Домашни автори
Мисија 2
Мисија 2„Не се плашам! Не се плашам! Не се плашам!“, повторуваше додека ја приближуваше инјекцијата кон подлактницата. Го допре врвот на иглата до набрекнатата вена. Забрзано дишеше. Му беше страв. Не само што немаше смелост да ја забоде иглата во вената, туку се плашеше и од содржината во шприцот. Посакуваше да може да ја консумира течноста орално, но во тој случај одбранбениот систем на неговото тело веднаш ќе почне да дејствува и ензимите во плунката ќе го неутрализираат дејството на растворот уште пред да дојде во допир со крвта. Целта беше влијанието да дојде до централниот нервен систем, онаму каде што требаше да се постигне промената.
300 денВо кошничка
Најтешкото нешто
Најтешкото нешто„…урбана драма со бројни неочекувани животни пресврти, еден вид сурова приказна за љубовта и религијата, за злото и предавството, но и за непредвидливата и не ретко монструозна човечка особина за нанесување голема болка, поради алчност и страст. На едно место во текстот и самиот автор вели дека ова е приказна за судбината и јагодите создавајќи еден вид алегориска поврзаност со овој нежен плод кој на еден индиректен начин може да се земе и како своевиден водич низ наративниот тек на романот. Токму јагодите што се одгледуваат во близината на Скопје, всушност, ја претставуваат основата на оваа приказна бидејќи сѐ се врти околу нив, но тивко и ненаметливо и никогаш на прво место.“
400 денВо кошничка
Немир во колепка
Немир во колепкаАвторот, преку своето секојдневие, контактите со луѓето ја продлабочувал својата потрага по корените. Неговата деликатна личност, рефлексијата на добрината и великодушноста, како да се ставени во служба на отворање пат за неговата внатрешна визија, за да го совлада својот вистински поетски простор, кому дефинитивно му се предал… Низ поезијата на Ислами се следи нишка за неговото родно место, во подножјето на Шара, неговото огниште.
400 денВо кошничка
Оливер Ромевски – Комплет 1
Оливер Ромевски – Комплет 1Комплет романи напишани во филмски стил
Два романи со возбудливи приказни и многу акција, кои се читаат во еден здив.
- Бројачи – Оливер Ромевски
- Ловец на души – Оливер Ромевски
300 денВо кошничка
Пахинтика во сон
Пахинтика во сонБез сомнеж, станува збор за едно посебно градење на структурата на овој текст, кое се одвива меѓу реалното и нереалното, каде ликовите, членови на различни социјални слоеви, го откриваат нивниот духовен профил, профил кој ги има и ќе ги има истите контури во секое време.
Драмата „Пахинтика во сонот“ (изведена во Албанскиот театар од Скопје) е текст кој бара внимателно читање, бидејќи само на таков начин ќе успееме да навлегуваме во длабочината на фабулата која е една фабула со толку трагична, колку и болна содржина.
300 денВо кошничка
Поезија I – избор
Поезија I – изборВо првата збирка поезија албанскиот поетски простор во Македонија се протега во целата втора половина на XX век, можеби и понатаму. Еден дел од поетите, како Неџат Пустина, но и Мустафа Лачи, се родени во првите децении на XX век, и помладите, како Јехона Салиу, Блета Бегу, Даим Мифтари и др., се родени во последните децении на истиот век. Првите, со своите стихови ја донесуваат аромата, повоениот ентузијазам по Втората светска војна, оптимистичкиот полет на албанскиот свет во овој простор, носат вкус и дух на усната поезија, додека, пак, другите ги донесуваат чувствителноста, визијата и вознемирите на почетокот на XX век.
350 денВо кошничка
Поезија II – избор
Поезија II – изборИ во регистарот на првата збирка и во склоп на регистарот на втората збирка присутни се, меѓу другите, и имиња кои сега веќе зазеле свое место во националното поетско небо на албански јазик. Ги имаме предвид, пред сè, делото на Линдита Ахмети, но и имињата како: Шкелзен Халими, Салајдин Салиху, Шазим Мемети, Авни Халими, Илир Ајдини, Лулзим Хазири и др.
350 денВо кошничка
Простени гревови
Простени гревовиПрвобитна тематска орбита во поезијата на Мурат Исаку е колективната егзистенција и преведениот опстанок низ историјата и социјалните рефлексии. Циклусите се со силен емоционален набој, вклучувајќи ја инспирацијата која доаѓа од сеќавањето за детското огниште и драматичната историја до кругот на семејството, потесно и пошироко, реално и метафорично, и интимните талкања и летови, заедно со двата тематски столба, кои ги носат бојата и вкусот на драматичното минато, оптоварувањето на една разочараност и потиштеност, горчливиот вкус на судбината, исто како што самостојно имаат вкоренето и вродено една длабока верба, еден отворен и благонадежен хоризонт кон утрешнината.
450 денВо кошничка
Рапави стихови
Рапави стиховиРоманот „Рапави Стихови“ покренува едно суштествено прашање: како да се преобрази Куќата во Дом, во топло семејно огниште. Кога животот се поминува во потрага по таков Дом кој ќе биде огледало на архетипот на Домот, природно е да се очекува да дојде до опсесивна обземеност од идејата за враќањето во првата куќа, природно е да дојде до фасцинација од идејата за првата куќа (не од самата куќа!).
400 денВо кошничка
Светот се врти околу југ
Светот се врти околу југПоетски опсесии на авторот се: татковината, родниот крај и семејството, човечката љубов, слободата, вистината и др. Неговата поезија е едноставна, но величествена. Нема ништо покомплицирано од едноставноста. За да се дојде до неа потребен е мачен пат. Неговата поезија е „отворена“ кон читателот која многу кажува.
Поезијата на Винца, често, силно се потпира, како што забележал и познатиот истражувач Роберт Елсие, на земјата на родниот крај во годините на детството. Винца верува дека уметноста е повторно откривање на детството, додека преголемата желба за него е еднаква на желбата по изгубениот рај.
350 денВо кошничка
СВОЈА: За најважните работи во животот за кои никој не нè подготвува
СВОЈА: За најважните работи во животот за кои никој не нè подготвува450 денВо кошничка
СВОЈА: За најважните работи во животот за кои никој не нè подготвува
СВОЈА: За најважните работи во животот за кои никој не нè подготвуваСВОЈА е приказна за младото и грдо пајче кое се трансформира во прекрасен бунтовен лебед што го освојува светот. Слатки животни раскази кои струјат со енергија, развлекуваат насмевка на лицето, но и предизвикуваат солзи во очите и кои допираат длабоко во душата на читателот. Вистински животни ситуации за упорноста и амбициозноста што водат до успехот и тогаш кога никој не верува во вас. Теми кои предизвикуват немир од реалноста и бруталноста на животот, но и важноста да останете свои и принципиелни до крај.
450 денВо кошничка
Сомничавиот кадија
Сомничавиот кадијаВремето на раскажуваната приказна во романот е лоцирано на втората половина од седумнаесеттиот век. Ова временска рамка, авторот, ја кажува индиректно (по смртта на Паскал, периодот на Луј Четиринаесетти, и др.). Точките врз кои се преплетува настанот, кодовите над кои се раслојува семантичкото значење, над кои се преклопуваат и се откриваат приложените рефлекси се: грабежот на Анамата на Субашата од гратчето (претставник на отоманската власт во имагинарниот албански град), пештерите и легендите за пештерата, ѕидовите на една градба која оди кон завршетокот и останува на половина пат…
350 денВо кошничка
Хамлет со црно кече
Хамлет со црно кечеОваа збирка поезија е компонирана како осум глави на една поема. Меѓу осумте циклуси, првиот има вкус на филозофско разочарувачко чудење, додека последниот, „Хиероглифите за пркосот на каменот во бури“, доаѓа како природен заклучок на едно лирско- епско патешествие. Враќањето звучи завршно, истовремено со чувството дека тоа ќе се повторува до бескрај. Во оваа талкање со „вечната кола“, се провлекува еден издвоен глас, којшто еднаш се појавува како странка (јунак), друг пат како второ Јас, а понекогаш идентичен како оној на авторот.
350 денВо кошничка