Shop
Предавање за македонското прашање
Предавање за македонското прашање(61) Содржината на „Предавање на С(тојан) Михајловски за македонското прашање“ од 15 септември 1903 година, накратко, би можеле да ја претставиме како актуелно политичка која разгледува неколку атрактивни прашања за тогашниот бугарски предизборен амбиент, како што се бугарско-руските политички односи и односот кон македонското прашање во конкретното време, бугарската надворешна политика и дипломатија, политичките партии и нивните соперништва околу освојувањето на власта, бугарската воена перспектива и друго.
150 денВо кошничка
Прирачник за контрола на хигиената во прехранбената индустрија
Прирачник за контрола на хигиената во прехранбената индустрија1,500 денВо кошничка
Прирачник за контрола на хигиената во прехранбената индустрија
Прирачник за контрола на хигиената во прехранбената индустријаНастаните, како што е побарувачката за минимално обработена храна поставија нов акцент врз добрите хигиенски пракси во прехранбената индустрија. Како резултат, во оваа област се реализираа голем број нови истражувања.
Како дополнение на најдобро продаваната книга на Вудхед, Хигиената во прехранбената индустрија, во која се дава преглед на тековните најдобри пракси во хигиенскиот дизајн и активности, во Прирачникот за контрола на хигиената во прехранбената индустрија се обезбедува сеопфатно резиме за клучните трендови и прашања во рамките на истражувањата на прехранбената хигиена.
1,500 денВо кошничка
Проблемот за Македонија
Проблемот за Македонија(02) Проблемот за Македонија претставува стенографски запис од говорот на д-р Петар Џидров одржан на 27 април 1930 година по покана на Македонското студентско друштво Вардар, испечатен како посебно издание истата година во Софија.
Во годините по Првата светска војна многубројната македонска емиграција во Бугарија дејствуваше организирано, легално и нелегално, низ разни друштва, братства, организации, асоцијации. И сето тоа беше природна потреба да се споделат потребите за самоподдршка, за негување на културните и револуционерните традиции, за барање начини за држење во актуелност на македонското прашање, со надеж за негово разрешување. И Македонското студентско друштво Вардар е една од овие македонски асоцијации меѓу двете светски војни формирано во Бугарија од членови на Внатрешната македонска револуционерна организација. Основната цел на друштвото била преку културно-просветни средства да се води борбата за Автономна Македонија, независна од ниту една балканска држава.
200 денВо кошничка
Продажба и маркетинг на услуги
Продажба и маркетинг на услугиПрирачник кој има за цел да им помогне на менаџерите да ја подобрат продажбата, преку стекнување на подобра позиција на пазарот и градење препознатлив имиџ на компанијата, користејќи сплет на маркетиншки елементи за подобра услуга. Почнувајќи од: зошто е важна услугата – да ги задоволи потребите и очекувањата на потрошувачите, да ги задржи потрошувачите, да гради вредност и квалитет; до анализа – кои се потребите и очекувањата на потенцијалните купувачи, како и што да очекуваат купувачите од одредена услуга при процесот на купување на одреден производ или услуга.
Види повеќе
200 денВо кошничка
Пророкот
Пророкот„Ако сакаш некого, пушти го да си оди, зашто ако се врати, ќе биде засекогаш твој. Ако не, никогаш не бил.“
„Вчера не е ништо освен денешно сеќавање, а утре е денешен сон.“
Ова се едни од најцитираните мисли на Џибран. Впрочем, целото ова дело, секој ред, секоја идеја изобилува со длабока мудрост на која вреди да се потроши време за медитација.
Кога човек ги чита редовите напишани од Халил Џибран, едноставно го исклучува умот и го вклучува срцето. Како врвна поезија, зборовите во „Пророкот“ ги активираат директно емоциите на читателот. И во тој момент додека читаш, сфаќаш дека не ти се обраќа човекот обичен, туку некое повозвишено суштество кое му ги диктирало на авторот зборовите на мудрост и вистина, сеприсутна и безвременска…
250 денВо кошничка
Простени гревови
Простени гревовиПрвобитна тематска орбита во поезијата на Мурат Исаку е колективната егзистенција и преведениот опстанок низ историјата и социјалните рефлексии. Циклусите се со силен емоционален набој, вклучувајќи ја инспирацијата која доаѓа од сеќавањето за детското огниште и драматичната историја до кругот на семејството, потесно и пошироко, реално и метафорично, и интимните талкања и летови, заедно со двата тематски столба, кои ги носат бојата и вкусот на драматичното минато, оптоварувањето на една разочараност и потиштеност, горчливиот вкус на судбината, исто како што самостојно имаат вкоренето и вродено една длабока верба, еден отворен и благонадежен хоризонт кон утрешнината.
450 денВо кошничка
Процес
ПроцесНеговиот најпознат роман „Процес“ претставува комплексно, сложено и повеќеслојно дело. А, земено во целост, сите негови дела се обележани со стравовите, несигурноста и траумите на човековата егзистенција, па токму затоа – и најголемиот број критичари, со право, сметаат дека Франц Кафка и неговото дело му припаѓаат на егзистенцијализмот.
Севкупното дело на Кафка е провокативно, предизвикувачко и фасцинантно. Тоа е постојано модерно и на најилустративен начин говори за општествените турбуленции, личните трауми и премрежиња и колективните метаморфози, односно за (нај)актуелните појави и процеси, животот и современоста… Тоа е парадигма на/за човекот и (не)човечноста, режимот и (не)слободата, вечното себебарање и борба…
300 денВо кошничка
Развој на информациски системи
Развој на информациски системиКлучен текст за многу курсеви по информациски системи, бизнис и менаџмент, како и компјутерски курсеви. Нудејќи детален опфат од традиционалните пристапи па сѐ до најновите методи, уникатната предност на книгата лежи во нејзината комбинација на описи и увиди во методологии, техники и алатки со анализата на контекстот, прашањата и проблеми од реалниот свет поврзани со развојот на информациски системи. Задржувајќи ги овие постојни предности, четвртото издание е темелно ажурирано и ревидирано за да го одрази напредокот во оваа дисциплина којашто брзо се развива и да го вклучи новото искуство на авторите на развојот на информациски системи, како и повратната информација од рецензентите, колегите и студентите.
2,000 денВо кошничка
Рапави стихови
Рапави стиховиРоманот „Рапави Стихови“ покренува едно суштествено прашање: како да се преобрази Куќата во Дом, во топло семејно огниште. Кога животот се поминува во потрага по таков Дом кој ќе биде огледало на архетипот на Домот, природно е да се очекува да дојде до опсесивна обземеност од идејата за враќањето во првата куќа, природно е да дојде до фасцинација од идејата за првата куќа (не од самата куќа!).
400 денВо кошничка
Светот се врти околу југ
Светот се врти околу југПоетски опсесии на авторот се: татковината, родниот крај и семејството, човечката љубов, слободата, вистината и др. Неговата поезија е едноставна, но величествена. Нема ништо покомплицирано од едноставноста. За да се дојде до неа потребен е мачен пат. Неговата поезија е „отворена“ кон читателот која многу кажува.
Поезијата на Винца, често, силно се потпира, како што забележал и познатиот истражувач Роберт Елсие, на земјата на родниот крај во годините на детството. Винца верува дека уметноста е повторно откривање на детството, додека преголемата желба за него е еднаква на желбата по изгубениот рај.
350 денВо кошничка
СВОЈА: За најважните работи во животот за кои никој не нè подготвува
СВОЈА: За најважните работи во животот за кои никој не нè подготвува450 денВо кошничка
СВОЈА: За најважните работи во животот за кои никој не нè подготвува
СВОЈА: За најважните работи во животот за кои никој не нè подготвуваСВОЈА е приказна за младото и грдо пајче кое се трансформира во прекрасен бунтовен лебед што го освојува светот. Слатки животни раскази кои струјат со енергија, развлекуваат насмевка на лицето, но и предизвикуваат солзи во очите и кои допираат длабоко во душата на читателот. Вистински животни ситуации за упорноста и амбициозноста што водат до успехот и тогаш кога никој не верува во вас. Теми кои предизвикуват немир од реалноста и бруталноста на животот, но и важноста да останете свои и принципиелни до крај.
450 денВо кошничка
Сексуална азбука
Сексуална азбукаСтанува збор за четиво од А до Ш за читатели од приодот на адолесенцијата, па сè дури трае виталниот, сексуален живот. И сè тече, сè се менува само сексуалноста останува вечна енигма, никогаш доволно истражувана, разбрана и научно докажана. Сексуалното здравје е исклучително важно за севкупниот психофизички развој на човекот, но стереотипите, стравот и срамот, се пречка за решавање на сексуалните проблеми, на кои не ретко се надоврзуваат и други психофизички непријатности.
400 денВо кошничка
Системски коучинг – Комплет
Системски коучинг – КомплетКоучингот не е наменет за оние на чии визит-картички стои ‘коуч’. Сите ние, на еден или на друг начин, практикуваме коучинг. Иако може да го нарекуваат различно, родителите, наставниците, претприемачите, менаџерите, терапевтите и консултантите, сите многу често практикуваат коучинг. Во „Системски коучинг“ ќе научите како да ги примените вашите знаење и вештини од констелациите правени во ситуации еден на еден. Во секој систем од кој луѓето се дел, постојат обрасци и трауми. Некои од нив се опструктивни. Системскиот коучинг може да ви ги даде знаењето, импулсот и структурата да се справите со тие блокади. Меѓу другото, овие книги содржат и список на повеќе од 40 најчесто среќавани симптоми во системите: што, на пример, се причината и последицата од абортусот, од стаклен плафон или измама во еден систем? И кои се соодветните интервенции?
3,400 денВо кошничка
Системски коучинг – Системска работа без констелации
Системски коучинг – Системска работа без констелации1,900 денВо кошничка
Системски коучинг – Системска работа без констелации
Системски коучинг – Системска работа без констелацииКоучингот не е наменет за оние на чии визит-картички стои ‘коуч’. Сите ние, на еден или на друг начин, практикуваме коучинг. Иако може да го нарекуваат различно, родителите, наставниците, претприемачите, менаџерите, терапевтите и консултантите, сите многу често практикуваат коучинг. Во „Системски коучинг“ ќе научите како да ги примените вашите знаење и вештини од констелациите правени во ситуации еден на еден. Во секој систем од кој луѓето се дел, постојат обрасци и трауми. Некои од нив се опструктивни. Системскиот коучинг може да ви ги даде знаењето, импулсот и структурата да се справите со тие блокади. Меѓу другото, оваа книга содржи и список на повеќе од 40 најчесто среќавани симптоми во системите: што, на пример, се причината и последицата од абортусот, од стаклен плафон или измама во еден систем? И кои се соодветните интервенции?
1,900 денВо кошничка
Системски коучинг и констелации – Принципи, практики и примена за поединци, тимови и групи
Системски коучинг и констелации – Принципи, практики и примена за поединци, тимови и групи1,900 денВо кошничка
Системски коучинг и констелации – Принципи, практики и примена за поединци, тимови и групи
Системски коучинг и констелации – Принципи, практики и примена за поединци, тимови и групиКнигата Системски коучинг и констелации нуди сеопфатен вовед во ставот, принципите и практиките на овој карактеристичен пристап кон коучингот. Тој е изграден на сфаќањето дека секој систем на односи генерира невидливо поле на информации. Во книгата е опишана методологија која овозможува пристап до тоа поле и го прави видливо, а потоа го води читателот додека тој работи со динамиката скриена внатре. Оваа практична, достапна книга стана доверлив извор за индивидуални и тимски коучи, фасилитатори и други професионалци кои сакаат да го поддржат нивното патување во светот на системскиот коучинг.
1,900 денВо кошничка



