Милован Стефановски
Ѕид пред бескрајот
Ѕид пред бескрајот„Од првиот прочит ракописот на Стефановски се изделуваше со зрелоста на поетскиот пристап, со суптилноста на исказот и необичната сугестивност на опсесивните артикулации во неговите стихови. Тоа набргу по излегувањето на книгата, за мнозина неочекувано, му ја донесе престижната награда ’Браќа Миладиновци‘, по што авторот се вброи меѓу нејзините угледни избраници“.
400 денSelect options
Дворски песни
Дворски песниУште од прочитот на првите неколку песни од збирката „Дворски песни“ се добива впечаток со мајсторска и интересна лирска изведба која побудува соодветна емотивно – рефлексивна резонанција кај читателот и несмалена љубопитна заинтересираност до последната песна од збирката, небаре е во прашање потрага по продолжение и крај на некоја интригантна приказна која го зграбила со некоја насетена загадочност целото читателско внимание.
150 денSelect options
Депа
ДепаМинуциозно исплетен ракопис, книжевните котелци при секој допир предизвикуваат високо ниво на возбуда и уште поголемо задоволство кај читателите. Јасноста на кажувањето без воздржување ѝ пружа рака на јасноста на читателската перцепција и доживување“
400 денSelect options
Килибарно монисто
Килибарно монистоМилован Стефановски го одбрал најтешкиот образец на раскажување: со малку зборови и нивна лесна проточност, да ни каже многу. Или да ни го раскаже и она што можеби нам веќе ни било познато, но да ни го раскаже така како никогаш дотогаш да не сме го знаеле.
400 денSelect options
Милован Стефановски – комплет 1
Милован Стефановски – комплет 1Комплет од збирка поезија и збирка раскази
Авторот го избрал најтешкиот образец на раскажување: со малку зборови и нивна лесна проточност, да ни каже многу.
- Ѕид пред бескрајот – Милован Стефановски
- Килибарно монисто – Милован Стефановски
500 денSelect options
Рапави стихови
Рапави стиховиРоманот „Рапави Стихови“ покренува едно суштествено прашање: како да се преобрази Куќата во Дом, во топло семејно огниште. Кога животот се поминува во потрага по таков Дом кој ќе биде огледало на архетипот на Домот, природно е да се очекува да дојде до опсесивна обземеност од идејата за враќањето во првата куќа, природно е да дојде до фасцинација од идејата за првата куќа (не од самата куќа!).
400 денSelect options
Тишина што сака да викне
Тишина што сака да викнеНикогаш не ми се допаѓала синтагмата животот пишува романи! Можеби затоа што најчесто ја користат новинарите и тоа кога треба да известат за нечии животни судбини кои драстично отскокнуваат од нормалниот тек на обичното секојдневие. Според мене писателот е единствениот којшто пишува романи и сѐ друго што е во доменот на неговиот опис на работните задачи кои главно сам си ги задава. Друго е прашањето што ќе донесе животот, тој на писателот или чиј и да е друг, и што од сето тоа е податливо да биде употребено како материјал, како соодветна граѓа навистина да се напише роман. Некој поинаков вид на роман од сеќавања.
690 денSelect options
Тројанско слепило (родољубиви и други инакви песни)
Тројанско слепило (родољубиви и други инакви песни)350 денSelect options
Тројанско слепило (родољубиви и други инакви песни)
Тројанско слепило (родољубиви и други инакви песни)Тројанско слепило од нашиот истакнат поет, прозаист и писател Милован Стефановски е вистински настан во нашата понова поезија. Од поодамна не сме имале толку моќна, силна, импресивна поетска објава, која на поезијата й ја враќа примордијалната сила: да биде пред сè преименување на светот, односно, преку тоа преименување да учествува во растајнување на загатките и „темните“ места во историјата на еден колективитет кој го обединуваат исти национални архетипови, митови и симболи. Темата е – што НЕ знаеме за татковината и со што би можело тоа незнаење, тоа темно место да се исполни семантички како поезија?
350 денSelect options



