херцеговина. Мистеријата на злото влезено во луѓето, кое тежнее да го убие телото и неговите атрибути (животот, духот, вољата, достоинството), е прикажано преку оние луѓе кои во војната склопија сојуз со ѓаволот. Оттука и целата книга се стреми да не потсети на значењето на нашиот живот… На крајот на книгата, покрај големиот број жртви победува доброто, сепак со неможноста на главниот јунак, да го убие синот на ѓаволот Бастијан. Значи се останува исто, злото постоело и ќе постои, разликата е само во методите на борба против него.
250 денВо кошничка
Милован Стефановски – комплет 1
Милован Стефановски – комплет 1Комплет од збирка поезија и збирка раскази
Авторот го избрал најтешкиот образец на раскажување: со малку зборови и нивна лесна проточност, да ни каже многу.
- Ѕид пред бескрајот – Милован Стефановски
- Килибарно монисто – Милован Стефановски
500 денВо кошничка
Мисија
МисијаСкопје, Градски Парк
Поручникот Санчез полека го возеше армискиот џип со ознаки на КФОР движејќи се кон градскиот парк во Скопје. Пушти долги светла да има подобра прегледност на патот. Беше напнат. Гласот на девојката што го повика беше пријатен и му остави впечаток на сериозност. Му нудеше шанса да напредува во кариерата и да се приближи до Вашингтон. Му беше здодеало на Балканот, заборавен, без можност за промоција. Девојко, подобро да го имаш тоа што го кажуваш, си рече и погледна кон пиштолот кој го имаше оставено на совозачкото седиште. Една минута до полноќ, погледна на часовникот. Само што помисли да посегне по мобилниот телефон… заѕвони.
300 денВо кошничка