Предизвик за 2023-та: Прочитај 10 книги од домашни автори
Како и во светот на филмот и телевизијата, така и на поле книжевност сме „бомбардирани“ со наслови од странски автори – bestseller листи, препораки, критики – први дознаваме за странските успеси во книжевниот свет.
Меѓутоа, оваа година сами дајте си задача во прв план да ги ставите домашните автори.
Од млади до веќе докажани имиња, издвоивме 10 книги за кои треба да најдете време во 2023-та година, а на нив се потпишуваат исклучиво домашни автори:
50 здравствени совети за првите 100 години од животот
Добро едуцираниот пациент постојано работи на подигнување на своето здравје и разбира дека најголем дел од болестите се одраз на несоодветна исхрана, хигиена, животен стил и пад на имунитетот и знае кога треба да го суплементира организмот со додатоци во исхраната.
„Од првиот прочит ракописот на Стефановски се изделуваше со зрелоста на поетскиот пристап, со суптилноста на исказот и необичната сугестивност на опсесивните артикулации во неговите стихови. Тоа набргу по излегувањето на книгата, за мнозина неочекувано, му ја донесе престижната награда ’Браќа Миладиновци‘, по што авторот се вброи меѓу нејзините угледни избраници“.
„БРОЈАЧИ“ е неверојатен трилер за луѓето со неверојатни моќи- да ја пресметаат патеката на куршумот, движењето на објектите, точките на среќавање.И кога авантурата ќе почне од Њујорк, преку Македонија, Јапонија, за да заврши во Либија во кампот на Пустинските убијци, возбудата е тука. Одличен роман на Оливер Ромевски, нормално во филмски стил.
Главните ликови во книгата „Буниште од емоции“, Том и Венис, во своето двомесечно интензивно човеково доживување, ги минуваат сите Сцили и Харибди на љубовта, но не доволно вешто за да минат на повисокото ниво на восхитување. Љубовта е таа која ги раздвојува нивните Души, кои како Сонце и Месечина постојано го креираат нивното животно патешествие. Но, тоа не е крај.
Уште од прочитот на првите неколку песни од збирката „Дворски песни“ се добива впечаток со мајсторска и интересна лирска изведба која побудува соодветна емотивно – рефлексивна резонанција кај читателот и несмалена љубопитна заинтересираност до последната песна од збирката, небаре е во прашање потрага по продолжение и крај на некоја интригантна приказна која го зграбила со некоја насетена загадочност целото читателско внимание.
Користејќи го своето богато дипломатско искуство и способност за аналитички просудби, Петровски овој пат, во романот Задгробен разум, главно се фокусира на судбинските настани по периодот што го живееме од осамостојувањето на македонсата држава.
Прв вистински возбудлив акционен роман на македонски јазик, кој од многу аспекти ги исполнува светските критериуми на овој жанр. Се чита во еден здив. Опишува период кој се случува не толку одамна, и не така далеку: зборува за војната во Босна и Херцеговина.
урбана драма со бројни неочекувани животни пресврти, еден вид сурова приказна за љубовта и религијата, за злото и предавството, но и за непредвидливата и не ретко монструозна човечка особина за нанесување голема болка, поради алчност и страст.
СВОЈА: За најважните работи во животот за кои никој не нè подготвува
СВОЈА е приказна за младото и грдо пајче кое се трансформира во прекрасен бунтовен лебед што го освојува светот. Слатки животни раскази кои струјат со енергија, развлекуваат насмевка на лицето, но и предизвикуваат солзи во очите и кои допираат длабоко во душата на читателот.
Романот „Рапави Стихови“ покренува едно суштествено прашање: како да се преобрази Куќата во Дом, во топло семејно огниште.