Како да ја одберете вистинската книга за читање?
Изборот на книга е многу важен. Тоа може да ве претврои во читател со пасија или пак – во нечитател.
Во денешно време посебно, сите имаме малку време да си посветиме на хобијата и на себеси, па затоа многу е важно да се научите да бидете пребирливи, но позитивно.
Ова се критериумите кои треба да ги земете предвид кога ја избирате книгата што следна ќе ја читате:
Автор
Ова за многумина е првата препорака. Слично како и кога одбираме филм, така и во книжевноста ги бираме насловите на основа на претходното искуство со одреден автор.
Веќе знаеме дали нечиј стил ни одговара или не, па многу ретко може да погрешиме и да се доведеме во ситуација да се „мачиме“ читајќи.
Критика
Голем број на луѓе се одлучуваат за одреден наслов (или не) врз база на критиките. Секако, со тоа што некој наслов има многу добри критики не е неопходно вам да ви се допаѓа. Затоа, гледајте и од која група на луѓе доаѓаат добрите или лоши критики.
Тематика
Веруваме дека ова е најдобриот параметар за избор на книга. Ако имате жанр кој го преферирате, држете се до него.
Постојат и периоди во животот кога од одредени причини не сме расположени за одредена тема – можеби ја сметаме за потресна или премногу тешка.
Покрај тоа, имајте на ум дека книгите ни се еден своевиден прирачник во животот од кој учиме одредени вештини, па книгите може да ве привлечат или одбијат зависно од ситуацијата во која се наоѓате во моментот.
Препорака
На секому му се случило да се одлучи за некој наслов врз основа на нечија препорака. Тоа е сосема во ред доколку личноста добро ве познава и ги дели Вашиот сензибилитет и Вашите интереси.
Во спротивно, ова може да е комплетно промашување.
7 причини ЗА да почнете да читате електронски книги
Електронски книги – може да ги преземете на вашиот преносен лаптоп, таблет или смартфон и да не се ограничувате кога и каде читате.
Години наназад трае расправата за предноста и маните на електронските наспроти печатените книги и иако нема да заземаме страни, овојпат ќе ви предложиме неколку наслови кои се достапни за електронско читање.
Нивното преземање и купување е едноставно и не треба да се поместите од удобноста на домот, за да стигнете до насловот и информацијата која ја сакате.
Електронските книги ги добивате веднаш и почнувате со читање само за неколку секунди.
Кога барате одредена информација, многу полесно е да ја најдете вртејќи по екранот, наместо вртејќи по страниците.
Електронските книги, исто така не заземаат физички простор. Практично – не ви треба цела полица која ќе собира прашина.
Во денешно време е-книгите може да се читаат во автобус, додека патувате до работа или на нешто подалечни патувања. Многу полесно е да свртите неколку страници, дури и кога не сте имале намера да читате.
Достапни се 24 часа дневно, секој ден од годината, независно дали ги купувате од канцеларија, дома или некаде подалеку.
И онака веќе поминувате премногу време пред електронските уреди, па зошто да не го пренасочите тоа време на читање нешто квалитетно?
ТУКА ќе ги најдете нашите предлози за е-книги, од домашни автори до белетристика, па дури и до стручна литература.
Како да создадете навика за читање?
Ако веќе некое време си го давате изговорот „немам време за книга,“ веројатно треба да ги промените секојдневните навики.
Кога имате силна желба, но немате време во денот, овие совети нека ви послужат како водич да изградите здрава навика за почесто читање:
- Имате време за читање, само тоа не ви е приоритет. Прифатете дека сосема е во ред да не сакате да читате. Сега, оваа недела или овој месец – во ред е. Ако ви се прави нешто друго, светот нема да пропадне. Само бидете искрени.
- Откажете се од идејата дека читањето е нешто што мора да се прави на долги временски интервали. Ако и вие сте од оние луѓе кои велат „ако почнам, нема да можам да ја оставам книгата, па затоа не почнувам“ еве едно прашање за размислување: Што има повозбудливо од исчекувањето? Додека ги вртите палачинките за вечера – прочитајте 3 страни. Едно вртење – пола прочитана страница.
- Оставете го телефонот во другата соба. Светот нема да пропадне ако не се јавите половина час. Многу подобро ќе се задлабочите во приказната и ќе ги памтите случувањата, ако престанете да ги гледате нотификациите.
- Не мора да читате секој ден, ако не сакате. Секако секојдневно читате по нешто – постови, вести, огласи, пораки…
- Не треба да се врзувате временски со читањето. Понекогаш може да читате со утринското кафе, а понекогаш и пред спиење. Дисциплината е супер, но додека ви претставува задоволство.
- Барајте многу препораки за книги. И не мора да ја почнете секоја книга која ќе ви ја препорачаат. Читајте го само она што ви звучи интересно.
- Не се споредувајте со другите – ниту треба да ве лути што некој има време да прочита 100+ книги годишно, ниту пак да напаѓате некој кој има желба да прочита само 4 наслови во годината.
5 добри причини зошто децата треба да читаат + 3 предлог книги за нив
„Ако сакате децата да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате да бидат уште поинтелигентни, читајте им уште бајки.“
Децата најмногу учат од книгите. Колку што детето подобро чита, толку полесно му е да го совлада секој материјал и секоја задача која му е дадена.
Читањето книги кај дечињата позитивно влијае на концентрацијата.
Читањето е супер вежба преку која се подобрува меморијата и способноста за памтење на информации.
Децата преку читањето го вежбаат мозокот, ги прошируваат своите знаења и го збогатуваат вокабуларот.
Се учат критички да размислуваат и ја зајакнуваат фантазијата со тоа што претпоставуваат што би можело да се случи на крајот од приказната.
Читањето развива емпатија уште од рана возраст.
Затоа, имаме 3 супер книжевни предлози, насочени кон детстката навика за читање:
„Овој избор поезија го крстивме според една истоимена песна на поетот, Мехмедали Хоџа: Paç ditë të mbarë („За твојот среќен ден“) и поради тоа што читањето на книга е, покрај другото, еден вид убаво патување, впрочем како што е животот на детето и човечкиот живот воопшто. Посакуваме од срце многу читатели на книгите во училишните библиотеки, библиотеките во населбите и градовите, родители, наставници… страниците на оваа книга да ги придружуваат во пријатни и интересни патувања и освежувања.“
Во една неверојатна авантура, бегајќи од машините пратени да ја заробат, ќе го открие своето супериорно потекло. Одличен научно-фантастичен роман за деца што ќе им ја разгори фантазијата кај вашите најмили, притоа поттикнувајќи ја и креативноста.
„Прозниот избор го именувавме Dallgët e jetës („Бранови на животот“), според симболиката на содржината на расказите и фрагментите на романите, кои ќе ни раскажуваат како нашите предци пливале спроти брановите на животот, како храбро и јуначки ги совладувале или надминувале за да дојдат до потивки рамнини со повеќе правда, убавина и човечка љубов. Нема да патуваме пред вас по патеките на патот бидејќи сум сигурен дека тоа вие ќе го направите подобро и поубаво.“
5 добри причини зошто децата треба да читаат + 3 предлог книги за нив
„Ако сакате децата да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате да бидат уште поинтелигентни, читајте им уште бајки.“
Децата најмногу учат од книгите. Колку што детето подобро чита, толку полесно му е да го совлада секој материјал и секоја задача која му е дадена.
Читањето книги кај дечињата позитивно влијае на концентрацијата.
Читањето е супер вежба преку која се подобрува меморијата и способноста за памтење на информации.
Децата преку читањето го вежбаат мозокот, ги прошируваат своите знаења и го збогатуваат вокабуларот.
Се учат критички да размислуваат и ја зајакнуваат фантазијата со тоа што претпоставуваат што би можело да се случи на крајот од приказната.
Читањето развива емпатија уште од рана возраст.
Затоа, имаме 3 супер книжевни предлози, насочени кон детстката навика за читање:
„Овој избор поезија го крстивме според една истоимена песна на поетот, Мехмедали Хоџа: Paç ditë të mbarë („За твојот среќен ден“) и поради тоа што читањето на книга е, покрај другото, еден вид убаво патување, впрочем како што е животот на детето и човечкиот живот воопшто. Посакуваме од срце многу читатели на книгите во училишните библиотеки, библиотеките во населбите и градовите, родители, наставници… страниците на оваа книга да ги придружуваат во пријатни и интересни патувања и освежувања.“
Во една неверојатна авантура, бегајќи од машините пратени да ја заробат, ќе го открие своето супериорно потекло. Одличен научно-фантастичен роман за деца што ќе им ја разгори фантазијата кај вашите најмили, притоа поттикнувајќи ја и креативноста.
„Прозниот избор го именувавме Dallgët e jetës („Бранови на животот“), според симболиката на содржината на расказите и фрагментите на романите, кои ќе ни раскажуваат како нашите предци пливале спроти брановите на животот, како храбро и јуначки ги совладувале или надминувале за да дојдат до потивки рамнини со повеќе правда, убавина и човечка љубов. Нема да патуваме пред вас по патеките на патот бидејќи сум сигурен дека тоа вие ќе го направите подобро и поубаво.“
Стресот се намалува со 6 минути читање – 10 факти за книгите
Благодарение на нив го вежбаме мозокот, ги развиваме мислите, стекнуваме нови знаења и си ги прошируваме темите за разговор.
10 факти за „нивното височество“ – книгите:
Детето помеѓу 4 и 6 години најдобро учи да чита книга.
Голем број на читатели губат интерес за книгата која ја одбрале на страница 18.
68% од сите книги во светот ги купуваат жени.
Повеќето книги ги купуваат луѓе постари од 45 години.
Луѓето во просек читаат 7 часа неделно.
Додека читаме книга, нашите очи се способни да гледаат во различни насоки.
Годишно се објавуваат околу 800 илјади нови наслови.
6 минути читање книга го ублажува стресот – тоа го докажаа научниците од Универзитетот во Сасекс.
Постои збор за љубовта кон мирисањето стари книги – библиосомија.
Луѓето од Исланд читаат повеќе од која било друга земја во светот.
Почни ја годината со добро психичко и физичко здравје
На почетокот на секоја година правиме листи како ќе се храниме поздраво, ќе вежбаме почесто, ќе пиеме барем 1 литар вода дневно, ќе внимаваме на благото и алкохолот… И сето тоа би било супер, да не трае само во првите денови од јануари.
Прирачникот за добро психичко и физичко здравје може да го читате во текот на целата година и да ви биде водич на еден здрав почеток.
„ Добро едуцираниот пациент постојано работи на подигнување на своето здравје и разбира дека најголем дел од болестите се одраз на несоодветна исхрана, хигиена, животен стил…“ е само мал дел од прирачникот со генијален наслов – 50 здравствени совети за првите 100 години од животот.
Па, да бидеме здрави барем првите 100 години
Во оваа книга ќе најдете разни факти поврзани со здравјето кои ќе ви помогнат да бидете поодговорни кон сопственото, но и здравјето на луѓето околу вас.
Како што вели авторот: „Добро едуцираниот пациент е бенефит за сите: го штеди своето време, своето здравје и целиот здравствен систем…“
Предизвик за 2023-та: Прочитај 10 книги од домашни автори
Како и во светот на филмот и телевизијата, така и на поле книжевност сме „бомбардирани“ со наслови од странски автори – bestseller листи, препораки, критики – први дознаваме за странските успеси во книжевниот свет.
Меѓутоа, оваа година сами дајте си задача во прв план да ги ставите домашните автори.
Од млади до веќе докажани имиња, издвоивме 10 книги за кои треба да најдете време во 2023-та година, а на нив се потпишуваат исклучиво домашни автори:
50 здравствени совети за првите 100 години од животот
Добро едуцираниот пациент постојано работи на подигнување на своето здравје и разбира дека најголем дел од болестите се одраз на несоодветна исхрана, хигиена, животен стил и пад на имунитетот и знае кога треба да го суплементира организмот со додатоци во исхраната.
„Од првиот прочит ракописот на Стефановски се изделуваше со зрелоста на поетскиот пристап, со суптилноста на исказот и необичната сугестивност на опсесивните артикулации во неговите стихови. Тоа набргу по излегувањето на книгата, за мнозина неочекувано, му ја донесе престижната награда ’Браќа Миладиновци‘, по што авторот се вброи меѓу нејзините угледни избраници“.
„БРОЈАЧИ“ е неверојатен трилер за луѓето со неверојатни моќи- да ја пресметаат патеката на куршумот, движењето на објектите, точките на среќавање.И кога авантурата ќе почне од Њујорк, преку Македонија, Јапонија, за да заврши во Либија во кампот на Пустинските убијци, возбудата е тука. Одличен роман на Оливер Ромевски, нормално во филмски стил.
Главните ликови во книгата „Буниште од емоции“, Том и Венис, во своето двомесечно интензивно човеково доживување, ги минуваат сите Сцили и Харибди на љубовта, но не доволно вешто за да минат на повисокото ниво на восхитување. Љубовта е таа која ги раздвојува нивните Души, кои како Сонце и Месечина постојано го креираат нивното животно патешествие. Но, тоа не е крај.
Уште од прочитот на првите неколку песни од збирката „Дворски песни“ се добива впечаток со мајсторска и интересна лирска изведба која побудува соодветна емотивно – рефлексивна резонанција кај читателот и несмалена љубопитна заинтересираност до последната песна од збирката, небаре е во прашање потрага по продолжение и крај на некоја интригантна приказна која го зграбила со некоја насетена загадочност целото читателско внимание.
Користејќи го своето богато дипломатско искуство и способност за аналитички просудби, Петровски овој пат, во романот Задгробен разум, главно се фокусира на судбинските настани по периодот што го живееме од осамостојувањето на македонсата држава.
Прв вистински возбудлив акционен роман на македонски јазик, кој од многу аспекти ги исполнува светските критериуми на овој жанр. Се чита во еден здив. Опишува период кој се случува не толку одамна, и не така далеку: зборува за војната во Босна и Херцеговина.
урбана драма со бројни неочекувани животни пресврти, еден вид сурова приказна за љубовта и религијата, за злото и предавството, но и за непредвидливата и не ретко монструозна човечка особина за нанесување голема болка, поради алчност и страст.
СВОЈА: За најважните работи во животот за кои никој не нè подготвува
СВОЈА е приказна за младото и грдо пајче кое се трансформира во прекрасен бунтовен лебед што го освојува светот. Слатки животни раскази кои струјат со енергија, развлекуваат насмевка на лицето, но и предизвикуваат солзи во очите и кои допираат длабоко во душата на читателот.
Романот „Рапави Стихови“ покренува едно суштествено прашање: како да се преобрази Куќата во Дом, во топло семејно огниште.
5 книги кои се одличен празничен подарок
Книгата е најдобар подарок – и тоа е сè што имаме да кажеме на тема новогодишни подароци.
Можеби во целата декемвриска гужва немате многу време и трпение да шетате по продавници и излози, па затоа направивме мини селекција од 5 книги со кои не можете да погрешите.
Подарувањето на книга не е само убав чин. Подарувањето книга е добра идеја, отворање на нови видици и хоризонти, можност за нови сознанија…
Посакајте „среќни празници“ со овие 5 приказни на хартија:
„Без плачење“ – идеална за емотивците во Вашиот живот
Овој роман е напишан според приказните кои авторката ги слушнала од нејзината мајка, а се однесуваат на Граѓанската војна во Шпанија.
Приказната ја водат 15-годишната Монсе, која се наоѓа на крстосница и треба да избере меѓу семејството и револуцијата, должноста и љубовта, и Жорж Бернанос, писател кој со свои очи сведочи за сите братоубиства кои оваа војна го носи со себе.
„Духот во син кадифен фустан“ – за сите кои сакаат трилери и возбудливи приказни
„Девојчето стоеше до прозорецот, гледаше во лавандата, нејзиното мало бело лице беше сериозно. „Здраво,“ рече Џејн храбро. Девојчето се сврте бавно, малку се насмевна… и исчезна“.
Трогателна, забавна и здраворазумна приказна во која ќе потонете од првата страница.
„Месечевиот тигар“ – за луѓе кои сакаат да се навраќаат на спомените
Клодија Хемптон, убава, позната писателка, е на смртна постела во болница. Но, како што медицинските сестри ѝ приоѓаат со тивка љубезност, таа го смислува нејзиното најдобро дело: „историја на светот… а, во исто време, и моја“.
Постепено таа одново го создава богатиот мозаик на нејзиниот живот и време, повикувајќи ги оние што ги познавала.
Приказна преку која ќе нурнете во еден туѓ живот и ќе ги преживеете сите авантури заедно со писателката на делото.
„21 зошто и само едно како“ – за луѓето кои сакаат да го „одгатнат“ животот
Зошто престанавме да веруваме?
Зошто сме сè повеќе нестрпливи?
Зошто постојано се грижиме?
Зошто сме сè помалку среќни?
Зошто поразот треба да се прифати како одлична лекција?
И уште ред прашања на кои одговорите ќе ги најдете во ова фантастично дело, кое се чита во еден здив.
„Мисија 1“ и „Мисија 2“ – идеален комлпет за љубителите на романи
Мисија… во потрага по љубовта… во потрага по тајната… Мистерија, возбуда, научна фантистика.
Два одлични романи од домашен автор, кои ќе ви го задржат вниманието до самиот крај.
Зошто да подарите книга?
Зошто да подарите книга, наместо облека, парфем или цвеќе?
Книгата е едно големо богатство спакувано во мала квадратура. За кого и да ја купувате, книгата е секогаш нешто посебно.
Без разлика дали сакаат авантуристички приказни, фасцинантни историски книги, стручна литература или нешто сосема поразлично, знаете дека со ваков подарок не може да промашите.
Книгите се финансиски пристапни
Сите имаме предвиден буџет за купување на подарокот или барем граница колку ќе потрошиме. За жал, тој буџет не секогаш е доволен за убав парфем, накит или нешто слично.
За среќа, живееме во време кога книгите ни се достапни за релативно мали пари. И што е уште подобро – цената на книгата нема апсолутно никаква врска со квалитетот.
Секоја книга е единствена
Вашата драга личност има барем 3 паричници, но главно го користи омилениот. Па, колкави се шансите дека ќе погодите ако одберете таков подарок? Прилично мали. Не купувајте подароци кои знаете дека ќе стојат во фиока.
Подарете уникатна приказна и нови доживувања кои дури и откако ќе се откријат до крај, ќе стојат како декор на полицата и убав спомен.
Подарувањето книга покажува дека сте одвоиле време
Подарувањето на книга значи дека сте одвоиле доволно време за интересите на лицето за која ја купувате. Самата мисла и издвоеното време е она што се цени.
Немаат рок на траење
Книгите генерално, имаат долг рок на траење, а на голем дел од нив со текот на годините вредноста само им расте. Зошто да не сте дел од убава традиција каде книгата ќе се позајмува од колено на колено?