Зошто да подарите книга?
Зошто да подарите книга, наместо облека, парфем или цвеќе?
Книгата е едно големо богатство спакувано во мала квадратура. За кого и да ја купувате, книгата е секогаш нешто посебно.
Без разлика дали сакаат авантуристички приказни, фасцинантни историски книги, стручна литература или нешто сосема поразлично, знаете дека со ваков подарок не може да промашите.
Книгите се финансиски пристапни
Сите имаме предвиден буџет за купување на подарокот или барем граница колку ќе потрошиме. За жал, тој буџет не секогаш е доволен за убав парфем, накит или нешто слично.
За среќа, живееме во време кога книгите ни се достапни за релативно мали пари. И што е уште подобро – цената на книгата нема апсолутно никаква врска со квалитетот.
Секоја книга е единствена
Вашата драга личност има барем 3 паричници, но главно го користи омилениот. Па, колкави се шансите дека ќе погодите ако одберете таков подарок? Прилично мали. Не купувајте подароци кои знаете дека ќе стојат во фиока.
Подарете уникатна приказна и нови доживувања кои дури и откако ќе се откријат до крај, ќе стојат како декор на полицата и убав спомен.
Подарувањето книга покажува дека сте одвоиле време
Подарувањето на книга значи дека сте одвоиле доволно време за интересите на лицето за која ја купувате. Самата мисла и издвоеното време е она што се цени.
Немаат рок на траење
Книгите генерално, имаат долг рок на траење, а на голем дел од нив со текот на годините вредноста само им расте. Зошто да не сте дел од убава традиција каде книгата ќе се позајмува од колено на колено?