Детали за книгата
Тројанско слепило (родољубиви и други инакви песни)
350 ден
Тројанско слепило од нашиот истакнат поет, прозаист и писател Милован Стефановски е вистински настан во нашата понова поезија. Од поодамна не сме имале толку моќна, силна, импресивна поетска објава, која на поезијата й ја враќа примордијалната сила: да биде пред сè преименување на светот, односно, преку тоа преименување да учествува во растајнување на загатките и „темните“ места во историјата на еден колективитет кој го обединуваат исти национални архетипови, митови и симболи. Темата е – што НЕ знаеме за татковината и со што би можело тоа незнаење, тоа темно место да се исполни семантички како поезија?