Детали за книгата
Спомени
450 ден
(70) Секој човек е приказна за себе, но приказна и за другите. Приказната продолжува да живее кога ќе биде раскажана, кога ќе биде запишана, а особено откако таа ќе биде објавена. Андон Лазов Јанев – Ќосето, покрај тоа што е приказна за себе, во исто време е дел од големата приказна за македонската револуционерна борба од крајот на XIX и почетокот на XX век.
Спомените, поради своите недостатоци, често се неотпорни на критиката, меѓутоа, од друга страна, тие имаат и свои предности бидејќи содржат информации кои не може да ги замени ниту еден друг извор.