Петар Џидров
Единството во македонското движење
Единството во македонското движење(01) Наспроти повеќето изданија објавени во Софија во меѓувоениот период, ова издание е сè уште актуелно, поради тоа што нуди интересно видување за македонската ослободителна борба во периодот по Големата војна и мировната конференција од 1919 год. која ги потврди одредбите од Букурешкиот договор од 1913 г., т.е. го поддржа решението за поделба на Македонија.
150 денВо кошничка
Историски пакет – 1+2
Историски пакет – 1+2Историски пакет – 1+2
И по толку години од нивното издавање, овие две дела на Џидров сè уште се актуелни и ден денес со тематиките кои ги обработуваат.
- Единството во македонското движење – Петар Џидров
- Проблемот за Македонија – Петар Џидров
150 денВо кошничка
Проблемот за Македонија
Проблемот за Македонија(02) Проблемот за Македонија претставува стенографски запис од говорот на д-р Петар Џидров одржан на 27 април 1930 година по покана на Македонското студентско друштво Вардар, испечатен како посебно издание истата година во Софија.
Во годините по Првата светска војна многубројната македонска емиграција во Бугарија дејствуваше организирано, легално и нелегално, низ разни друштва, братства, организации, асоцијации. И сето тоа беше природна потреба да се споделат потребите за самоподдршка, за негување на културните и револуционерните традиции, за барање начини за држење во актуелност на македонското прашање, со надеж за негово разрешување. И Македонското студентско друштво Вардар е една од овие македонски асоцијации меѓу двете светски војни формирано во Бугарија од членови на Внатрешната македонска револуционерна организација. Основната цел на друштвото била преку културно-просветни средства да се води борбата за Автономна Македонија, независна од ниту една балканска држава.
200 денВо кошничка