Детали за книгата
Тишина што сака да викне
690 ден
Никогаш не ми се допаѓала синтагмата животот пишува романи! Можеби затоа што најчесто ја користат новинарите и тоа кога треба да известат за нечии животни судбини кои драстично отскокнуваат од нормалниот тек на обичното секојдневие. Според мене писателот е единствениот којшто пишува романи и сѐ друго што е во доменот на неговиот опис на работните задачи кои главно сам си ги задава. Друго е прашањето што ќе донесе животот, тој на писателот или чиј и да е друг, и што од сето тоа е податливо да биде употребено како материјал, како соодветна граѓа навистина да се напише роман. Некој поинаков вид на роман од сеќавања.




