Shop
Улогата на менаџментот врз зголемувањето на мотивацијата на вработените
Улогата на менаџментот врз зголемувањето на мотивацијата на вработените150 денВо кошничка
Улогата на менаџментот врз зголемувањето на мотивацијата на вработените
Улогата на менаџментот врз зголемувањето на мотивацијата на вработенитеМотивацијата на вработените како клучен сегмент во развојот на работните процеси во една компанија, има за цел да им помогне на менаџерите во нивната организација преку поттикнување на потребите и мотивите на вработените за постигнување на подобри резултати, со што вработените би придонеле за раст и развој на претпријатието во повеќе насоки како што се: зголемување на профитот, подобрување на квалитетот на работа, што резултира со поголема конкуретност а со тоа и успех на претпријатието во бизнисот или „Нема добра организација без добар кадар.“
150 денВо кошничка
Уметноста во деветнаесетиот век: Критичка историја
Уметноста во деветнаесетиот век: Критичка историја2,000 денВо кошничка
Уметноста во деветнаесетиот век: Критичка историја
Уметноста во деветнаесетиот век: Критичка историја„Уметноста во деветнаесеттиот век: Критичка историја“ опфаќа многу аспекти од, таканаречената, „нова“ историја на уметност – посветува внимание на прашањата за класата и полот, прифаќањето и следењето, расизмот и евроцентризмот, истовремено обновувајќи ја значајната виталност, релјефот и субверзивноста на најдобрата уметност од ерата. Секако, авторите инсистираат дека постои длабока симпатија меѓу овие нови перспективи и уметноста која се испитува. Тоа беа авторите од XIX век кои први ги поставија прашањата кои ја загрижија публиката и научниците денес: врската меѓу популарната и елитната култура, наследството на просветителството, канонското прашање и претставувањето на работниците кои се жени или не се припадници на белата раса.
2,000 денВо кошничка
Уметноста по 1960
Уметноста по 1960Реномираната книга на Мајкл Арчер, која сега е преработена и проширена, содржи најнови информации од дискусии на опширната глобализација на уметноста од средината на 90-тите, што е рефлектирано со растот на изложбениот календар и бројот на нови музеи кои се отвораат низ целиот свет. Со над триесет нови илустрации и ажурирана временска хронологија и библиографија, „ Уметноста по 1960“ дава еден неопходен преглед и е извор на информации за еволуцијата на уметноста во текот на минатите четири децении.
500 денВо кошничка
Управувањето на Внатрешната револуционерна организација
Управувањето на Внатрешната револуционерна организација300 денВо кошничка
Управувањето на Внатрешната револуционерна организација
Управувањето на Внатрешната револуционерна организација(73) Во книгата Матов ја разработува изборната норматива на Внатрешната револуционерна организација, повеќе во суштинска отколку во формална смисла. Ја развива теоријата за применетиот начин на назначувањето на раководители, раководни тела, судски тела на Организацијата, револуционери – за учители… Го елаборира системот на управување на Организацијата, подржувајќи ја тезата за непостоење на цврста централизација во тоа управување. Всушност гледањето од несогласувачите со него дека Организацијата е централизирана го демантира со своето гледање на оваа состојба како на организационо единство. Го нагласува повеќе моралното влијание отколку влијанието од позиција на власт на повисоките началства на Организацијата во моментите кога требало да се потврди или да се одрекне нешто од подолното управно тело. Во таа смисла ја прави и споредбата со примената на заветот на Александар Македонски „На најдостоинствениот!“.
300 денВо кошничка
Федеративна Македонија и великобугарскиот шовинизам
Федеративна Македонија и великобугарскиот шовинизам150 денВо кошничка
Федеративна Македонија и великобугарскиот шовинизам
Федеративна Македонија и великобугарскиот шовинизам(36) Во книгата се содржани залагањата на македонската емиграција во Бугарија за создавање посебна македонска држава во рамките на Федеративна Југославија. Пишувана во тогашните повоени комунистички состојби во Бугарија, во брошурата преовладуваат идеолошки оценки за состојбите во македонското револуционерно движење од чисто комунистички аспект, при што најголема критика се упатува кон десницата на Македонската револуционерна организација како главен виновник на убиствата во нејзините редови и против великобугаризмот на бугарските монархистички и „фашистички“ кругови.
150 денВо кошничка
Хамлет со црно кече
Хамлет со црно кечеОваа збирка поезија е компонирана како осум глави на една поема. Меѓу осумте циклуси, првиот има вкус на филозофско разочарувачко чудење, додека последниот, „Хиероглифите за пркосот на каменот во бури“, доаѓа како природен заклучок на едно лирско- епско патешествие. Враќањето звучи завршно, истовремено со чувството дека тоа ќе се повторува до бескрај. Во оваа талкање со „вечната кола“, се провлекува еден издвоен глас, којшто еднаш се појавува како странка (јунак), друг пат како второ Јас, а понекогаш идентичен како оној на авторот.
350 денВо кошничка
Хуго и Џозефина
Хуго и ЏозефинаЕдно утро кое долго ќе го памети, Џозефина – ќерката на селскиот свештеник – која е креативна, а некогаш и непослушна, сфаќа дека не е сама на патот кон училиштето.
Нејзиниот нов пријател е безгрижниот, но, сепак, необично зрел Хуго, кој живее длабоко во шумата, а оди на училиште само кога нема попаметна работа.
Така, Џозефина веќе не е она дете што не може да се вклопи во друштвото, а училиштето за неа оттогаш станува сосема поинакво – благодарение на Хуго.
Во 1967 година, романот ја добива својата филмска екранизација и ја добива престижната филмска награда од Шведскиот филмски институт, додека во 1974 година се закитува со престижната книжевна награда за детска литература „Ханс Кристијан Андерсен“.
200 денВо кошничка
Царски водопади
Царски водопадиРоман кој ја раскажува приказната за две семејства кои судбината решава да ги спои на еден чуден начин.
Вајтингови се богато семејство и сопственици на фабриките за текстил и кошули во кои работат голем дел од жителите на Царските водопади. Сепак се чини дека сите мажи во семејството се проколнати да се оженат за жени кои ќе им го претворат животот во пекол и на крајот ќе ги надживеат.
Извонредна приказна за длабочината на човечките чувства и за тоа што сè сме подготвени да направиме за луѓето кои ги сакаме.
500 денВо кошничка
Царството на среќната детелинка
Царството на среќната детелинкаТаму некаде далеку постои Кралството на среќната детелинка, во кое кралицата Лили и малите виолетови човечиња ја исполнуваат желбата на добрите деца. Ако сте дете, прочитајте ја оваа приказна и замислете желба. Таа сигурно ќе ви се оствари. Тоа не можат да го спречат ниту лошиот волшебник Бла Бла Ду, ниту пакосните мајмуни Озо и Бозо, ниту алергичниот змеј. Имајте ја оваа приказна секогаш под јастукот, и бидете среќни, како среќните мали виолетови луѓе.
250 денВо кошничка
Четворицата кралеви
Четворицата кралевиНивните имиња се легендарни: Шугар Реј Леонард, Марвелос Марвин Хаглер, Томас Хитмен Хернс и Роберто Дуран. Иисклучителни боксери со уникатни комбинации на моќ и брзина. Со незаборавна храброст и вештина, тие владееја со рингот и ја освоија последната Златна ера во боксот. Ова е еден авторитативен поглед на ривалствата што ја движеа оваа голема ера во спортската историја. Ветеранскиот спортски новинар Кимбал направи репортажа за меѓусебните борби на секој од четворицата кралеви. Овде, неговото сведоштво е надополнето со неодамнешни интервјуа со секој од боксерите и други искусни аналитичари. Резултатот е динамичен преглед и преглед „удар по удар“ на четворица исклучителни противници и на една неверојатна епоха во боксот.
1,500 денВо кошничка



