Детали за книгата

Мисија

300 ден

Скопје, Градски Парк
Поручникот Санчез полека го возеше армискиот џип со ознаки на КФОР движејќи се кон градскиот парк во Скопје. Пушти долги светла да има подобра прегледност на патот. Беше напнат. Гласот на девојката што го повика беше пријатен и му остави впечаток на сериозност. Му нудеше шанса да напредува во кариерата и да се приближи до Вашингтон. Му беше здодеало на Балканот, заборавен, без можност за промоција. Девојко, подобро да го имаш тоа што го кажуваш, си рече и погледна кон пиштолот кој го имаше оставено на совозачкото седиште. Една минута до полноќ, погледна на часовникот. Само што помисли да посегне по мобилниот телефон… заѕвони.

Сподели ја книгата

WordPress Lightbox