Детали за книгата
Стабат матер
200 ден
Сесилија, виолинистка, одвај јаде и не може да спие од немирот кој секоја ноќ се спушта над нејзиниот кревет. Токму затоа таа ги поминува ноќите во еден таен дел од сиропиталиштето, до кој знае да дојде дури и со затворени очи, пишувајќи ѝ писма на својата мајка, која никогаш не ја запознала. Музиката е единственото нешто кое може да и ја понуди толку потребната утеха. За неа музиката е насекаде, во крикот на птиците, во дувањето на ветрот, во звукот на гондолите кои пловат низ безбројните канали на Венеција… но најмногу внатре во неа, во нејзината душа. Доаѓањето на новиот учител по виолина и композитор, Антонио Вивалди, ќе ја натера да размислува за нешта кои никогаш претходно не ги ни помислила. Таа ќе биде неговата а тој нејзина инспирација. Негова за да го создаде делото по кое ќе остане запомнет засекогаш, а нејзина за да го направи најхрабриот избор во нејзиниот живот и да тргне во авантура кон непознатото.